JUVE_Ultras
Ragazzo della piazza
- Член од
- 22 септември 2010
- Мислења
- 2.451
- Поени од реакции
- 3.968
Ако продолжи со овој тренд на зголемување на заболениве секако дека ќе крахира здравството.Италија во пикот имаше по 5000 заболени на ден што пресликано кај нас би биле 129 на ден,а ние пичиме над оваа цифра цела недела со тоа што последниве и два дена се иде и до 200.Со овие бројки за 20 дена би имале и над 500 хоспитализирани што ќе биде и те како проблем да им се пружи на сите нега.Сега сите опции се во игра. Државата се прави дека не кренала раце, но реалноста е друга. Здравството ќе се ретчи и ќе се тенчи додека не се скине. Нема да се случи италијанско сценарио бидејќи ова не е Италија, која каква и да е, е многу подобро организирана и постабилна од нас.
Како некој од сите можни комбинации да ги одбрал најлошите можни чинители за да види што ќе се случи. Епидемија во услови на осакатено здравство, економска криза на која и предходи сиромаштија, политичка криза пред која имало политичка нестабилност и заострување на и онака бедните односи со белоглавите скриени во оној подрумот.
Ние кога имавме 100 починати пред месец дена,20% починаа дома затоа што не можеле да го поминат алгоритмот,а да биде иронијата поголема тогаш ни инфективна ни 8 септември не беа ни до пола капацитет пополнети.Држава која воведе полициски часови и карантини за да не се оптоварел здравствениот систем ,а дозволила 20 луѓе да и починат дома,не глеам како би се снашла со препуни капацитети.Да не зборам за останатите луѓе на кои периодов ќе им требаат други здравствени услуги и интервенции,што не се поврзани со коронава.