- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 368
- Поени од реакции
- 333
Во ред е нешто да не се знае, но да се имплицира и измислува квази наука за работите што не се знаат не е во ред. Микробиологија е обемна наука, јас сум учел од Каракашевиќ, што е книга ~2000 страни, да те лупнам со неа жив не остануваш, вирусологијата е барем третина од неа, ми требале месеци за да ги сфатам нештата внатре напишани. Епидемиологија е башка наука, инфектологија нешто трето, интерна медицина четврто, генетика нешто комплетно друго... ОК е да не знаеш, не ни треба, но да измислуваш и толкуваш нешто што не знаеш не е во ред.Значи како се реплицира, кога нема органи за такво нешто.
На кратко, вирусот се врзува за рецепторот на клетката, на неколку начини може да се инкорпорира во геномот, а тоа е најмоќната формација на планетава, не му требаат ни нозе ни раце за да делува, таа генска секвенца дава команда вирусот да се реплицира, потоа дава наредби одредени клеточни функции да се појачаат, други да ослабнат, да се добијат нови функции. Така што само една сменета аминокиселина во секвенцата на клетката може да значи тотално сменета функција, а истото е детектирано од имунитетот, и сето тоа води кон манифестација на болеста.
Од епидемиолошки аспект, 1 заразува 3, тие ќе заразат 9, тие 27..., за секој циклус се потребни десетина дена. Затоа кога во општата популација има мал број носители, и бројот на нови случаи е мал, но постепено расте. Ти можеш и стадион да наполниш, ако таму нема активни преносители, нема никој да се зарази. Затоа во март и април имавме малку случаи. Сега е поинаку, сега коронавирусот е општо присутен, многу повеќе одколку што се прикажува во извештаите, и нормално е да има повеќе новозаразени, посебно при такви масовни собири без заштитни мерки. Сега е многу поголема веројатноста на некоја свадба, роденден, сунет или ифтар да има барем еден активен преносител. Ова е навистина толку просто и лесно сфатливо, не разбирам зошто ти е нејасно.
Во теорија толку е потребно, т.е. два циклуса, оние кои го носат вирусот да го пренесат на својата фамилија, и тука да заврши заради почитување на заштитни мерки, пред се дистанца. Но бидејќи никаде не се почитуваат дословно препораките, а и заради самата природа на респираторен вирус со долга инкубација и значителен процент на асимптоматски случаи, вирусот ќе постои и ќе коси и во иднина. Денес сте млади и здрави и не му се плашите, но нема вечно да биде така, сите стареат и по пат закачуваат по некоја хронична болест, а вирусов ќе чека и ќе демне.Тоа дека проблемов се решавал за 2 недели е на ранг на конспираси теорија само од обратна страна.