Ај вака.
Да тебе. Јбг. А аргументи има. Немам многу време да барам да читам кај што си ги фалел, но тука си се, освен ако во меѓувреме не си избришал нешто.
Друго - муабетот што го класифицираш како класичен е баш на место. Кризниов штаб и т.н. професионалци од професори и епидемиолози играат како ќе им свират. Или пак стварно толку им е капацитетот. И пак доаѓаме на тоа дека не ги бива, без обзир на тоа во што лежи причината за тешкото потфрлање.
Не сум експерт, не се гледам себеси за експерт, сите имаме очи, сите гледаме, слушаме. Не можеш да имаш полициски час, а да ти работи јавен превоз (градски и меѓуградски). Една од многуте промашени „мерки“. Друга работа тестирањата. Во земјите околу нас се тестираше народ во конкретни бројки, а кај нас гледаа прво да заработат од тестовите па после да почнат да тестираат поширока маса на луѓе (што пак беше премалку). Па аферите околу респираторите. Долга и широка е.
Експертски или не тие сме. Но не можеш да го обвинуваш народот за ширењето на пандемијата (зборувам за повеќето Македонци, другите етникуми не ги коментирам).
Пример ќе ја дадам Словенија, не е многу далеку од нас, плус и скоро цел век сме биле во една држава. Владата уште на почеток донесе мерки - се' затворија, работеа само продавници за исхрана, аптеки, пошта и нешто слично, но со скратен работен час. Во продавница, во зависност од квадратурата од 1 до ако не се лажам 20 луѓе наеднаш. Пред влегување обавезно маска и ракавици. Пред влегување дезинфекција на раце. Секоја продавница имаше пред влез човек задолжен за дезинфекција и пуштање на луѓе внатре. Плус веднаш дезинфекција на корпи и колички. Пошти и аптеки само по еден пуштање внатре. Јавен превоз никако. Ни полициски час, ни бутур ни чуда. Први прогласија крај на епидемија во Европа. Но таму луѓето на власт се потрудија да не се исполитизира пандемијата.
Како да ти кажам... Точно е дека народов предолго дозволува да го возат кој како стигне, но сум на мислење дека со сиромашен народ најлесно се манипулира. А зошто сиромашен? Па почни од 90-та со криминалната приватизација и транзиција та заврши со медот и млекото што не престанува да тече од промената на името. А сите знаеме кој стојат зад сето тоа. Проблемот кај нашиот народ е колективната меморија на златна рипка.
Не сум те етикетирал како човек со IQ 33 туку реков дека гледам дека си на иста бранова со Црепот.
Се истурив на тебе зашто ти друже ги браниш по форумов, не се правдај дека си ги критикувал. Тоа што си демек критизирал не го менува фактот дека ги поддржуваш. А ваква банда, неспособна не заслужува поддршка.