Сам не се движи, не се дели, не дише, не јаде, нема органи, претставува само збир, синџир од протеини.
Фала што сподели за и другите (на тие со основно, средно, па и факултет) да им биде појасно. Значи вирусот како што многумина го сфаќаат како организам кој напаѓа е само протеин.
Е сега ако нема органи, т.е. се тоа што го наброја, тогаш е контрадикторно со :
Вирусот е паразит, живее само во клетката домаќин. Тој претставува генетска секвенца која се инкорпорира во геномот на клетката домаќин и така ги исполува своите особености, на тој начин се реплицира, на тој начин диктира активности во клетката донаќин.
Значи како се реплицира, кога нема органи за такво нешто. Како ја уништува клетката, кога нема органи, а нема ни потреба да се храни.
Ова го можат и е физички возможно бактериите, бидејќи тие се организми кои ги имаат сите физички предиспозиции да ги прават тие функции.
Нема воопшто нејаснотии, за тие што цел живот посветиле за изучување и разбирање на одредена наука. Псевдонаука, сомневање и негирање на се што е можно, е нерационално однесување. Вирусот се пренесува со близок респираторен контакт, со исфрлање на флигеови капки во кои тој е излачен. Се движи надвор, а потоа низ носот и устата по пат на природни физички сили, струење на воздух, движење на течности, треперење на трепки, влакна итн. се додека не најде соодветна клетка домаќин за која може да се прикачи за соодветен рецептор и инкорпорирајќи се во геномот почнува да дејствува специфично на генетскиот код што го носи.
Се движи по пат на физички сили - логично ми е, прифатлив одговор.
Е сега колкава бројка вируси треба да навлезе во организмот ... како се размножува ... Зашто досега НЕМА изолиран примерок од вирус. Значи цела една единка, целосен синџир на протеини како што викаш, туку се се тоа делчиња? Како врз основа на тие делчиња ќе донесеш точен заклучок... За бактериите е целосно јасно и познато, затоа и имаме нели лекови. Кај нив точно се знае какви проблеми предизвикуваат и не може да им се препишат 100 други проблеми. Тоа што после одреден период стануваат отпорни на токсините т.е. лековите, друг муабет е.
Ај и тебе тогаш истото прашање, зашто
тие што цел живот се посветиле за изучување, има кај нив голема бројка која не се согласува со ова што ти го кажуваш. Зашто докажани научници, нобеловци, јавно излегоа и кажаа дека опасност од корона како што медиумите ја прикажуваат НЕ ПОСТОИ. Збориме за научници и нобеловци, не за Петко и Станко...
Кој доказ го имаме досега за короната, а да не се побиле самите научници ??
Во март и април вирусот беше ретко присутен во популацијата, имавме строги мерки на рестрикција, имаше и страв и паника и огромна претпазливост кај голем дел од популацијата. Сега е веќе поинаку, вирусот е навистина широко распространет во популацијата, практично е дојден во секое населено место, така што секојдневно сме изложени на него и нормално ќе се шири повеќе и побрзо кога има многу повеќе преносители.
Мерките беа диктаторски, но непродуктивни само заради инает и тврдоглавост кај дел од населението.
Е зашто бил ретко присутен. Не знам каде живееш, ама во МКД, март и април (бар прва половина) ниту некој носеше маски, ниту имаше
физичко растојание меѓу народот (маркети, автобуси, пред банки, пред други шалтери). Значи идеални услови за ширење, а НЕМАШЕ, зашто ???
Економијата тоне, работни места се губат, здравството е блокирано, медицинскиот персонал е истоштен и разочаран, а сето тоа може да се стопира со само 2 недели почитување на дистанца и носење маски таму каде не може да се одржи дистанца. Ама за успех треба сите да учествуваат, но очигледно некои се слободни мислители, со отворени умови и души, за нив науката е фарса и се сомневаат и спорат се живо и диво, веруваат во квази наука, во светски завери и заговори. Заради тоа што ви е тешко да носите 15 минути маска, ова ќе трае и нема да сопре, економијата и натаму ќе тоне, здравството и натаму ќе биде блокирано, луѓе ќе умираат и од корона но и од болести кои лесно се третираат, па продолжете да бидете слободоумни и самоосвестени и натаму.
Се ова што го наброја и за што го обвинуваш народот,
е вина на и само на луѓето вработени во системот и мерките кои ги носат. Никој друг, ама пусто слепило.
Здраството не е блокирано од короната, туку некој така наредил.
galama.club
Од каде ти овој податок??
Во март бројката на починати никогаш не била под 1700.
А тебе од каде ти е тој податок, дека никогаш не била под 1.700 во Март 2020.... или ако мислеше на претходни години, тогаш си во право и јас тоа го кажав. Дека просек е 1.500-1.800, а во март наместо да биде над просекот, нели имаме нешто ново дополнително ултра смртоносно, кај нас беше 1.100.
Во март и април немаше болни и починати во Македонија? Или во светот?
Колку имаше ... повеќе или помалку од претходни периоди ... нели се работи за сериозно лесно пренослив и голема смртност....
Иако после се корегираа, кажаа официјалните дека е помалку од 0.1%, ако земеш вкупна бројка на население.
toa e koga sedev u klupa, a ne citav david icke
Секоја чест за упорноста, камо среќа толку упорна да беше да си подобриш хуморот или па не дај боже да почнеш да логицираш.