Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Од пред една недела болки во грло, од вчера уште ред други симптоми (омалаксаност, температура 38, кашлица сеуште нема) сабајле вртам да се тестирам ми викаат немам здравствено 3 год, иако предходните 3 години нормално сум си идел по лекари, како и да е утре на приватно ке си направам тест, и сега како лично да идам во фонд да се пријавам ако во случај сум позитивен? , Второ прашање, некој слични симптоми да имал?
 
Lugje, pomos:(
Vo petokot Bev so koleska, koja denes dozna deka e pozitivna na kovid:(

Pritisok krenav od strav...se zaboraviv sto sum procitala:(

Kako bese, posle kolku dena moze da dobijam simptomi ako slucajno sum se zarazila of nea!????
Одмарај сега дома и не мисли на симптомите. Паниката е последното нешто што ти треба. Ако има нешто, ќе се јавиш кај матичен, па ќе добиеш понатамошни инструкции. Stay calm!
 
Lugje, pomos:(
Vo petokot Bev so koleska, koja denes dozna deka e pozitivna na kovid:(

Pritisok krenav od strav...se zaboraviv sto sum procitala:(

Kako bese, posle kolku dena moze da dobijam simptomi ako slucajno sum se zarazila of nea!????
Може од страв да ти се појават лажни симптоми ... Олабави се, гледаш дека не секој што бил во контакт со заразен, се заразил :)
 
Lugje, pomos:(
Vo petokot Bev so koleska, koja denes dozna deka e pozitivna na kovid:(

Pritisok krenav od strav...se zaboraviv sto sum procitala:(

Kako bese, posle kolku dena moze da dobijam simptomi ako slucajno sum se zarazila of nea!????
имав скроз идентична ситуација пред некое време, после неколку саати откако предадов смена и дојдов дома ми беше јавено дека истата колешка со која сум бил во смена претходните неколку дена е позитивна на корона.

никој од нас вработените (како и колешката позитивна на корона) нема никакви симптоми, а на сите нас тестовите за корона ни излегоа негативни.

слушни се со матичниот и во меѓувреме додека не ги добиеш резултатите од корона тестот седи во самоизолација.

ти посакувам многу здравје и се надевам дека тестот ќе ти биде негативен.
 
ПРЕВЕНИРААТ болести.
може „за превенција“ „превентивен преглед“ „превентивни мерки“, но не постои збор „превенираат“, на ТВ репортажа една медицинската сестра на инфективна даде интервју „ние ги превенираме болните“ па помислив пак овој збор, сигурно иста професорка имале во медицинско средно училиште,
Вакцините само го учат организмот како да ја препознае болеста и патогенот, сè со цел да го елеминира истиот. Значи, вакцините не лекуваат болести, туку вакцините ПРЕВЕНИРААТ болести.
...ако ти пишам дека не е точно, пак ќе се налутиш и лично ќе го сФатиш, ама не можеш така генерализирано да кажеш за вакцините, мора поконкретно да напишеш, оти читајќи така се добива погрешно толкување,

...антирабиес вакцина (против кучешко беснило) не се дава за превенција, инаку би се вакцинирале сите однапред па ќе си бидеме заштитени од било каков ујед од бесно животно во текот на животот, туку се дава токму кога веќе сме каснати,
или антитетанична вакцина која во текот на животот може да се даде токму за време на повреда, значи мора да се прецизира „освен“, а додека другите вакцини се даваат кога организмот е здрав за имунизација на телото за очекувана болест во иднина и токму ако во моментот човекот е болен апсолутно е забрането да се прими било каква вакцина што посебно е важно за педијатриската возраст!
 
може „за превенција“ „превентивен преглед“ „превентивни мерки“, но не постои збор „превенираат“, на ТВ репортажа една медицинската сестра на инфективна даде интервју „ние ги превенираме болните“ па помислив пак овој збор, сигурно иста професорка имале во медицинско средно училиште,

...ако ти пишам дека не е точно, пак ќе се налутиш и лично ќе го сФатиш, ама не можеш така генерализирано да кажеш за вакцините, мора поконкретно да напишеш, оти читајќи така се добива погрешно толкување,

...антирабиес вакцина (против кучешко беснило) не се дава за превенција, инаку би се вакцинирале сите однапред па ќе си бидеме заштитени од било каков ујед од бесно животно во текот на животот, туку се дава токму кога веќе сме каснати,
или антитетанична вакцина која во текот на животот може да се даде токму за време на повреда, значи мора да се прецизира „освен“, а додека другите вакцини се даваат кога организмот е здрав за имунизација на телото за очекувана болест во иднина и токму ако во моментот човекот е болен апсолутно е забрането да се прими било каква вакцина што посебно е важно за педијатриската возраст!
Небулоза! Вакцините не лекуваат болести, вакцините ПРЕВЕНИРААТ.

