Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Почитувана колешке, секако дека вакцината за грип се создава секоја година. Апсурдно е тоа што добивам вакви смешни цитати на дневна основа од Вас, се со цел да се спротиставите на тоа што го пишувам.Со многу од вашите мислења воопшто не се согласувам, ама не си земам за право да Ве цитирам за секоја една небулоза, од проста причина КОЛЕГИЈАЛНОСТ.Друго, нема потреба да ми држите лекции од имунологија, перфектно ја владеев областа уште од времето на моето студирање. Имав прилика да учам од најдобриот Професор на факултет.За крај, најискрено Ве замолувам да посветите внимание на вашиот правопис и начинот на кој што се изразувате на форумот. Навистина е конфузно и збунувачки, а не е јасно, читко и разбирливо како што треба да биде напишаното....сакам кажам не знам речам!
... јас не ти се обраќам лично тебе, те немам спомнато, ниту пак кажувам нешто за тебе... јас само реагирам на неточноста што е напишана, а некој ќе прочита цитирам „секоја година се прави вакцина, која што не штити од истиот, а евентуално ја намалува тежината на болеста“
- што не е точно, вакцина не се става за да не штити, тогаш никој не би се вакцинирал, тој што чита ќе добие погрешна перцепција дека вакцина не штити и јас реагирам објаснувајќи поинаку!
За грипот, секоја година се прави вакцина, која што не штити од истиот, а евентуално ја намалува тежината на болеста.
 
Последно уредено:
Добро, после неколку часа реплицирање се надевам дека сфаќаш зошто ти велам дека муабетот ти е јаболки и портокали.
Една ситуација пред 3 месеци пролонгирана поради превенција (за твое добро) во животно незагрозувачка здравствена состојба и случка од вчера, кога здравствениот систем ни е крахиран.
И јас се надевам дека сфаќаш јас дека се зедов за пример, а тие животозагрижувачкоте случаи секако дека нема овде на форум да ги напишам.
 
Само да ви кажам дека диџејот што почина денес имаше карцином на бели дробови и тоа краен стадиум.




Sent from my SM-G975U using Tapatalk
баш денес околу мене збореа дека бил здрав и прав
али то е
живееме у информатичко време
 
Криел дури и од сопругата.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
тмурна работа, далеку потажна и помрачна од корона

споменете си дека многу наши сограѓани се борат со тоа
 
Не знам, јас само го гледав како трча по кеј и трки. Ако криел тоа е сосема друга работа, макар што карцином на бели дробови не се крие баш лесно, се задишуваш со месеци од обично качување по скали.. Ќора ли била жена му што не приметила, не сакам да грешам душа.
 
Јас не сум шарлатан ниту некад сум шпекулирал за било што,а најмалку за вака сериозна работа.
Ако не бев 100% сигурен сигурно немаше да се истрчам тука,поготово на јавен форум каде има куп луѓе од кои секако еден-двајца и лично може го познавале.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Фактот што картичките кренаа толкава прашина, гужви пред банките, илјадници приговори за недоследности...очигледно треба доволно да говори за општата финансиска состојба во државава. Вирусот е само катализатор кон економскиот амбис пред кој што одамна се наоѓаме. Исто треба да се нотира оти не сите сектори се подеднакво погодени. Некој општ впечаток за форумов е дека грото се или IT или иселени надвор, други наводно праат милиони на берза, трети се на државно...само оние реално засегнатите ги нема да кажат како врват без работа или со минималец во некој фабрички погон.
 
И јас се надевам дека сфаќаш јас дека се зедов за пример, а тие животозагрижувачкоте случаи секако дека нема овде на форум да ги напишам.

А добро, не знаев дека имаш допирна точка и информации за сите откажани операции во последниве 4 месеци.
Јас ги немам.
 
А добро, не знаев дека имаш допирна точка и информации за сите откажани операции во последниве 4 месеци.
Јас ги немам.
Доста е да познавам само еден таков, не ми треба сите операции да ги знам. Биди поздравен.
 
Доста е да познавам само еден таков, не ми треба сите операции да ги знам. Биди поздравен.

Па споредуваш ситуации кои се случиле во растојание од 3 месеци. Биди поздравен и ти и искрено се надевам брзо ќе го решиш проблемот.
 
... матичната докторка е поставена ТЕБЕ ДА ТЕ УСЛУЖИ, а не ти неа да ја услужиш да приложува за капитација услуги во ФЗОМ, нека ги избрише другите имиња од тестирањето на фотокопија со фломастер а фотокопија МОРА да ти даде по твое барање, како може ти да останеш без никакви анализи, па не ти ги направила таа без пари таа само упати ти дала ти си трчала натаму наваму, па да не даде примерок?
Во право си за матичната, таа само се збуни како да ми даде примерок бидејќи збирно со другите имиња и презимиња ѝ го дале. Утре планирам да појдам и да инсистирам на копија.
Ова личи на false negative тест, најверојатно втор тест ќе покажи друго. Само сега како ја поминуваш болеста, вирусот ќе биде во се помали количини во крвта, така да втор ПЦР тест може пак да биде негативен.
Ау, не ме плаши сега, таман се олабавив! :D
Инаку брис од нос и грло ми зедоа, не беше тестирање преку крв
Дополнување: Обично за земање брис или било какво одредување на вирус или бактерија, досега ми велеле дека не смеам да пијам претходно лекови, а сега бев со испиена доза сумамед. На момент и јас се замислив колку ќе е точен резултатот заради тоа :(
 
Последно уредено:
... јас не ти се обраќам лично тебе, те немам спомнато, ниту пак кажувам нешто за тебе... јас само реагирам на неточноста што е напишана, а некој ќе прочита цитирам „секоја година се прави вакцина, која што не штити од истиот, а евентуално ја намалува тежината на болеста“
- што не е точно, вакцина не се става за да не штити, тогаш никој не би се вакцинирал, тој што чита ќе добие погрешна перцепција дека вакцина не штити и јас реагирам објаснувајќи поинаку!
Колешке, жити ЈА, не се брукај.
Вакцина се става за да ПРЕВЕНИРА.
Вакцината му помага на организмот да создаде антитела против патогениот микроорганизам. Вакцините постојат за да не заштитат од животозагрозувачки болести, како детска парализа на пример, тетанус, морбили итн, да не ти набројувам.

Со самото тоа што пишуваш реферати, чии што текстови ги копираш, преведуваш, па пастираш тука, не значи дека сè разбираш. Дај, спушти се малку на земја жено. Подобро напиши две реченици, кои ќе ги разберат сите што те читаат, а ќе ги разбереш и самата ти.

Ова што го пишуваш е основно, ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПОЗНАВАЊЕ НА ИМУНОЛОГИЈА.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom