Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
машко сум иначе, ај ти вака информирана што си кажи ми дали во монтажните кај инфективна има пациенти или нема?
Море батали ја ти неа,туку кажи ти која е таа од главниот влез шалтерот у чело,од трите најдесно што седи,во пантолони 2 броја потесни,со долги нозе,нагласени колкови и истакнат задник?
 
C

CoolIris

Гостин
Навистина имаше таква изјава по медиумиве, ја даде новиот директор на Институтот.
Кажа дека вирусот мутирал и сега помладите биле позагрозени и дури и оние без претходни заболувања имале потреба од кислородна поддршка (и дел од нив завршувале на респиратори).
Ти го напиша истото што јас го напишав и никој не те цитира :LOL:.

Н е в е р о ј а т н о.
Битно јас најлоша сум на форумот :D .
Благодарам маженца на пажњата што ми ја пружате, срцки сте :love:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.591
Поени од реакции
37.510
... тоа што коронавирус си го сменил геномот, т.е. мутирал, не е од сега и не е новитет како кажуваат сега нашиве епидемиолози, веќе имало клиничко следење на пациенти кои биле заразени со SARS-CoV-2, а различни симптоми и различна реакција т.е. различна вирулентност!

...сега ОВА мутирање „како најново“, тоа не значи дека СЕГА мутирал во поагресивен вирус, туку промената на геномот се случило пред неколку месеци и вирусот всушност „поради негова грешка“ оти мутацијата не е во интерес на негово размножување, туку напротив МУТИРАЛ ВО ПОНЕАГРЕСИВЕН што е многу важно вакво реагирање и менување на геномот за евентуално следење во интерес како се однесува вирусот за патентирање на лек или евентуално на вакцина!
... клиничките следења на пациентите инфицирани SARS-CoV-2 во кое било зафатено и тоа мутирање не се од сега туку уште пред 2,3 месеци и заклучено било дека постоеле два типа на вирус „ L “ поагресивен тип и „ S “ тип кој не е толку агресивен и пациентите полесно поминувале!

...првично SARS-CoV-2 бил од тип „ L “ во Вухан, па пренесен во Италија како многу агресивен, вирулентен - резултат, многу починати, за да мутира во понеагресивен и тоа „по грешка“ на самиот вирус, што не е споредливо исто со геномот од вирусот кој прв пат се појавил во Вухан,

... така на пример кај двајца пациенти во Бразил заразени со SARS-CoV-2 кои имале различни симптоми и различна вирулентност, едниот имал геном сличен на оној на вирусот кој е секвенциониран во Германија, а кај другиот пациент геномот на вирусот личел како тој што се појавил во Англија и затоа можеби и различно реагирање на пациентите кон SARS-CoV-2 во моментот во МКД,

... мометалната ситуација во МКД, затоа што веќе се испомешаа населението дојдени од различни држави каде има и различен тип на SARS-CoV-2, па сега зависи од кого ќе се зарази пациентот дали поагресивниот тип „ L “ или веќе мутиран во понеагресивен „ S “ тип, така и ќе го пренесе на друга особа тука во МКД... дополнително зависи и од многу услови т.е. од моменталната здравствената ситуација, хронични болести, возраст, крвна група на заразениот како и неговата состојба на имунитетот и соодветниот имунолошки одговор,
...така да не е професионално така да се каже дека сега „мутирал вирусот“, па напаѓа сега помлади...или постари... мислам не е во ред „ваква паника“ меѓу народот, без да се објасни зошто и како во моментот на заразување со кој тип SARS-CoV-2 и од кој веќе измутиран геном од која држава од ЕУ бил пренесен тука,

... за самиот вирусот да стане повирулентен (поагресивен) или полесно да се пренесува, повеќе гени треба да мутираат што не е возможно во таков краток временски период од кога ја имаме пандемијава (барем така важеше за сите познати вируси),

... РНК вирусите, или оние кои имаат РНК како главен генетски материјал наместо ДНК, вклучително и САРС-КоВ-2, постојано мутираат и немаат механизми за да ги поправат овие „грешки“, како што прават човечките клетки, на пример, така да овие мутации негативно влијаат на вирусот, нема веќе враќање ако мутациите не се корисни за вирусот, тие обично се елиминираат преку природна селекција и затоа е дискутабилно дали да се остави самиот вирус да мутира и самиот „да згреши“ и да дојде до негово самоисчезнување или да нашиот организам се прилагоди со својот имунолошки одговор во борбата со овој вирус со колективен имунитет?

...пааа очигледно ни едното ни другото, туку треба комбинација од двете и најважно е да не дозволиме ширење токму со запазување на препораки со заштитни мерки ама логички мерки за сите, на секое место и во секое време, а оваа наша комисија за заразни болести некако не ми е во висина на задачата за успешно справување во име на здравјето за населението во МКД!

... и пак ќе повторам, денес „Јавно Здравје“ падна на испит,
да не може да лоцира една бактерија (салмонела) вратите биле затворени од Гранд Бургер? :несвест:

...треба некој да ги научи изгледа за дефиницијата што значи Јавно здравје и која им е нивната улога, изгледа работаат, а не знаат што работаат и кои им се ингиренциите??!!!

катастрофално неоправдано оправдување, а бе на полноќ се отвараат врати и се зема мустра од сите предмети, продукти...готвачот има со кола да го земаат од дома на испитување на тоа рацете, тровање со храна посебно со салмонела може да биде кај некои особи дури и фатални... Бог да чува , гревчиња пред затворена врата се правдаат дека била затворена бургерницата!:facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.056
Поени од реакции
6.715
Јас очекувам да мутира во Америка, во Бразил, а не во Македонија.


Али ај, како сме тргнале кој сум јас па да кажуам дали или не би мутирал тука у племево од држава.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.055
Ти го напиша истото што јас го напишав и никој не те цитира :LOL:.

Н е в е р о ј а т н о.
Битно јас најлоша сум на форумот :D .
Благодарам маженца на пажњата што ми ја пружате, срцки сте :love:
Знаат дека ќе ургирам да ги банираат :P

Она што ме исплаши повеќе е дека официјално кажаа дека веќе немаат контрола на кластерите. Можеш да се заразиш секаде и од секого.
Бројот на луѓе што ги знам и се заразњни, се шири од ден за ден.
 
C

CoolIris

Гостин
Знаат дека ќе ургирам да ги банираат :P

Она што ме исплаши повеќе е дека официјално кажаа дека веќе немаат контрола на кластерите. Можеш да се заразиш секаде и од секого.
Бројот на луѓе што ги знам и се заразњни, се шири од ден за ден.
Загрижувачки е навистина. Јавно и директно кажа човекот дека немаме никаква контрола над ситуацијата.
Не гледам крај на пандемијата во блиска иднина. Секој ден имаме по стотина болни. Бројката на мртви е загрижувачка.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
За да ви стане јасно колку ја бива/не ја бива комисијата, а и владата претставена од министерството за здраство треба да знаете дека уште немаат изготвено протокол за на плажа и ќе го изготвуваат во текот на следната недела, моментално сме 3 јули а сезоната на бањање е одамна започната.

Друга исто така уште посериозна работа за која немаа протокол е кога еден месец од епидемијава тие уште немаа изготвено протоколи во болниците што да прават со сомнителни пациенти, па ги оставаа да умираат по комбиња.
Автоматски споено мислење:

Загрижувачки е навистина. Јавно и директно кажа човекот дека немаме никаква контрола над ситуацијата.
Не гледам крај на пандемијата во блиска иднина. Секој ден имаме по стотина болни. Бројката на мртви е загрижувачка.
За мене ИЧ не е загрижувачка, се си тече онака како што очекував, можеби малку не го очекував толку големиот број што се јави пред олабавување на мерките, ама ако се има во предвид дека и немаше никакви мерки за 25% од популацијата (според пописот од 2002) бројките се ОК.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Денеска дадов топла препорака на некои мои пријатели....да си ги завршат сите обврски што си ги имаат најдоцна до крајот на месецот. Зошто?
Во Скопје е зголемен бројот на припадници од дијаспората од одредена група на граѓани кои се дојдени ем за изборите, ем за Курбан Бајрам.....тој празник го гледам како нова биолошка бомба со сличен размер како претходната.
Подготовките за Курбан Бајрам ќе започнат околу 3-4 дена пред празникот....самиот празник кој трае 4 дена и да заокружиме плус некој ден....што вкупно би било околу 10 дена масовно групирање. Према претходното искуство ударот од празнувањето можеме да го очекуваме после 10ти Август.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.326
Поени од реакции
7.683
Навистина имаше таква изјава по медиумиве, ја даде новиот директор на Институтот.
Кажа дека вирусот мутирал и сега помладите биле позагрозени и дури и оние без претходни заболувања имале потреба од кислородна поддршка (и дел од нив завршувале на респиратори).

"Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на Светската здравствена организација, Марија ван Керхове. "

Ама дајте им време, сигурен сум дека ќе сменат, како и за многу други работи досега.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Еве и 3 нови симптоми на ковид според СЗО.
WHO navodi da je potrebno testirati pojedince koji imaju kratak dah, jer je jedan od glavnih simptoma kovida-19.
Pored otežanog disanja, još jedan od simptoma je bol u grudima u vidu pritiska. Poteškoće u govoru ili problem sa koordinacijom pokreta tijela su još jedan od znakova kovida-19.

Чисто информативно првите 2 се знаци за инфаркт на миокард, а третиот за мозочен удар.
Сега во сезона на удари, почнаа да ги препишуваат и овие знаци на вирусно воспаление, за да проста маса верува дека се е смрт од корона.
Останува уште симптоми од тровање да ги внесат и завршена работа.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.536
Поени од реакции
2.709
Денеска дадов топла препорака на некои мои пријатели....да си ги завршат сите обврски што си ги имаат најдоцна до крајот на месецот. Зошто?
Во Скопје е зголемен бројот на припадници од дијаспората од одредена група на граѓани кои се дојдени ем за изборите, ем за Курбан Бајрам.....тој празник го гледам како нова биолошка бомба со сличен размер како претходната.
Подготовките за Курбан Бајрам ќе започнат околу 3-4 дена пред празникот....самиот празник кој трае 4 дена и да заокружиме плус некој ден....што вкупно би било околу 10 дена масовно групирање. Према претходното искуство ударот од празнувањето можеме да го очекуваме после 10ти Август.
Ке пробам што пореално да реплицирам на ова твое изјаснување од верски аспект...Значи празникот што доаѓа за месец дена нема да промени многу во ситуацијата во која сме сега.Ако ме прашаш зошто ке ти кажам поради фактот дека на повеќето луѓе кој и пред бајрам и за ифтар и за курбан бајрам бајрам што доаѓа апсолутно не им игра улога бидејќи и да е и да не е празник они пак ке се собираат и дружат меѓу себе.За несреќа се погодија празници па сега тие се сметаат за фактор а веруј ми ти го кажувам ова и како верник и како албанец дека и да не се празниците истото ке се случеше.Секојдневно сум надвор и работата ми налага така и гледам каква е ситуација особено во мое маало и околината.Факт е дека од почетокот на вториот бран досега ситуацијата и на оваа страна од Вардарот кај многу луѓе е променета на подобро фала богу.Дали може подобро апсолутно,дали сеуште има луѓе што к.р не ги боли ги има и тоа колку сакаш.Пример ке се земам себе.Кај сестра ми 4 месеци не сум отишол а ни она не дошла кај мене,исто и други роднини.Едноставно таков сум карактер се чувам колку што можам со оглед дека имам хроничен родител дома..Ама и да го немав пак ке се чував.Гледам блиски мои братучеди гајле немаат.Ке речеш дека се од планина или дивјаци ама баш напротив (образовани со добри работни места со фамилии али еве кога станува збор за вирусот со мерките не се баш како што треба) и ајде што да им правиш.Убаво викаат некој членови се додека дома не ти дојде ке се однесуваат како да имаат прележано и мува не ги лази.Моето маало исто има и доста македонско население,и кај нив исто има луѓе се пазат а има и што гајле немаат.

Да не бегам многу од првата мисла што ми беше.Мислам дека е малце остро од твоја страна да помислиш дека ради верата и празниците се случуваат овие работи.Јас пак ке кажам и да не беа ифтарите и Бајрам исто ке пукнеше во Чаир со оглед дека луѓето се заедно по цел ден дружејќи се.Честитањето 5 мин не игра многу улога.Така ке биде и овој пат и тоа со помал интензитет со оглед дека и не е исто како главниот Бајрам и второ многу побитно доста луѓе се уплашија и од овде иако за ова знам дека нема да ми веруваш ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom