Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Дали мислите дека во нашиот lifetime е возможно да се случи некој филмски апокалиптичен вирус кој ќе резултира со м/билиони мртви и распад на системот? Интересни 3am thoughts :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.282
Поени од реакции
16.437

и никој масканема а па за дистанца абер нема...

грците кој имаат каде каде повеќе цркви, ја прифатиа новата реалност; некој свештеници во почетокот беа и притварани во полиција... ние и србите си тераме по старо , после ѓаолот ни е крив, ете брача грци и на брача срби им ја затворија границата...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Убаво објасни човекот неколку пати. Зарем не беше еден од симптомите да не можеш нормално да дишеш? 8 КМ ИСТРЧАЛ ЧОВЕКОТ БЕЗ ПРОБЛЕМ. Тоа е повише истрчано од пола шминкери и инфлуенсери што ги има по инстаграм а идат на скопски маратон чисто од мода за да истрчаат 5км за 50мин.

Температурата може да те подисплаши ама ја симнал одма, да имал и втор ден последователно симптоми нормално дека нема да отидел на работа, ти никад у животот не си се разбудила ненаспиена? Башка, не можеш туку така на работа да не се појавиш, посебно ако не ти е позицијата која дозволува работа од дома. Знаеш колку луѓе туку така пријавуваат прелади и болести за да не отидат на работа некој ден од ХY причини?

Вака не ги осудивте политичките активисти што шетаа по градови испозаразени и делеа флаери како на него што му се накачи. Чил малце.
Ако остане вака како што е, пак ке кажам да не призивам ѓавол грипот е далеку позаебан, ми се дешавало 3-4 дена да неможам ниту да јадам, ниту да се движам туку сум закован за кревет, за трчање боже ме сочувај, али како и да е,да почекаме да видиме како ке се развива ситуацијата па тогаш можам да зборувам од прво лице.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
200
Поени од реакции
244
Јас и мојата мајка сме заразени од ковид. Мене симптомите ми поминаа за 2 дена мајками е хоспитализирана со пневмонија на 2те белодробни крила и беше во многу лоша состојба. Со мои очи видов кој хорор е во болниците. Во 8ми Септември на приемно има еден доктор 2 сестри и еден болничар. Во ходникот чекаат и по 20+ луѓе, незнаат медицинарите кај им е главата, немаат систем за пречек на пациенти и за нивно спроведување. На двата наврати кога бев им умреа луѓе во самиот ходник. Болниците се преполнети, да не ве лажат дека се е под контрола само најтешките случаи се примаат кога ќе се "ослободи" место - треба ви е јасно како се ослободуваат... Јас чекав 2 недели за термин преку матичен за тестирање и докторот ми кажа дека долго време резултати од пациенти кои ги пратила не стигаат... Инфектолог не ни се јавил за да праша контакти, само и доставија забрана за движење. Јас сум во волонтерска самоизолација поради и иако не дијагостициран позитивен тест заразен сум секако. Да не ве лажат дека кластерите ги знаат, не ги знаат и веќе системот и ме срушен ни се јавуваат ни ништо, По другите помали градови мислат дека на месечината живеат и дека се изолирани, по амбулантите ни маски не носат ни ништо. Без потреба да не сте се појавиле по болниците во скопје освен во Градска болница никаде на друго место. Луѓе внимавајте не се опуштајте, ја гледате ситуацијата во србија кои иако се х10 пати по организирани до нас исто лажеа за бројките и опуштија мерки за да спроведат избори а еве сеа што им се случува. Моментално здраствениот систем ни е пред крах, бидејќи видов со мои очи сметам дека капацитетите се сигурно 95% полни, а тек иде лошото. Преземете ги сите мерки за заштита бидете самосвесни, сигурна заштита нема но направете се што можете за да го намалите ризикот. Јас симпомите ни ги ни осетив мислев дека се од промена на времето и од физички замор поради спорт. Всушност само еден ден и не спортував, после 2риот ден продолжив да трчам од кој едниот ден 15км незнаејки дека сум позитивен. Но мајками состојбата и се влоши пребрзо. Ви посакувам многу здравје. Господ нека е со нас.
Оваа длабоко емотивна исповест : како да рака ми влегла во градите и променила што чувствувам.

А што мислам :

Ова е резултат на „ковид“,

Оваа трагедија

што откако синот бил сведок како здравствениот систем ја остава неговата мајка да пати и умира пред негови очи,

Тој СЕ’ што има како реакција е
1. да се изолира од сиот свет,
2. да без доказ си припише заразеност, и
3. да апелира на нас, јавноста, да се изолираме едни од други

Да НЕ беше „ковид“,

луѓе како овој прекрасен млад човек кој без проблем трча по 15 километри и знае за Господ би се дигнале како пламен, и горејќи од гнев би се здружувале заедно изнаоѓајќи пат да возвратат на фукарата криминална, одговорна за измачувањето и убивањето на нивните најблиски во

болници - лудници,

додека

ширум Европа и Америка

болници зјапаат празни и мирни

Што зборува дека пренатрупаноста во наши болници тешко може да е резултат на „ковид“ : Климата е слична, токму сред летни горештини и влага ковид вируси се шират најтешко. А што расте број на заразени ... тоа потпаѓа под она што го нарекуваат „garbage in, garbage out“.

Долгите редици пред болниците кај нас и контрастот мора да се резултат на нешто специфично кај нас.

...

Чекор наназад, за поглед на општата ситуација

Три можности

Ковид-19 бара да обичниот човек во јавност става маска, си ја покрива устата, носот, и се изолира од други луѓе (1)

Ковид-19 Е самиот маска : маска за аздисаноста на владеачките криминални структури, на кои и најпримитивните монголоидни тирании во историјата на човештвото би им позавиделе (2)

(3) И 1 и 2. Ако имаме почит кон науката, ковидот е реален, бидејќи е
безначајно тоа
- што никогаш не бил идентификуван https://theinfectiousmyth.com/book/CoronavirusPanic.pdf
- што знаците и симптомите за него се поклопуваат со низа други болести,
- што тестовите за негова детекција се суб-стандардни
Најважно е да се изолираме едни од други за да ги сочуваме
старите и здравствено компромитираните,

кои

УМИРААТ МАСОВНО ТОКМУ ПО ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИТЕ ЧАСОВИ

и во болници ги изложуваат на третмани подесени да убиваат – УБИВААТ -

во метрополи на Запад

...

Безначајна мора да е и оваа ситница:

Тоа што економиите систематски се успоруваат, што дозволува да влезат во должничко ропство во однос на речиси единствената централна банка која печати пари, за да така оние кои неа ја држат под контрола станат господари на - цели континенти

и што тоа, наместо да е на неписмени фантазија, е дел на поширок историски образец

препознаен во академски кругови од поодамна

- тоа е исто без врска.

- Преземете ги сите мерки за заштита бидете самосвесни, сигурна заштита нема но направете се’ што можете за да го намалите ризикот.
Ќе направиме се’ да го намалиме ризикот, ако се потрудиме да асолно ги адресираме општествените прашања и проблеми.

- Ви посакувам многу здравје. Господ нека е со нас.
Сосем се сложувам. Фала ти, и ти посакувам тебе и на мајка ти се’ најдобро.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.683

Ако немаш диплома, џабе линкови со факти.
А ако по некоја случајност имаш диплома, децениско работно искуство (ко некои немци и каубојци), а не си на иста бранова должина со системот, тогаш лупеташ глупости.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Ако немаш диплома, џабе линкови со факти.
А ако по некоја случајност имаш диплома, децениско работно искуство (ко некои немци и каубојци), а не си на иста бранова должина со системот, тогаш лупеташ глупости.
И ние сакаме функционално општество во кое ќе се почитуваат закони и „системски одлуки“, а една елементарна препорака која се однесува и на личен бенефит стана крајно контраверзна...
Зошто не ги коментираш и докторите со децениско искуство кои се впрочем многу побројни и кои се на иста бранова должина со системот?
Се утепавте од мрчење за што? Што треба раце да миете? Да носите маски во градски превоз? Нема вирус, обичен грип било...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.054
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.174
Поени од реакции
84.025
Единствени општини без активни случаи се Радовиш, Берово, Виница и Делчево.

Само кај каурите стаиле да нема корона.
Ете затоа треба Албанец премиер - и Боговиње и Студеничани да бидат без корона, а не само некои каури.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.683
И ние сакаме функционално општество во кое ќе се почитуваат закони и „системски одлуки“, а една елементарна препорака која се однесува и на личен бенефит стана крајно контраверзна...
Зошто не ги коментираш и докторите со децениско искуство кои се впрочем многу побројни и кои се на иста бранова должина со системот?
Се утепавте од мрчење за што? Што треба раце да миете? Да носите маски во градски превоз? Нема вирус, обичен грип било...
Ти тоа што сакаш, треба да знаеш како се постигнува. Ако пред 2020 си го критикувал системот, а сега го браниш и очекуваш од неговите мерки да ти биде подобро, само кажува дека си фантазираш. Кој закон и одлука докажано досега имала ефект ...
Кои доктори со децениско искуство што се со бранова должина со системот кажаа нешто конкретно за "вирусот" , сами изјавуваат, ништо не се знае, нема правила.
Членот сподели документ, каде е доволно првите две страни да ги прочиташ, за да сфатиш, зашто овој вирус може се што може имагинацијата твоја:
што никогаш не бил идентификуван https://theinfectiousmyth.com/book/CoronavirusPanic.pdf
Што има нив да ги коментирам кога немаат резултати, а да ги критикувам немам корист, плус вие досега со години, совршено го правевте, посебно Далтончето.
Ти слободно таквите следи ги, прави по нивните совети ако ти носат позитивен резултат, јас немам никаков проблем со тоа, дури и ќе пробам од тие совети.

Носење маска НЕ е личен бенефит, ама секој со своите потреби и памет.
За миење раце иди кажи им на докторите и останат медицински персонал, пред короната, 10% од нив дали си миеле раце. Наутро кога поминува група доктори и практиканти на контрола, од еден пациент кога влегуваат кај друг, ниту ракавици носеле, ниту раце си миеле, а дел од пациентите имале бактерии кои можат лесно да се пренесат и направат дополнителни проблеми.
Години требало да поминат, да ги натераат докторите да мијат раце, зашто не верувале дека тоа ќе намали инфекции.

Сакале функционално општество, почитувајќи и следејќи наредби од докажани криминалци и неспособни државни вработени :facepalm: .Убаво е да сакаш, ама без акција, среќно.
Ќе го добиеме не се секирајте, треба време само, исто како верниците. После изборите, супер дисфункционално општество ќе имаме.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Сакале функционално општество, почитувајќи и следејќи наредби од докажани криминалци и неспособни државни вработени
А кој зборува само за МК? И во другите земји со слични препораки се докажани криминалци?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.683
А кој зборува само за МК? И во другите земји со слични препораки се докажани криминалци?
Не само што се докажани, дури и поголеми од нашите се. Нашите не им текна, нашите само препишуваат.
Во УК каде го снема тој на чии прогнози се повикуваа за целосна блокада ... а и што се случи со прогнозите негови....
Пргонозите за птичјиот грип им беа ц.ц. 150 милиони.

Ајде одморете малце, наполнете батериите па после ноември идеме појако.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.282
Поени од реакции
15.421
Odredeni naučnici razmisluvaat namesto merenje temperatura pri nekoi kontroli( aerodromi, prodavnici....) da se meri čuloto za miris. Toa prvo zarazenite go gubele, a temperatura moži da dobija...a mozi i ne
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Што, сега почнаа да ампутираат раце/нозе поради коронава?? Ќе почнат и глави да ампутираат?
Причина за ампутираната нога, медицински факти? Или имал корона, тоа е единствениот потребен факт?

Само бог знае од што бил болен овој...нормално и неговите доктори, ама пиши го од корона, и нека шират медиумите колку е опасна коронава, ќе почнат екстремитетите да ни ги сечат.

Иначе не ми е познат актеров, RIP.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.536
Поени од реакции
2.709
Најнова вест: Нови 78 заразени и 5 починати од коронавирусот и 172 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom