Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.950
Поени од реакции
73.700
Сега што прочитав не можам да верувам : комисијата вели дека не предложила отворање на граници, аеродроми итн поради високите бројки од корона...
Што значит дека пуштија за избориве само (така и вчера си мислев)
Треба ли да се вратат гласачите на ДУИ? :D
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
955
Поени од реакции
629
Не знам, ако присуствувала на журката и таа, можно е :)
Ете @mambo2 нека кажи, тој е информиран за фамилија Џоковид :D
Сите се информирани. Вест на денот беше

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
C

CoolIris

Гостин
Респект за напорот, но мислам дека џабе е да му објаснуваш на некој кој одвај завршил основно училиште, како функционираат вирусите и вакцините.
Не е џабе, зошто така мислиш?
Степенот на образование воопшто не треба да биде "оправдана причина" за верување во антиваксерски кампањи.

Всушност, проблемот со луѓето е тоа што не слушаат професионалци и луѓе кои што се образувале за конкретната проблематика, а во случајот со вацините - имунолози, или за вирусот - инфектолози, епидемиолози. Половина од својот живот го потришиле на наука и истражување. Наместо тоа читаат од интернет портали.

Секако дека е на вакцините, не е поради индустриско технолошки развој на човештвото. Чиста вода во секој дом, хигиена, достапна секаква храна во секое време, струја, греење/ладење, присилување на медицинскиот персонал да си ги мијат рацете (на докторите им требало години да прифатат да си ги мијат рацете додека вршеле интервенции)
Индустријализацијата ако мислиш дека толку големо добро ни направила, тогаш зошто се поголем е процентот на хронични незаразни болести во светот? Процентот на морбидитет и морталитет од овие болести е загрижувачки во развиените земји, а се поголем и во земјите во развој. Секој втор човек има проблем со притисок, дијабет, астма итн.

Тие претходните сарсови марсови ги снема без вакцини, без лек, без ништо, од ковид, илјадници дома го прележуваат, 85годишни на нога го поминуваат,
Затоа што претходните САРС и МЕРС, успеале да ги стават под контрола. Помал процент на луѓе се заразил со истите и многу полесно било да се контролира.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.636
Поени од реакции
34.036
ова ме потсеќа на една дебилна дискусија со еден дебилен партиски полтрон, јас плукам по сегашната власт со аргументи дека се неспособни, тој ми враќа абе таа наша заедничка власт, јас на тоа му одговарам дека ниту сум ги гласал, ниту пак сум член на таа партија, на што тој ми одговара ај не ме влечи за јазик таткоти пред 20 години од која партија беше функционер... шта речи глупоќа.
Ova e klasicno monty python scenario i didnt vote for you. A toa so kazal ili ne gjokovik i ne e bas bitno, on ke bide i ponatamu etikiran kako moron bez razlika so negovata zena leci kivanje so zelka, toj prisustvuval na event kade ima masovno zbiranje i pridonel sirenje na bolest vo ek na pandemija.

4@0
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.263
Поени од реакции
18.224
Ти, знаеш дека Европа не е целиот Свет, така?
Да бидеме реални, ради тоа таму сеуште гинат милиони луѓе од секакви срања :D. Во секој случај идеата дека популацијата е 8 милијарди ради вакцините е смешна, тоа што госпоѓана е доктор не и дава право да тресе глупости. Има безброј фактори за порастот на популацијата уште пред првата вакцина, дури сум читал и компирот дека имал големо влијание. Мислам и вакцините си го завршиле својот дел, ама има еден куп други фактори тука.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Има безброј фактори за порастот на популацијата уште пред првата вакцина, дури сум читал и компирот дека имал големо влијание.
Сега сериозно ме заинтересира :kafence:
 
C

CoolIris

Гостин
Да бидеме реални, ради тоа таму сеуште гинат милиони луѓе од секакви срања :D. Во секој случај идеата дека популацијата е 8 милијарди ради вакцините е смешна, тоа што госпоѓана е доктор не и дава право да тресе глупости. Има безброј фактори за порастот на популацијата уште пред првата вакцина, дури сум читал и компирот дека имал големо влијание. Мислам и вакцините си го завршиле својот дел, ама има еден куп други фактори тука.
Госпоѓата е госпоѓица и многу сака да биде цитирана со содржајни, издржани и аргументирани критики.

Тоа воопшто не е смешно, тоа е факт. Вакцините имаат голем удел во превенирање на најсмртоносните болести од минатото. Еве разговарај со некој постар човек, сигурно има брат/сестра, починато од дифтерија на пример. Секако дека улога голема има и индустриско-технолошкиот развој, јас тоа не го негирам, ама секое време си има свои предности и мани.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.263
Поени од реакции
18.224
Госпоѓата е госпоѓица и многу сака да биде цитирана со содржајни, издржани и аргументирани критики.

Тоа воопшто не е смешно, тоа е факт. Вакцините имаат голем удел во превенирање на најсмртоносните болести од минатото. Еве разговарај со некој постар човек, сигурно има брат/сестра, починато од дифтерија на пример. Секако дека улога голема има и индустриско-технолошкиот развој, јас тоа не го негирам, ама секое време си има свои предности и мани.
Просто стави график со растот на популацијата низ годините, и обележи кога вакцините биле сериозно имплементирани. Ќе видиш дека теоријата не ти се уклапа. Има 10 подеднакво ако не и поважни фактори од вакцината за раст на популацијата, Да тврдиш дека популацијата е 8 милијарди ради вакцини е доста екстремно и веројатно не си читала многу за демографија.
 
Можам да ти препорачам да изгледаш неколку филмови, па да добиеш претстава што значи тоа заразна болест.

Variola Vera - како Југославија се справила со истата, го има на јутјуб.
Нешто попопуларно, Contagion!
И серија - Containment (една сезона, кратка е).

Документарци за spanish flu имаш исто на јутјуб. Не сум во можност да ти постирам сега, ама со задоволство ќе ти пуштам во некоја наредна прилика!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.263
Поени од реакции
18.224
Можам да ти препорачам да изгледаш неколку филмови, па да добиеш претстава што значи тоа заразна болест.

Variola Vera - како Југославија се справила со истата, го има на јутјуб.
Нешто попопуларно, Contagion!
И серија - Containment (една сезона, кратка е).

Документарци за spanish flu имаш исто на јутјуб. Не сум во можност да ти постирам сега, ама со задоволство ќе ти пуштам во некоја наредна прилика!
Се надевам ако не дај боже завршам у болница, нема да ме лечат според Grey's anatomy или Scrubs :icon_lol:
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663
Ковид-19: Осум починати, 136 нови случаи, од кои 80 во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-80, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-24, Струга-1, Велес-3, Охрид-5, Гостивар-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-4 и Неготино -1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-6, Велес-4, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1.

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.
Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57 годишен пациент од Велес.
Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни.
Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни.
Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095

Направените 1208 теста се преку: ИЈЗ –506, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –102, Биотек –108, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -205, Судска медицина-6 и Систина со PCR метода -171. Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле 1 дете и 11 возрасни позитивни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
  • Чаир – 413
  • Аеродром – 135
  • Бутел – 136
  • Гази Баба – 149
  • Центар – 127
  • Карпош – 124
  • Сарај – 141
  • Кисела Вода – 101
  • Ѓорче Петров – 83
  • Студеничани – 89
  • Шуто Оризари – 72
  • Арачиново – 49
  • Илинден – 33
  • Петровец – 16
  • Чучер Сандево – 16
  • Сопиште – 12
  • Зелениково-2
  • Странец – 3
  • Нераспределен-3
Ова е претеризам више што се случува во Скопје и ситуацијата со починатите...Еден ден намалување и утре нагло зголемување....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom