Парламентарни избори - 15 Јули 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување Време на започнување

Кој политички блок ќе успее да состави влада?


  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Битола сум, ама не гласав. Немам гласано добри десетина години, а гласачкото место ми е на 50 метри од куќата.
Повеќе шанси давам некој да успее да ме убеди дека денес не бев 10 саати на работа, него ли дека човек како тебе не гласал за Сдс.Како што има ликови кои се прототип гласачи на дпмне, е ти си тоа само од спротивниот табор.
 
Луѓето ја сакаа Силјановска. Јас гласав за човек тогаш, не за партија. Кој би гласал за Пендрекот?
Ти си еден од ретките изгледа што гласа за човек, а не партија :D
 
Албанциве се апсолутни победници, ќе имаат над 25 пратеници.
Целиот апсурд на овој изборен модел во два реда
50608 гласа = 10 пратеници
26128 гласа = 1 пратеник

Пропорционалност и правичност преку Тасета

Edit:
Интегра вселенска 8617 гласа - 0 пратеници
ДПА војводска 7543 гласа - 1 пратеник

1594849361870~2.png
 
Последно уредено:
Да во право си, извини. Каќи тогаш дали вечерва ќе прогласат голема Албанија, или тој свечен чин е оставен за утре? Мене исто ми се фаќа, федерација или голема Албанија, бегам.

Не знам, не знам ни зошто прашуваш рандом странци на форум, прави што сакаш. Но ајде, чим ме праша, фати си еднонасочен лет до Јужен Судан најскоро што можеш.
 
Ветувањето за лансирањето на сателит од Македонија и 100.000 туристи дневно за тебе е заебанција ?
Интегра ветуваа и дека Груки ќе го врата во апсана...
 
Мицко ако успее да изгуби од ваков Заев макар и со 1 глас нека си дава оставка уште утре, Грујо за него е доктор



Прегледај го приврзокот 259006

Мицкоски е најарогантен и антипатичен лидер на партија кој се појавил кај нас, без никаква харизма и со намуртен сурат цело време не се добиваат симпатии, на тоа да се додаде дека носителот во 1 му беше бившата СДСмовска факинг Силјановска, и неговите најблиски соработници Јанушев и Николоски кој немаат вода во очи резултатов е очекуван.

Да го имаш за противник муртињо кој шитна се' и пак да изгубиш треба да се укопаш во земја и никогаш да не станеш.
Денес ме фати туѓ срам за дпмне...
 
Не знам, не знам ни зошто прашуваш рандом странци на форум, прави што сакаш. Но ајде, чим ме праша, фати си еднонасочен лет до Јужен Судан најскоро што можеш.

Не бе, знам јас каде ќе одам, туку не знам кога ќе биде прогласена голема Албанија, а гледам дека ти си упатен.
 
Море нека гледаат да му скинат на Дуи еден пратеник па кој сака нека прави влада. Ако заврши вака Дуи со било која партија може да се ценка.
 
Ти си еден од ретките изгледа што гласа за човек, а не партија :D
Замисли Силјановска претседател да ни беше :pos:
Како шо објаснува онака како на тешки апој да е, па кога ќе излегуваше да не претставува, да се клата како пипката да ја има фатено хаха, атракција ќе бевме,не дека сега не сме ама сепак :)
 
Повеќе шанси давам некој да успее да ме убеди дека денес не бев 10 саати на работа, него ли дека човек како тебе не гласал за Сдс.Како што има ликови кои се прототип гласачи на дпмне, е ти си тоа само од спротивниот табор.

Не знам како ова да ти го кажам а да не бидеш навреден, ама ме боли мене стапот ти што мислиш и веруваш.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom