Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
 
Уште се разгледува опцијата да се затворат општините кај шо има жаришта ?
Единствени сме во светот шо не се применува таа стратегија на затворање на региони.
Ако ме прашаш ја би цело Скопје у карантин 2 недели пак. Мада до избори нема шанси, единствено после а прашање и тогаш. И додај ако биде тоа така уште 2 недели отиде и Јули па дел и од Август. Вака така цела година дома ќе си ја отседиме. Само ме интересира како ќе биде крајот и кога ќе биде...
 
Од каде ова дека автомобилската индустрија била во застој?
Од колеги што работат по индустриските зони. Работат со намален кадар, дел користат целосни одмори. Ради кризата во светски рамки веројатно имаат помала продажба на возила.
 
Нема ни 3та ни 4та, се е во законите на природата и околностите
Па то бе лепи! И приказната за наречниците е уствари парафразирање на природните закони!
 
Ако ме прашаш ја би цело Скопје у карантин 2 недели пак. Мада до избори нема шанси, единствено после а прашање и тогаш. И додај ако биде тоа така уште 2 недели отиде и Јули па дел и од Август. Вака така цела година дома ќе си ја отседиме. Само ме интересира како ќе биде крајот и кога ќе биде...

Што фајде кога знаеме кои општини нема да почитуваат карантин.
 
Еве ја љопката лекарка што ги излажа,сеа ке се појават и тие од Ремедика
 
Скопје Чернобил станува. Ја незнам ова ко цело Скопје да се затворило у една соба па сите се испозаразиле. По 100 на ден секој ден...

И само полошо ке биде за жал.Се прошири низ цело Скопје веќе а требаше на време да се реагира остро а не овака се отиде у пм. И што сега ке излезат во 3 саат на прес и ке кажуваат дека ова е резултат на непочитување на мерките..Го знаеме тоа одамна ама веќе знаеме дека и болниците се фулл еве само денес уште 35 новозаразени во болница.Остај што ти умираат многу од короната,дупло повеќе ти умираат од друго нешто поради стравот да примаат пациенти.
И на се тоа гледам вести ке одлучувала комисијата да работат кафаните после 10...Море мамичето ваше политичко....не разболија психички со по 20 случаи а сега ке ми кажуваш дека над 150 секој ден и дека е под контрола.СРАМ И АРАМ ДА ИМ Е... :mad::eek:
 
Eve po gradovi....

 
Некој да појасно колку време е потребно да се појават првите симптоми по контакт со заразен (пошто гледам се рандом)? На 04.06 имав контакт, на 11.06 правев тест кој беше негативен. Имам алергија со сите нејзини симптоми (кашлање кивање печење на грло нос очи) па психички ме мава да не случајно тестот е погрешен. У меѓувреме лицето со кое имав контакт ја пренесе заразата на голем број колеги дел со класични симптоми дел асимптоматски. Да се швркне човек од состојбава.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
 
Горе долу епидемијава веќе е искоренета, на запад (Европа) 99% е нормално
Каде е се како што си било порано? Може да ми ја кажеш државата? Зошто во Австрија и Словенија не дека не се кренати некои од мерките но ништо не како што си било порано, барем засега.
@galaxys живее во UK и исто вели дека гужвите се со намален интензитет, така да барем пишете ја државата да знаеме која е.
 
Еве ви сегa дa видите кoј и кaкo јa шири зaрaзaтa
 
Каде е се како што си било порано? Може да ми ја кажеш државата? Зошто во Австрија и Словенија не дека не се кренати мерките но ништо не како што си било порано, барем засега.
@galaxys живее во UK и исто вели дека гужвите се со намален интензитет, така да барем пишете ја државата да знаеме која е.

Шведска :D
 
Горе долу епидемијава веќе е искоренета, на запад (Европа) 99% е нормално и луѓето си тераат одмори, само гаднава политика во Северџанистан
Нигде не е нормално 99% ама ако тоа те теши ок.
 
Некој да појасно колку време е потребно да се појават првите симптоми по контакт со заразен (пошто гледам се рандом)? На 04.06 имав контакт, на 11.06 правев тест кој беше негативен. Имам алергија со сите нејзини симптоми (кашлање кивање печење на грло нос очи) па психички ме мава да не случајно тестот е погрешен. У меѓувреме лицето со кое имав контакт ја пренесе заразата на голем број колеги дел до класични симптоми дел асимптоматски. Да се швркне човек од состојбава.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Кивање не е баш типично за корона, сува кашлица и висока температура се први симптоми но сепак не може со сигурност да се каже како што гледаш кај секого различно се манифестира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom