Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
Не ги земај податоциве за точни. Поготово тој „процентуалниот“ дел се осеќа дека е штимунг.
Можеби поради доцнењето на обработка на тестовите. Но ако правиш местење ќе излезе некој ден. Најрелевантен е податокот за хоспитализирани лица каде има благ пораст што кореспондира со бројот на заразени и активни лицa(носители на SARS-COV-2).
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721

„...страдал од депресија предизвикана од самоизолацијата за време на пандемијата на коронавирусот, што е и причина за овој трагичен настан....„

прашање, што ќе се земе за пресудно за смртта, причината или последицата?
Дада, самоизолација две недели предизвикува депресија до степен на самоубиство, секако.
Тоа било само „сламката која го скршила грбот на камилата“ или која и да е нашата соодветна поговорка.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
nakraj svedska ispadna najpametna so merkite. nikoja zemja ne izdrza so lockdown dolgorocno. dojde leto, site sakaat odmor i more :cool:

a za ekonomskite posledici, knigi kje se pisuvaat ...
Немој. Ќе ти скокнат дежурните тука со напади, или не?
Чекај, шведска беа овие со лоши мерки а ние со спроведување карантин бевме со добри оти му се криевме на баба рога?
До кога мислеа дека ќе се криеме?
Границите се отворени сега засега, колку да крени светската економија, да сврти народот малку наваму натаму...

НО сега од септември кога ќе почнат хроничните болни да паѓаат како круши кај нас, кога ќе девалвира денарот (АКО девалвира, бидејќи е врзан со еврото кое можи уште некое време вештачки да го држат горе), кога ќе нема бог знае колку вработување и бог знае колкави поголеми плати од еден обичен минималец.... тек тогаш ќе биди забавно.

Башка во србија после изборите викаа еј абе мн заразени имаме, да не му текни на некој и кај нас во август/септември да речи... абе не ни беше поубо дома?

Деф економијата веќе трпи, и тоа дебело и ќе трпи... а вирусот... вирусот испадна дека е најголема баба рога во историјата на човештвото... во 21 век се учиме да држиме дистанца и да миеме раце... имаме вирус кој нема правила како ќе го добиеш и како ќе си поминиш од истиот и на крај ти викаат ако имаш антитела ќе ги имаш некој месец само, не година дена (пример) така да уствари шо е позадината, дека ова е новата реалност во следните колку 2-3-5 години?

И сето тоа од еден лилјак.
Ја еба цела светска економија и човештво... yeah, right.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.523
Поени од реакции
37.361
Зашто на тие што доаѓаат од други држави би ги ставила во карантин, кога домашните според бројките се многу повисоки него ли од странските :toe: .
Би требало тие што влегуваат да ги известуваат: влегувате во МКД на сопствен ризик, здраственото осигурување, тука не ви важи, како што каско за кола не важеше за во Бугарија :popce:
... по правило на нештата, ако отвораат така без никаков тест или самоизолација, тогаш нема смисла ниедна мерка пропишана од министерство за здравство ниту растојание, ниту заштитни маски, апсолутно треба да се пушти како да не постои коронавирус и крај! ... ако дојденците „паднат“ тука ние треба да ги згрижиме, а во болниците богами нема заштитини средства, па на операција докторите ќе идат со маска направен од чаршав од некоја наша шивачка фабрика!
... и прашање зашто ги жртвувавме овие 4 месеци? стрес, полициски час, карантин, тепачки по маркети, маски, банки? ...за да се повлечат пари за борба против коронавирус? тоа ли? а ние како глувци дома? и сега пушти стадо...:facepalm:
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650

Епа луѓе кажуваа уште на почеток, дека полициските часови, затварање со денови, нема никаква логика, дека нема никаква корист доколку стварно се работи за толку опасен вирус.

Како зашто се жртвувавме... нели за да спасиме животи, да спасиме животи на кои им дошол крајот, ама многумина изиграваа пророци, дека немало сега да умрат, туку ќе поживееле уште некоја недела/месец.

Без грижи, следен бран ќе се поискусни па ќе знаат дека треба да се построги. Сепак после толку месеци нефункционирање на здраствениот систем, стресот, затварањата, голема е веројатноста да има повеќе разболени, па полесно ќе прифатиме следниот сет мерки.
Ако не, тогаш ќе имаме уште пандемии. Еве и принцот Чарлс е пророк, вика или прифатете или стапот, т.е. нови пандемии, јас му верувам.

... и принцот Чарлс примил вакцина како Трамп...и премиерот такоџе...пола година антитела...пола... само нека штити, не знам само кога ќе ја дадат на обичниот народ!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
... и принцот Чарлс примил вакцина како Трамп...и премиерот такоџе...пола година антитела...пола... само нека штити, не знам само кога ќе ја дадат на обичниот народ!
Не пишувај невистини :D
Немаат потреба тие од вакцини, имаат плава крв. Историски гледано за нив епидемии, пандемии се пи*кин дим.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Трагично.....
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Проблем сега за тие кои летово сакаат да се вратат во МКД - повеќето ЕУ земји им бараат 2 недели карантин, плачки е кај Обиџуко на ФБ :icon_lol:
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Проблем сега за тие кои летово сакаат да се вратат во МКД - повеќето ЕУ земји им бараат 2 недели карантин, плачки е кај Обиџуко на ФБ :icon_lol:
Ќе биде интересно ако не им дојдат Швајцарците за избориве, а и општо, на пример да ја стимулираат економијата ( :icon_lol: ) во Полошко, со вртење круши во Астра и дрифтање на кружен тек.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Интересно е како се менува фрекфенцијата на посетеност на темава, дали е до тоа што се е кажано, па се парафразираме еден со друг или повеќе до фактот што живна подфорумот спорт, темите за политика се реактуелизираа, веројатно за скоро и темите во туризам и патувања, рестораниве и кафулињата отворени...само една тема одржува константа, па макар рекле утре не мава астероид, некој таму на темата за бугарски пасош уште ќе прашува за происходи и што ти ја знам.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Ќе биде интересно ако не им дојдат Швајцарците за избориве, а и општо, на пример да ја стимулираат економијата ( :icon_lol: ) во Полошко, со вртење круши во Астра и дрифтање на кружен тек.
Па да бидеме искрени навистина треба да си малце штракнат во главата 2 недели да седиш горе во карантин само за да им гласаш на обиџуко и мицко. Нема таму молење, па писма за самоизолација, ставија веќе линк вчера, ќе те пикнат во кафез и дреми, знаат што ги чека затоа кукаат. Словенија пушта со PCR тест и ако имаш регулиран престој, нагоре мислам дека задолжително карантин.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
А вака по ваше, ние немаме право да си дојдиме дома и да се видиме со нашите фамилии ? Зошто ?! Затоа што некој нема два грама памет да почитува основни мерки...јас и да си дојдам ќе почитувам мерки исто како и тука кај што сум, навика е тоа, навика која за жал во Македонија ја нема.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom