Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Ne e losh Bruno Fernandes kako macka vo vrekja tip na igrac.



Ps. Mn losh mancester deneska.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Јас мислам дека Матич требаше да стартова, откако влезе бевме доста постабилни.
Утакмицата и не беше така лоша, првите 20-тина минути до голот и второ полувреме солидно за прва утакмица после 3 месеци, доста чисти шанси промашени и то е то...
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Нормално е после 3 месеци да се надвор од натпреварувачка форма и првите 30 минути од мечот да гледаме сигурна пас игра. Поготово што како што пишав претходно Жозе ни ја остави топката и чекаа грешка која за нивна среќа се случи. Голот според мене оди 70-30 на сметка на Мегваер и ДДГ. Првиов преаматерски се постави и остави ненормален простор, а ДДГ мислам дека имаше можност поинаку да реагира.

Џејмс е за од клупа и на веќе истрошен тим да ги кини со неговите спринтови или да стартува кога се очекува да играме на контри и да биде стварно од бенефит, трето не гледам некоја логика да е стартер против затворен тим кој игра со 2 блиски линии во одбраната и нема Џејмс некоја можност да ја искористи неговата брзина како адут. Затоа под итно мора десно крило ова лето...Штета што Гринвуд не е доволно брз за да биде продорен по десна страна, а страшен е дечкото...Рашфорд е видливо дека е надвор од форма, но ќе се враќа пополека.

Ме радува пристапот во вториот дел...Со влезот на Погба и Гринвуд видовме нова димензија во играта, а ми се допадна и ризикот со излегувањето на Линделоф и влезот на Матиќ.

И каков играч зедовме во Бруно...баш Јунајтед материјал. Со ваков Бруно искрено нема потреба да си правиме трошоци со Хаверц и слично. Искрено ни фали повеќе Ван Де Бек профил играч на средината кој што зад Бруно би повлекол поквалитетно.

Ако отпадне Санчо имаше една шпекулација дека се распрашуваме за Бејли од Леверкузен како негова алтернатива за 40/50м. Плус Вилиан како бекап опција од клупа со договор на краток рок. Џејмс ќе се премести за ротација лево да го одмара Рашфорд. Плус Ван Де Бек исто за околу 40м. Значи кешот за Санчо се инвестира во овие 3 играчи.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.132
Гринвуд е измислен за Џејмс. Во секој сегмент е подобар, единствено што е побрз Даниел. Tреба да добива повеќе минути на негова сметка.

Во средината страшно партнерство на повидок, Погба-Бруно. Ако Погба не почне со неговите. :D Скот, Матиќ, Фред за последното трето место во средина да ротират и не е така лоша средина.

Марсијал вообичаено поспан, нерасонен, нерасположен.... незнам до кога ќе го трпиме ваков.

Бисака стандард катастрофа во напад, му требаaт 20 секунди да размисли што да направи со топката. Во одбрана одличен.

Одбраната сеуште ни е климва, тие што треба да се столбот одзади денес потфрлија.

Штета што не победивме, имавме шанси но тоа. Ќе се надеваме на кикс на Челзи сега.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Искрено пресреќен сум што Мурињо не ни е тренер, тешка мизерија и брука е на домашен терен да играш бункер и да те набутаат у шише.Ќе му се исплатеше за малце, но не би сакал таков фудбал да гледам.

Гарант ќе има видео од комбинацијата Погба, Бруно и Марсијал, кај што Марсијал го посра шутот.Страшен тандем на повидок имаме, се надевам и другите ќе се воиграат покрај нив.

ПС: Што ти прави 3кг чист мускул, Гринвуд има голема разлика споредено со другите натпревари во Премиер.Конечно може да се носи со мажиштана, има страшен играч да биде ако продолжи вака да напредува.По мене подобар избор е од Џејмс (генерално, за големи утакмици Џејмс би го преферирал).
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.386
Оле многу знае да ги штити играчите што не му играат добро и знае да ги остави подолго во игра отколку што заслужуваат. Марсијал со недвижењето во прво заслужи на полувреме да иде надвор, таква една незаинтересираност за трчање во прво, на терен би го шамарал. Почна да игра нешто околу 55-та минута.

Џејмс е неупотреблив кога играме против бункер екипи, зашто негова предност е брзина, а не дриблинг, ниту пак е природно десно крило и не знам зашто на истото се форсира.

Некој пиша штета што Гринвуд не е брз. Нам не ни треба брзина кога екипи ни играат бункер како кокошките денес, туку пробивност, а Гринвуд и те како може да биде пробивен, и да дрибла на мал простор. Грешка беше што го стартуваше денес Џејмс, ем го загуши Ван Бисака, ем немаше никаков придонес.

И не знам зашто го браните Де Геа, директни кривци со Мегваер денес, топката идеше директно во него. Нека пресмета некој колку бодови изгубивме по негови грешки оваа сезона. Ми текнува на 4 утакмици каде прими глупи голови, Палас кога помина топката низ него, Вотфорд, кога му помина топката низ раце, Евертон кога не ја исфрли на време, и денес.

При крајот на ланската сезона почна со овие неизнудени киксови и проблемот е што и сезонава ги прави. Од најсилна, почна да станува најслабата карика во одбраната.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Гринвуд јас некако не го гледам како центарфор! Гледам во сениорска конкуренција, го пробуваат од десно, од каде е топло ладно, кај младинците што играл, ако го следел некој?
За Шо никој ништо не зуцна, дупката при контрата за голот на кокошките на негова страна беше! Не сакам да го кудам, за разлика од некои покажуваше живост.
Ако Баи не издржи да е фит, треба да му се бара партнер на Магваер, Ајсмен не е тоа, покрај солидната партија за негови стандарди вчера.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
Бруно ни е најдобар трансфер после Ван Перси и е прав лидер на тимот на теренот. Мислам дека можат да изградат добро партнерство со Погба (доколку остане) заедно со некој дефанзивно ориентиран играч тоа би било одлична 3ка на средината. Со јак шпиц напред и добро десно крило овој тим би имал голема шанса за титула следната сезона.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.288
Поени од реакции
6.588
Си имате дежурни кривци и за се винсе криви, дури и кога времево надвор не чини. Некој погоре пишал, Линделоф е крив, стоел далеку од Мегваер. Па што треба бе, на два метра еден од друг да се? На мал фудбал е поголемо рајстојанието меѓу играчите. Поставувањето на Мегваер беше криминално. Онакво поставување не смее да си дозволи штопер платен во милиони. Најголемиот виновник е он. Де Геа исто можда можеше подобро да реагира, али Бергвајн ја закачи со шпиц. Доста силен шут. Да, беше во близина на Де Геа, негде у висина на колено, али таквите шутеви, со голема силина, кои идат дирекно во голман се најтешки за бранење. Топката за неполна секунда стигнува до голманот и се зависи од рефлексот на голманот и среќата. Често стигаат голманите да постават раце или нозе во такви случаи, али често и по нивните одбивања топката завршува во гол. Дури и голманите во ракомет кои имаат подобри рефлекси од овие фудбалскиве, имаат проблеми со шутевите од 9-10 метри, а идат со гочема брзина во нив.
Друг дежурен кривец е Марсијал. Не трчал доволно у прво полувреме. Па у прво полувреме реално сите слабо играа. Не знам зошто е тешко да се разбере дека ако напаѓачот ти е отсечен од средина и крила нема што да се очекува од него. Тотајнхем играше повлечено доста, со што ја ускрати секоја шанса за евентуално некое убацување позади дефанзивците. Средина буквално ништо не створи. Рашфорд и Џејмс еден продор, дриблинг немаа. Лук Шо имаше повеќе продори и усшешни центаршути од нив двајца заедно. Марсијал 4-5 пати искочи на 30 метри да прими топка, сите тие пати Даер му дишеше у врат и повеќето Марсијал ги доби или беше фаулиран. Али што е користа од тоа кога и да добие топка нема со кого да искомбинира за да се искористи тоа што Даер не е на позиција. Секоја топка му беше враќање назад или на страна. Џејмс нема потреба да се коментира. Најслаб на терен. Он мене ми е тип на играч ко Валенсија. Брз, али со еден потег само идење у десно и кога ќе го научат противнички играчи е лесен за затварање. Тоа што вчера ме нервираше највеќе кај него е што секогаш кога Ван Бисака беше во близина на шеснаесетник со топка, овој се криеше позади играч на Тотајнхем, ни еднаш не се отвори да пробаат нешто да искомбинираат.
Оле си тера по старо со форсирањето на два играчи во средина дефанзивно ориентирани. Разбирам против Сити и Ливерпул, али да искочиш така против тим на Мурињо кој секоја утакмива против посериозен тим ја игра дефанзивно е грешка. Послабине тимови кога ќе ни се постават дефанзивно тешко ги пробиваме, а не па тим на Мурињо, со играчи какви што има, кои ќе чекаат контра. Друга грешка по мене му беше што Фред го остави последен играч, а Скот играше нешто понапред. Фред сезонава сите утакмици што ги изигра супер му беа баш на таа позиција нешто понапред, со играч позади него. Ни еден ни друг некако не ми се природни на таа позиција, ДМФ, поише ми се ко бокс ту бокс играчи.
Иначе за фудбалот што го изиграа, тоа беше и очекувано, после толкава пауза. Ќе им треба 1-2 утакмици да се вратат у ритам. Доста теомаво некако ми делуваа сите на терен вчера.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Гринвуд јас некако не го гледам како центарфор! Гледам во сениорска конкуренција, го пробуваат од десно, од каде е топло ладно, кај младинците што играл, ако го следел некој?
За Шо никој ништо не зуцна, дупката при контрата за голот на кокошките на негова страна беше! Не сакам да го кудам, за разлика од некои покажуваше живост.
Ако Баи не издржи да е фит, треба да му се бара партнер на Магваер, Ајсмен не е тоа, покрај солидната партија за негови стандарди вчера.
Еј нема смисла Шо и Линделоф да се критикуваат, 2цата беа одлични вчера, Шо поготово.3 опасни топки исчисти, имаше неколку добри топки и во напад.

Фред издиша вчера многу брзо, а Скот многу добро се снајде вчера бо комбинација со Бруно и Погба.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.669
Поени од реакции
7.246
Од титула сме далеку и тоа многу далеку али може полека да стигнеме за едно 2 до 3 години ако правиме паметни трансфери.
А да и Менаџерот треба да го смениме за да би дошле до титула.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
@vidooq

Јас пишав дека штета што не е побрз Гринвуд.

Ќе беше фул пакет за десна позиција ако беше побрз зошто ја има таа пробивност и дриблинг на мал простор како што викаш, но на поширок простор на 40 метри од гол покрај аут линија нема фајде од тоа. Ќе го издрибла противникот и за брзо време добиената предност ќе ја загуби. Да ја има брзината ќе може да поентира со далеку посериозни пробиви и бочно и кон голот, нешто како Рашфорд што гази. Сепак, како што пишав...страшен талент е Гринвуд.

На 20 метри од гол друго е.

Како и да е, се согласувам и јас дека десно треба тој повеќе да се игра од Џејмс како стартер (го пишав и тоа во мојот пост зошто така за вториов)
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.669
Поени од реакции
7.246
Абе и Џејмс може да врши работа ама не да се користи како стартер Мата иако е стар ќе изиграше подобро на таа позиција.
Инаку го гледам Гринвуд како шпиц заедно со Марсијал во идина па може и да му го земе местото детето е страшно пред и во шеснаесетникот наоѓа простор и интелегентно игра со 2те нозе зборувам ако купиме десен крилен играч би се преместил Грунвуд во ротација за шпиц.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom