Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
И пак глупости, ме мрзи да ви реплицирам и на двете стално. Од гугл срч не се станува стручен, читате, преведувате на транслејт ама пак ја губите поентата бидејќи немате основа во тие работи.
Настинката не е всушност заболување, туку назив за одредени симптоми. Кој учел оториноларингологија може да дебатираме. Болеста или воспалението би било во зависност од тоа кој дел од слузницата на горните дишни патишта е воспален и во тој случај би бил ринитис, фарингитис, ринофарингитис, риноларингитис, синузитис.
Сите овие заболувања се со иста или слична клиничка слика и спаѓаат под поимот акутни вирози, а се познати као настинка, измрзнување и ред други народни имиња.
Настинката како одредена симптоматологија ја предизвикуваат многу вируси, дури и грипот кој предизвикува многу потешки симптоми може да почне и да заврши како настинка кај повеќето пациенти. Риновирусите од друга страна кај послаб организам може да предизвикаат и пневмониа иако се најпознати како предизвикувачи на настинката бидејќи навлегуваат преку носната слузница и всушност предизвикуваат ринитис и ринофарингитис.
Она што ве мачи е дали присуството на вирусот ако се докаже без присуство на симптоми, таканаречено асимптоматско, е всушност заболување. Како што дебатирав и порано со короната, е НЕ. Доколку нема симптоми нема заболување, не постои термин во медицината како асимптоматска болест. Постојат многу вируси и бактерии кои живеат во човечкиот организам во одредена симбиоза и не се патогени се додека не се створат услови за тоа. Најголем доказ е стрептококус пневмонија која дава страшна клиничка слика ако ја развие болеста, но која може редовно да се најде во дишните патишта.
Вирусот навлегол, а не предизвикал болест, смешки, ако вирусот навлезе симптомите не се од вирусот туку од реакцијата на имунолошкиот систем, а тој обавезно реагира.
Во овој случај нема реакција на имунолошкиот систем типична за вирусно заболување што е голем парадокс со ова заболување. Нема цитокинска бура, нема зголемени регионални лимфни жлезди, нема покачени лимфоцити (овде се намалени) необјасливо парадоксално. Во однос на погоре наведеното ако се докаже присуство на вирус а нема симптоми значи си позитивен не заболен. Позитивен, заболен и инфициран сето тоа е различно. Во однос на подолу наведеното пак, вирусот навлегол а не предизвикал болест. Можно е. И те како треба да бидат исполнети услови за тоа. Прво зборуваме за вирус за заболување кај кое не е јасна патогенезата. Не е јасно колку вируси се потребни да навлезат па да предизвикат заболување односно инфективната доза. Многу работи се нејасни и непознати. Треба да биде исполнет фактот инфективна доза, слободен рецептор за прикачување и низа други фактори. Прашањето на овие ПСР тестови е во тоа то тие детектираат само мал дел сегменти од вирусот не целосниот вирус што не дава целосна слика. Во однос на грипот тоа е друга патологија и никогаш не започнува со настинка. Всушност нема мешање на тие две состојби. Настинката е предизвикана од многу вируси (риновируси, коронавируси, аденовируси). Грипот е посебна патологија и посериозна состојба која секогаш прво започнува со зголемена јака температура и пропратено со јак инфективен синдром а отсустуваат катаралните знаци на инфекција како кивање, солзење на очи итн. Кај настинката е обратно. Таа секогаш започнува со овие т.н. катарални знаци а отсуствува температура во најголемиот дел од случаите. Тоа многу помага да се разграничат симптомите помеѓу грипот и обичните настинки и помага во диференцирањето на овие состојби во пракса. Грип не започнува како настинка ниту пак завршува тоа е посебно заболување со своја посебна патогенеза и точно карактеристично инфективно симптоматолошко понашање грубо да се изразам со терминологијата.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Рачунај утре вечер ќе ми се вратат дел од симптомите. :pos:
Немаш ништо посебно, седи мирен. По симптомите имаш најобичен акутен фарингитис, заболување на грлото, со знаците на гребење, што е само еден од симптомите на обична настинка. Доколку си позитивен е само доказ повеќе дека тестовите не се уопште специфични, туку се за најобичен хуман корона вирус кој и предизвикува најчесто фарингитис. Проливот ти е од амоксиклавот, даден е за секој случај да не е бактериски фарингит. Не ти треба сумамед, сумамед само ако се зафатени плучата што кај тебе не е случај. За 5-6 дена ќе ти помине.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Рачунај утре вечер ќе ми се вратат дел од симптомите. :pos:
Само со ведри мисли и немаш гајле. Јас имав 2 дена температура 37.6 максимална, со по еден фервекс ја регулирав. Уште неколку дена малаксаност и мирис немав воопшто. Симптомите ги поврзував со преладување бидејќи ден претходно седев во двор на ладно неколку саати, практично измрзнав. Откако ми поминаа сите симптоми, моите дома пројавија симптоми, во меѓувреме јас продолжив и со вежбање, само што се стабилизирав добив информација дека мој близок контакт (4-5 дена пред првите симптоми) е позитивен на корона, значи од целосно опоравен, психата ме уништи и како да не си го осеќав телото. Потоа татко ми доби влошување на симптомите, имаше и пневмонија, па беше хоспитализиран и тестиран. Резултатот му беше позитивен, па по неговата епидемиолошка анкета се тестирав и јас, но поминаа околу 12-13 дена откако ми заврши температурата, па мојот резултатот испадна негативен. Мојата проценка е дека татко ми од мене се инфицирал, и беше во навистина лоша состојба кога замина на инфективно, но среќа беше со помлади цимери кои веќе го имаа пребродено најлошото, па така ментално му значеше многу за поддршка и за неколку дена значително му се подобри ситуацијата. Во меѓувреме, во другите соби во болницата имало и неколку смртни случаи, замислете каков ефект би имало да имал за цимер некој од нив.
Значи, заклучокот е дека самата тортура и психичка напнатост е еднакво голем непријател колку и самиот вирус, ако не и поголем. Мерки почитувајте максимално, но ако дојде да се инфицира човек, му нема бегање :) Бидејќи работам од дома, не бев излезен 3 месеци и сите контакти ми беа со маска, но ете едно мало "невнимание" може да си ја заврши својата работа.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.326
Поени од реакции
7.683
И те како треба да бидат исполнети услови за тоа. Прво зборуваме за вирус за заболување кај кое не е јасна патогенезата. Не е јасно колку вируси се потребни да навлезат па да предизвикат заболување односно инфективната доза. Многу работи се нејасни и непознати. Треба да биде исполнет фактот инфективна доза, слободен рецептор за прикачување и низа други фактори. Прашањето на овие ПСР тестови е во тоа то тие детектираат само мал дел сегменти од вирусот не целосниот вирус што не дава целосна слика.
(y)
Дали при вакви информации, според тебе првиот сет мерки, беа ли потребни, беа ли ефикасни, дали сметаш втор сет мерки треба да има и построги да се или поблаги ?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.506
Поени од реакции
114.580
Немаш ништо посебно, седи мирен. По симптомите имаш најобичен акутен фарингитис, заболување на грлото, со знаците на гребење, што е само еден од симптомите на обична настинка. Доколку си позитивен е само доказ повеќе дека тестовите не се уопште специфични, туку се за најобичен хуман корона вирус кој и предизвикува најчесто фарингитис. Проливот ти е од амоксиклавот, даден е за секој случај да не е бактериски фарингит. Не ти треба сумамед, сумамед само ако се зафатени плучата што кај тебе не е случај. За 5-6 дена ќе ти помине.
Се заебавав пошо утре ми игра мој Интер па демек ќе ме изнервираат како и секогаш. Ако нешто правам тоа е да држам позитивен став, реално свесен сум дека имам лесна клиничка слика, барем за сега, и не паничам воопшто, ама па и не го потценувам вирусот па да се курчам со опуштање. Малце ми се само моите во мисла, другото е скроз ок.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Марфи е многу заебан во овакви ситуации.Изгледа колку повеќе се чуваш баш ко за баксуз ке испадне ситуација дали ради мало невнимание твое или брат ти,небитно и ке фатиш корона а некој гајле нема не се чува 4 месеци и гајле нема...

Со лесно и што побрзо и полесно оздравување.
Pa i mene ne mi e jasno kade ja nogate ovaa KORONA. Jas sum cel den na ulica-pazar i so narod koj ne go poznavam.Maska ne nosam osven ako vidam patrola vo uniforma so tefter vo race. Sekoe sabajle sum na kvantaski,(na kupuvanje)go prasuvam sekogo kolku e ova a zad mene ceka i drug da slusne i prasa.Potoa cel den na prodavanje beter sekoj me prasuva i zbori so mene i narod vrvica ama KORONA nikade. Ova kolku da se znae ...samo ako ja fatam...i kako da ne prazuvate.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.055
Цел форум коронаши испаднавте мајко му стара. Во темава го шириме вирусот изгледа :D
Мала шала, држете се и вие и фамилиите.
 
C

CoolIris

Гостин
Немаш ништо посебно, седи мирен. По симптомите имаш најобичен акутен фарингитис, заболување на грлото, со знаците на гребење, што е само еден од симптомите на обична настинка. Доколку си позитивен е само доказ повеќе дека тестовите не се уопште специфични, туку се за најобичен хуман корона вирус кој и предизвикува најчесто фарингитис. Проливот ти е од амоксиклавот, даден е за секој случај да не е бактериски фарингит. Не ти треба сумамед, сумамед само ако се зафатени плучата што кај тебе не е случај. За 5-6 дена ќе ти помине.
Дијагноза и терапија на форум. Без преглед! :sneaky:

Како знаеш дека не му е зафатена плуЧата без аускултација?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.284
Поени од реакции
16.441
И пак глупости, ме мрзи да ви реплицирам и на двете стално. Од гугл срч не се станува стручен, читате, преведувате на транслејт ама пак ја губите поентата бидејќи немате основа во тие работи.
Настинката не е всушност заболување, туку назив за одредени симптоми. Кој учел оториноларингологија може да дебатираме. Болеста или воспалението би било во зависност од тоа кој дел од слузницата на горните дишни патишта е воспален и во тој случај би бил ринитис, фарингитис, ринофарингитис, риноларингитис, синузитис.
Сите овие заболувања се со иста или слична клиничка слика и спаѓаат под поимот акутни вирози, а се познати као настинка, измрзнување и ред други народни имиња.
Настинката како одредена симптоматологија ја предизвикуваат многу вируси, дури и грипот кој предизвикува многу потешки симптоми може да почне и да заврши како настинка кај повеќето пациенти. Риновирусите од друга страна кај послаб организам може да предизвикаат и пневмониа иако се најпознати како предизвикувачи на настинката бидејќи навлегуваат преку носната слузница и всушност предизвикуваат ринитис и ринофарингитис.
Она што ве мачи е дали присуството на вирусот ако се докаже без присуство на симптоми, таканаречено асимптоматско, е всушност заболување. Како што дебатирав и порано со короната, е НЕ. Доколку нема симптоми нема заболување, не постои термин во медицината како асимптоматска болест. Постојат многу вируси и бактерии кои живеат во човечкиот организам во одредена симбиоза и не се патогени се додека не се створат услови за тоа. Најголем доказ е стрептококус пневмонија која дава страшна клиничка слика ако ја развие болеста, но која може редовно да се најде во дишните патишта.
Вирусот навлегол, а не предизвикал болест, смешки, ако вирусот навлезе симптомите не се од вирусот туку од реакцијата на имунолошкиот систем, а тој обавезно реагира.
многу поодамна, уште од времето кога Черчил наводно рекол *бати медицината не може една настинка да излечи, почнаа да ја испитуваат англичаните и испадна во весници ( немаше тогаш интернет и мрежи) дека вирусот на настинка се размножува ако ткивото подкожно се подлади 0,3оС ( не се сеќавам на точната бројка, дали 0,3 или 0,03 ??), демек затоа и се вика настинка, прехлада....
После испадна теорија и за 2 типа луѓе, дебелокожни кај кој рецепторите се повнатре и кој не се разболуваат од настинка и тенкокожните кој мнолу често настинуваат..
НО, бидејќи дебелокожните не настинуваат, тие добиваат тешки форми на ГРИП, а тенкокожните обратно, не фаќаат тешки форми на ГРИП... е сега имаме нов вирус, кој не е ни настинка ни грип ??? За него испадна само ризични крвни групи, а не кажаа за дебелокожните и тенкокожните ( како беше по кинеската медицина, Јин и Јан ?)
Автоматски споено мислење:

Цел форум коронаши испаднавте мајко му стара. Во темава го шириме вирусот изгледа :D
Мала шала, држете се и вие и фамилиите.
па и Бил Гејтс неодамно кажа дека Фејсбук е крив за ширење на короната :cool:
 
Член од
29 јуни 2020
Мислења
50
Поени од реакции
73
(y)
Дали при вакви информации, според тебе првиот сет мерки, беа ли потребни, беа ли ефикасни, дали сметаш втор сет мерки треба да има и построги да се или поблаги ?
Ние во моментот немаме втор бран. Затоа што да имаш требаше да заврши првиот. Ние имаме состојба на вештачко продолжување на првиот бран баш како резултат на подолгите и поригорозни мерки кои ги имавме. Премногу време поминавме во препукувања, во полициски час овој викенд па нареден не за први мај не па повторно враќање итн... Најпрвите мерки кои дури ете и СЗО ги предлоѓи се само затварање на училиштата и спречување јавни собири со носење на заштитна маска во затворен простор при подолг престој и со многу луѓе. Ние отидовме со сите мерки од старт и додавме т.н. карантински мерки. Оваа болест не е карантинска. Понатаму како што поминуваше време се олабавуваа некои мерки па се отстрани полицискиот час итн. Со самото тоа ние покажавме дека не знаеме зошто ги носиме првични мерки па сега одиме со поблаги итн... Затварањето на училиштата и спречувањето на јавни собири беа сосема доволни. Носењето маска да во затворен простор итн.. Ние уште на старт имавме паника, па се носеа ракавици а гледам сега поради овие митинзиве на слики шо ми искачаат на фб на говорница држи говор небитно кој е и што има ракавици. Зошто ќе му се? А не носи маска. 99% вирусот се шири неконтролирано во затворен простор со многу луѓе по гости, по слави итн. Вируслентноста на овој вирус е опадната во целиот свет во моментот. Степенот на контагиозност му е мал. Од 100 души во затворена просторија во времетраење од 15 минути да речеме 1 ќе се разболи. Враќање на повторни ригорозни мерки по мене е небулозно и нема логика. Да ние ќе спречиме ширење и можевме уште на старт кога почнавме ама прашање е до кога можеше така да оди работава. Ќе седиме во карантин цело лето. Замислете уште да имаше полициски час. Но поентата ми е ако тоа го сакавме да спречиме ширење нема проблем но под услов да вирусот природно се повлече. Што гледаме дека не е случај уште еден голем парадокс со оглед на тоа што епизодите со САРС И МЕРС траеја 3 ипол месеци. ПОнатаму ако чекаме на вакцина тоа е нереално значи мерките претходни наши ни за оваа опција не беа реални. Вакцина за вирус не се произведува за една година. Имаме мутација на безопасен вирус. Предизвик е за цела наука за цела медицина. Кај нас бројката на случаи кои секојдневно се објавува не само кај нас туку во цел свет е нереална. Ниту тие се заболени можеби позитивни да ниту пак умрени зборувам за бројката. Тука се веројатно додадени и случаите со грип, обични настинки итн.. Понатаму кога вирусот очигледно не се повлекува а вакцина нема ниту е реално да ја очукуваш во скоро време, тогаш со такви предолги и престроги мерки во поглед на пешачење на планина, излегување на сонце итн баш поради тоа држење и седење дома седи дома слоган ние покажавме дека немаме јасна стратегија што сакаме да постигнеме. Целосно искоренување на вирусот гледаме дека неможе или дека ќе си се повлече ама во иднина а не како што мислевме со доаѓањето на летото високите температури климаткис услови итн...Во тој случај повторното враќање на вакви строги карантиснки мерки е опасно. Имаше последици а далекупосериозни ќе бидат доколку се врати. Што е со останатите болести, останатите медициннски услуги тотално заборавени изминатите месеци,што е со преоптоварениот здравствен систем, економија итн... Едно е јасно одамна требаше да се укинат карантиснките мерки и да се продолѓи со животот со почитување на мерките кои сега секојдневно ни се повтараат односно со кои веќе живееме. Мора да се почне да се живее со оваа болест како што живеем и со сите останати. Понатаму колку сака нека има позивитни и асимтоматски случаи битно е бројот на заболени да се намалува. Кај нас не се прави таква селекција впрочем секаде во светот не се прави не се користат серолошките тестови туку ПЦР тестови кои неможат да детектираат инфекција. Тоа и сето останато наметнато медиумски отвори фб инста насекаде корона бизнис ресурс итн...слогани седи дома, спаси живот ја наметнаа паниката а над сето тоа уште и политиката која никако да ги тргне прстите и да остави науката даго реши проблемот кој е предизик за медицината. Лажната пандемија од 2009 беше нешто слично само што сега имаме тродупло повеќе информации повеќе паника повее експерти за се и сешто итн... СЗО беше туѓена 2009 година од германски доктори ми се чини. Тоа манипулирање тогаш го прават и сега со бројки со се и сешто. Најавување на втор бран, на трет. Па до тоа дека сеуште не е достигнат пикот. Па немање цврст јасен став да излезат да се обратат на светот што навистина се случува. А они... Кавасаки синдром, хлорокин, па дексаметазон дека помагал сега не знам до кај што е на егал...Тоа за мене не веќе СЗО одамна и престана да биде. Користат погрешен модел на вирус. Ги користат искуствата од грип пандемиите и епидемиите. Не завземаа став зошто не за серолошките тестови. Многупати беа и самите кон себеси контрадиторни итн. Пофалби до Шведсиот модел потоа се обратно плукање така речено. За носењет на маски дека се штетни потоа задолжително носење итн... Несфатливо досека масовно распростанување на вирус низ цела планета со присутни строги мерки и затварање на светот во секое пооле невидено нешто досега. Не е видено ни во средниот век каде имало чума итн...Моменталните мерки се доволни за регулирање на состојбата. Било какво затегнување на мерките веќе нема смисла затоа што нема да покаже резултати. До кога така ќе се оди која е најновата стратегија зошто би се воведувало повторно итн.. Сетоа тоа бара посматрање што вели сега СЗО до каде се нивните ставови помина предолг период и да немаме валлидни информации од етиопатогенетски аспект за вирусот итн...Така да такви повторни карантински мерки се нелогични. Во иднина со оглед на тоа дека најверојатно ќе стане сезонска болест. Таму каде што има случаи таму да се оди со построги мерки. Изолирање на позитивни и третирање на болните. Јас не знам што друго да споменам едноставно се осеќам како Чернобил кога беше па тогаш светот а поготово советскиот сојуз беше и те како изморен и целата ситуација а сега не да сме преморени преинфомирани итн..Ова е актуелното и како да не постои ништо друго не само од медицински аспект не посоти сега глобалното затоплување каде се тие програми тие начела промовирање итн.. Ене ја Грета жалосното девојче сега стана експерт за корона. Така мислам се викаше. Забегав малку се одјавувам.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Дијагноза и терапија на форум. Без преглед! :sneaky:

Како знаеш дека не му е зафатена плуЧата без аускултација?
Добра анамнеза е пола дијагноза, ти пак прај си диши-диши, ме разбираш.
 
C

CoolIris

Гостин
Добра анамнеза е пола дијагноза, ти пак прај си диши-диши, ме разбираш.
Апсолутно! Ама не можам да поставам дијагноза без да го видам со свои очи пациентот и без да слушнам бели дробови. Едноставно ноу!
Азбука на добар лекар: инспекција, палпација, перкусија, аускултација!
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
многу поодамна, уште од времето кога Черчил наводно рекол *бати медицината не може една настинка да излечи, почнаа да ја испитуваат англичаните и испадна во весници ( немаше тогаш интернет и мрежи) дека вирусот на настинка се размножува ако ткивото подкожно се подлади 0,3оС ( не се сеќавам на точната бројка, дали 0,3 или 0,03 ??), демек затоа и се вика настинка, прехлада....
После испадна теорија и за 2 типа луѓе, дебелокожни кај кој рецепторите се повнатре и кој не се разболуваат од настинка и тенкокожните кој мнолу често настинуваат..
НО, бидејќи дебелокожните не настинуваат, тие добиваат тешки форми на ГРИП, а тенкокожните обратно, не фаќаат тешки форми на ГРИП... е сега имаме нов вирус, кој не е ни настинка ни грип ??? За него испадна само ризични крвни групи, а не кажаа за дебелокожните и тенкокожните ( како беше по кинеската медицина, Јин и Јан ?)
Автоматски споено мислење:


па и Бил Гејтс неодамно кажа дека Фејсбук е крив за ширење на короната :cool:
Не сум читал тогаш весници изгледа, али ти верувам штом викаш.
Јин-јанг е кинеска филозофија, не е медицина.
Автоматски споено мислење:

Апсолутно! Ама не можам да поставам дијагноза без да го видам со свои очи пациентот и без да слушнам бели дробови. Едноставно ноу!
Азбука на добар лекар: инспекција, палпација, перкусија, аускултација!
Ако не копчаш и абецеда не ти помага.
Заборави и притисок да му мериш.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.506
Поени од реакции
114.580
А да, кога ме прегледа матичниот ми рече дека вака клинички немам наод дека имам корона, ама малце го загрижи кога ми ја измери сатурацијата на кислород во крвните садови која ми беше 84, а требало да биде минимум 95, а за млади како мене и до 98 и затоа ми рече и јас да се тестирам, покрај брат ми нели. Ова стручниве термини ваљда ги погодив, не ми се смејте ако сум измешал нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom