Ние во моментот немаме втор бран. Затоа што да имаш требаше да заврши првиот. Ние имаме состојба на вештачко продолжување на првиот бран баш како резултат на подолгите и поригорозни мерки кои ги имавме. Премногу време поминавме во препукувања, во полициски час овој викенд па нареден не за први мај не па повторно враќање итн... Најпрвите мерки кои дури ете и СЗО ги предлоѓи се само затварање на училиштата и спречување јавни собири со носење на заштитна маска во затворен простор при подолг престој и со многу луѓе. Ние отидовме со сите мерки од старт и додавме т.н. карантински мерки. Оваа болест не е карантинска. Понатаму како што поминуваше време се олабавуваа некои мерки па се отстрани полицискиот час итн. Со самото тоа ние покажавме дека не знаеме зошто ги носиме првични мерки па сега одиме со поблаги итн... Затварањето на училиштата и спречувањето на јавни собири беа сосема доволни. Носењето маска да во затворен простор итн.. Ние уште на старт имавме паника, па се носеа ракавици а гледам сега поради овие митинзиве на слики шо ми искачаат на фб на говорница држи говор небитно кој е и што има ракавици. Зошто ќе му се? А не носи маска. 99% вирусот се шири неконтролирано во затворен простор со многу луѓе по гости, по слави итн. Вируслентноста на овој вирус е опадната во целиот свет во моментот. Степенот на контагиозност му е мал. Од 100 души во затворена просторија во времетраење од 15 минути да речеме 1 ќе се разболи. Враќање на повторни ригорозни мерки по мене е небулозно и нема логика. Да ние ќе спречиме ширење и можевме уште на старт кога почнавме ама прашање е до кога можеше така да оди работава. Ќе седиме во карантин цело лето. Замислете уште да имаше полициски час. Но поентата ми е ако тоа го сакавме да спречиме ширење нема проблем но под услов да вирусот природно се повлече. Што гледаме дека не е случај уште еден голем парадокс со оглед на тоа што епизодите со САРС И МЕРС траеја 3 ипол месеци. ПОнатаму ако чекаме на вакцина тоа е нереално значи мерките претходни наши ни за оваа опција не беа реални. Вакцина за вирус не се произведува за една година. Имаме мутација на безопасен вирус. Предизвик е за цела наука за цела медицина. Кај нас бројката на случаи кои секојдневно се објавува не само кај нас туку во цел свет е нереална. Ниту тие се заболени можеби позитивни да ниту пак умрени зборувам за бројката. Тука се веројатно додадени и случаите со грип, обични настинки итн.. Понатаму кога вирусот очигледно не се повлекува а вакцина нема ниту е реално да ја очукуваш во скоро време, тогаш со такви предолги и престроги мерки во поглед на пешачење на планина, излегување на сонце итн баш поради тоа држење и седење дома седи дома слоган ние покажавме дека немаме јасна стратегија што сакаме да постигнеме. Целосно искоренување на вирусот гледаме дека неможе или дека ќе си се повлече ама во иднина а не како што мислевме со доаѓањето на летото високите температури климаткис услови итн...Во тој случај повторното враќање на вакви строги карантиснки мерки е опасно. Имаше последици а далекупосериозни ќе бидат доколку се врати. Што е со останатите болести, останатите медициннски услуги тотално заборавени изминатите месеци,што е со преоптоварениот здравствен систем, економија итн... Едно е јасно одамна требаше да се укинат карантиснките мерки и да се продолѓи со животот со почитување на мерките кои сега секојдневно ни се повтараат односно со кои веќе живееме. Мора да се почне да се живее со оваа болест како што живеем и со сите останати. Понатаму колку сака нека има позивитни и асимтоматски случаи битно е бројот на заболени да се намалува. Кај нас не се прави таква селекција впрочем секаде во светот не се прави не се користат серолошките тестови туку ПЦР тестови кои неможат да детектираат инфекција. Тоа и сето останато наметнато медиумски отвори фб инста насекаде корона бизнис ресурс итн...слогани седи дома, спаси живот ја наметнаа паниката а над сето тоа уште и политиката која никако да ги тргне прстите и да остави науката даго реши проблемот кој е предизик за медицината. Лажната пандемија од 2009 беше нешто слично само што сега имаме тродупло повеќе информации повеќе паника повее експерти за се и сешто итн... СЗО беше туѓена 2009 година од германски доктори ми се чини. Тоа манипулирање тогаш го прават и сега со бројки со се и сешто. Најавување на втор бран, на трет. Па до тоа дека сеуште не е достигнат пикот. Па немање цврст јасен став да излезат да се обратат на светот што навистина се случува. А они... Кавасаки синдром, хлорокин, па дексаметазон дека помагал сега не знам до кај што е на егал...Тоа за мене не веќе СЗО одамна и престана да биде. Користат погрешен модел на вирус. Ги користат искуствата од грип пандемиите и епидемиите. Не завземаа став зошто не за серолошките тестови. Многупати беа и самите кон себеси контрадиторни итн. Пофалби до Шведсиот модел потоа се обратно плукање така речено. За носењет на маски дека се штетни потоа задолжително носење итн... Несфатливо досека масовно распростанување на вирус низ цела планета со присутни строги мерки и затварање на светот во секое пооле невидено нешто досега. Не е видено ни во средниот век каде имало чума итн...Моменталните мерки се доволни за регулирање на состојбата. Било какво затегнување на мерките веќе нема смисла затоа што нема да покаже резултати. До кога така ќе се оди која е најновата стратегија зошто би се воведувало повторно итн.. Сетоа тоа бара посматрање што вели сега СЗО до каде се нивните ставови помина предолг период и да немаме валлидни информации од етиопатогенетски аспект за вирусот итн...Така да такви повторни карантински мерки се нелогични. Во иднина со оглед на тоа дека најверојатно ќе стане сезонска болест. Таму каде што има случаи таму да се оди со построги мерки. Изолирање на позитивни и третирање на болните. Јас не знам што друго да споменам едноставно се осеќам како Чернобил кога беше па тогаш светот а поготово советскиот сојуз беше и те како изморен и целата ситуација а сега не да сме преморени преинфомирани итн..Ова е актуелното и како да не постои ништо друго не само од медицински аспект не посоти сега глобалното затоплување каде се тие програми тие начела промовирање итн.. Ене ја Грета жалосното девојче сега стана експерт за корона. Така мислам се викаше. Забегав малку се одјавувам.