Тоа што го зборуваш се нарекува ПРОФИЛАКСА. Профилаксата е превенција докторка!!!
 
Какви се овие докторки што 24/7 дежураат на форумов во сред пандемија,побогу?

Sent from my SM-G975U using Tapatalk

македонски кажано џаболебарки :D
 
Последно уредено:
Од пред една недела болки во грло, од вчера уште ред други симптоми (омалаксаност, температура 38, кашлица сеуште нема) сабајле вртам да се тестирам ми викаат немам здравствено 3 год, иако предходните 3 години нормално сум си идел по лекари, како и да е утре на приватно ке си направам тест, и сега како лично да идам во фонд да се пријавам ако во случај сум позитивен? , Второ прашање, некој слични симптоми да имал?
Почекај прво резултати. Ако е позитивен (се надеваме дека не е) приватниве лаборатории сами препраќаат позитивни резултати. Немој да користиш бруфен, користи парацетамол и ц-витамин во меѓувреме.
И секако, со позитивна мисла :)

Медицинските лица наместо да се препукувате, @Makedonius има реален проблем и потребно му е стручно мислење.
 
...па нормално не можеш да разбереш, оти јас татко премлад изгубив кога највише ми требаше и секогаш, ама буквално секогаш одам на негов гроб, ќе запалам свеќа ќе прозборам колку ми недостасува ќе се исплачам и ќе си одам, не се работи ни за дедо, ни за прабаба за кои им дојде време да си заминат неспоредливо ми даваш пример, ни војна, ни гром, ни сонце, ни дожд ништо не ме спречи до сега?
принцип?
во исто време за иста работа различен аршин? зошто? во своја држава да бидам граѓанин од втор ред, псе?

за политички поени така? велиш ќе се заразевме по гробиштата, а сега што правиме од кого се заразуваме? а? од религиски обичај, нели? ама не од сопствен религиозен обичај туку од туѓ, така?
која е разликата и дали можеш да ја разбереш поентата?
зависи од која страна си нормалишт!
... јас сакам до гроб на татко ми да поседам во тие моменти, не сакам ни во црква ни во манастир ниту кај попот дома, ниту на Марс, тебе не ти е јасно тоа? јас бев принудно затворена 4 месеци со оправдување на коронавирус пандемија со колку позитивни и починати? м? ај кажи го е бројот тогаш?
а сега со колку починати и позитивни сме СЕГА „слободни“ ? исчезна коронавирусот нема позитивни нема починати? што е пинаку сега од тогаш?
И З Б О Р И ! :oeoeoe:

... отворивме граници со тестирање и самоизолација за влез во МКД? и?
-нема да дојдат потенцијалните гласачи од швицарска и итали!
ете го укинаа и тоа може слободно да се влезе без тест без бутур,

- нема да дојдат не со тоа џипојте, оти транзит, други држави држат до ПРИНЦИП и мора тест и двенеделен карантин!
ете ќе пуштат авио превоз ич да не се мачат да возат, туку ќе летнат и тоа ако треба на сметка на богатава ни држава!

и сега шо правиме? ја нема короната? колку има заразени? колку мртви? сега кое е оправдувањето со тој предходен период?? што сме ние стока? граѓани од втор ред или трет во сопствена држава? дали разбираш дека ми е ускратено основното човеково право како граѓанин на слободно движење и верска исповест во исто време и место споредбено со други во иста територија за иста заштитна мерка во исто време, и дека треба за тоа некој да одговара?

и сето тоа ќе држи да ти самиот да не применуваш церемонии во твојот живот, дали за тебе, жената или децата или најблиските....да те видам тогаш дали правилата ќе важат за тебе...вака за други да пишуваш лесно е, ама кога семето се сади во сопствен двор цвеќето не е исто... па има примери што не можеле сопствен татко, брат, маж да закопат и да присуствуваат христијански ли е тоа? според кој принцип?
а на друга страна, присутни 200 души на погреб,онака го знаел од улица па отишле, во исто време за иста работа, забрана за едни „за да бидат заштитени“, а потоа заразени нели од овие други 200 ...??

... за вакви работи не смееш да помислиш, а не да пишеш.... и муслиманот ќе ќутеше знаејќи дека сум во право, а не ти тука без веза коментираш!

Значи според тебе татко ти е повреден од дедо ми, второ не ни знаеш колку е стар дедо ми. Многу глупо резонираш ама океј. Не можеш да направиш 2 и 2 дека на гробишта на секој гроб по 2ца да отидат дека то се многу луѓе на мал простор. Тогаш која е поентата ајде нека дадат да ја изиграме утакмицата со Косово, 36 000 распродаден е стадионот нека пршти, нели нема разлика дали вака се заразуваат или така исто му доаѓа.

Вербата у Бог ја носи секој у нас, не ја носат обичаите или цркви/џамии. Свестете се луѓе. Што ако некој не можел да присуствува на закоп? Ајде пушти ги па нека се заразат па уште 50 души нека му се придружат доле у земја за месец дена, да го испратат де починатиот у пакет.

Од тоа што идеме да си ги мериме е затоа што они мораме и ние и доаѓаме до народната: ако они скокаат у бунар и ти ке скокаш затоа што они ете имале право да скокнат таму, како тоа тебе да те стават како граѓанка од втор ред мора и ти да скокнеш.

Има нешто што се вика ЛИМИТИРАЊЕ НА ШТЕТА, ги пуштија за Бајрам да соберат политички поени има избори не гласај за нив, воопшто не гласај нека нема излезеност и готово, бељата тогаш се направи не значи дека ние треба да додадеме масло на огинот. И од тоа си патиме како нација, зашто они, комшијата, братучедот што го мразам од дно на душа да има нешто што ја немам се све ќе му е.ам да видат и ја можам ко нив ... е ова е тоа идиотското у нашиот менталитет.

Што им фали по запад, нит по гробишта идат нити изнасаат нит се замараат они поглупи се, помалце се вредни нивните животи, или они не се христијани?
 
Од пред една недела болки во грло, од вчера уште ред други симптоми (омалаксаност, температура 38, кашлица сеуште нема) сабајле вртам да се тестирам ми викаат немам здравствено 3 год, иако предходните 3 години нормално сум си идел по лекари, како и да е утре на приватно ке си направам тест, и сега како лично да идам во фонд да се пријавам ако во случај сум позитивен? , Второ прашање, некој слични симптоми да имал?
Другар,два можда три месеци уназад имам некоја подмукла температура која се јавува секој ден у исто време,болки у зглобови и коски,па едно време ке почне ко оние дебели игли за плетење у мускули некој да ми ги забива,гребење у грло и шлајмови исплукувам до таа мера што добивам нагон за повраќање од напрегање.Сто пати помислив тест да направам,па си викам што ако сум негативен а у болница навистина да се заразам.Најверојатно е од времево гадно,променливо.
 
не се теши дека ти е од времето, најдобро направи си тест и не чекај.
Јас сега седам како на трња, а тек има само пет дена..незнам како можеш да издржиш три месеци со такви симптоми.
Да се надеваме дека ке биде добро:)
 
Другар,два можда три месеци уназад имам некоја подмукла температура која се јавува секој ден у исто време,болки у зглобови и коски,па едно време ке почне ко оние дебели игли за плетење у мускули некој да ми ги забива,гребење у грло и шлајмови исплукувам до таа мера што добивам нагон за повраќање од напрегање.Сто пати помислив тест да направам,па си викам што ако сум негативен а у болница навистина да се заразам.Најверојатно е од времево гадно,променливо.

Добрата работа е ваљда што не е корона, ама од друга страна три месеци температура со болки во зглобови може да имплицира нешто посериозно, никако не чекај и оди на лекар. Јас еднаш кога имав 10 дена температура се чудеше матичната триста испитувања правев.. а не па 3 месеци :eek:
Колку ти се качува температурата?
 
Небулоза! Вакцините не лекуваат болести, вакцините ПРЕВЕНИРААТ.
Тоа што го зборуваш се нарекува ПРОФИЛАКСА.
не сите вакцини... антирабиес вакцина не „ПРЕВЕНИРА“ болест, се дава кога веќе пациентот има ујед и можна болест беснило!

ice_screenshot_20200624-173024.png

ice_screenshot_20200624-170852.png

ice_screenshot_20200624-171041.png

ајде тогаш што „превенира“ вакцината против беснило?

Профилаксата е превенција докторка!!!
... а превенира што е? :toe:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom