Еј, нели пред некоја година имаше еден тип што сркаше од Дојранското Езеро, или беше од некоја друга водна површина, за да демантира дека имало загаденост? Храбро, нема што.
Добро би било скептиците, а зборувам за оние најзакоравените, да не се најде некој без причина прозван и призван тука, да го демантираат овој свецки заговор, така што, во најстрого контролирани услови, доброволно би се инфицирале самите, а може и нивните семејства да се вклучат во раскринкувањето на големава ујдурма. Знаете, нешто како реалити шоу, каде што ќе бидат снимани во живо и набљудувани две-три недели, ќе им се дава храна, по што, на крајот, би следувале штедри финансиски надоместоци, други видови награди и одмор во некоја наша лековита бања. Тоа би ставило крај на сите дилеми, би им ги затнало муцките на сите забегани и исплашени овци и пички у душа.