Си имате дежурни кривци и за се винсе криви, дури и кога времево надвор не чини. Некој погоре пишал, Линделоф е крив, стоел далеку од Мегваер. Па што треба бе, на два метра еден од друг да се? На мал фудбал е поголемо рајстојанието меѓу играчите. Поставувањето на Мегваер беше криминално. Онакво поставување не смее да си дозволи штопер платен во милиони. Најголемиот виновник е он. Де Геа исто можда можеше подобро да реагира, али Бергвајн ја закачи со шпиц. Доста силен шут. Да, беше во близина на Де Геа, негде у висина на колено, али таквите шутеви, со голема силина, кои идат дирекно во голман се најтешки за бранење. Топката за неполна секунда стигнува до голманот и се зависи од рефлексот на голманот и среќата. Често стигаат голманите да постават раце или нозе во такви случаи, али често и по нивните одбивања топката завршува во гол. Дури и голманите во ракомет кои имаат подобри рефлекси од овие фудбалскиве, имаат проблеми со шутевите од 9-10 метри, а идат со гочема брзина во нив.
Друг дежурен кривец е Марсијал. Не трчал доволно у прво полувреме. Па у прво полувреме реално сите слабо играа. Не знам зошто е тешко да се разбере дека ако напаѓачот ти е отсечен од средина и крила нема што да се очекува од него. Тотајнхем играше повлечено доста, со што ја ускрати секоја шанса за евентуално некое убацување позади дефанзивците. Средина буквално ништо не створи. Рашфорд и Џејмс еден продор, дриблинг немаа. Лук Шо имаше повеќе продори и усшешни центаршути од нив двајца заедно. Марсијал 4-5 пати искочи на 30 метри да прими топка, сите тие пати Даер му дишеше у врат и повеќето Марсијал ги доби или беше фаулиран. Али што е користа од тоа кога и да добие топка нема со кого да искомбинира за да се искористи тоа што Даер не е на позиција. Секоја топка му беше враќање назад или на страна. Џејмс нема потреба да се коментира. Најслаб на терен. Он мене ми е тип на играч ко Валенсија. Брз, али со еден потег само идење у десно и кога ќе го научат противнички играчи е лесен за затварање. Тоа што вчера ме нервираше највеќе кај него е што секогаш кога Ван Бисака беше во близина на шеснаесетник со топка, овој се криеше позади играч на Тотајнхем, ни еднаш не се отвори да пробаат нешто да искомбинираат.
Оле си тера по старо со форсирањето на два играчи во средина дефанзивно ориентирани. Разбирам против Сити и Ливерпул, али да искочиш така против тим на Мурињо кој секоја утакмива против посериозен тим ја игра дефанзивно е грешка. Послабине тимови кога ќе ни се постават дефанзивно тешко ги пробиваме, а не па тим на Мурињо, со играчи какви што има, кои ќе чекаат контра. Друга грешка по мене му беше што Фред го остави последен играч, а Скот играше нешто понапред. Фред сезонава сите утакмици што ги изигра супер му беа баш на таа позиција нешто понапред, со играч позади него. Ни еден ни друг некако не ми се природни на таа позиција, ДМФ, поише ми се ко бокс ту бокс играчи.
Иначе за фудбалот што го изиграа, тоа беше и очекувано, после толкава пауза. Ќе им треба 1-2 утакмици да се вратат у ритам. Доста теомаво некако ми делуваа сите на терен вчера.