The Last of Us (Part I & II)

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Игра која дефинитивно заслужува своја тема, и не знам зошто до сега немаше. Па еве во исчекување на вториот дел може да поразговараме за нашите искуства со првата.

Part I

Нема што многу да се збори за првата игра, веројатно сите веќе ја имате изиграно бар по еднаш. Ако не сте ја играле, а имате конзола, што чекате? Ако немате конзола, ова е една од игрите за кои вреди да се купи. Јас би напишал на кратко за моето искуство. Ја имав земено заедно со сонито лани за блек фрајдеј, но знаејќи дека оваа година излага нова, бев решен да чекам за да ја изиграм пред втората. Пред околу два месеци конечно се решив да почнам. Имав читано и гледано секакви видеа за играта на времето кога излезе за ПС3, но до сега веќе имав заборавено се. Знаев дека главното во играта е емотивната приказна, врската помеѓу човек и девојче (претпоставував татко и ќерка) во постапокалиптичен свет. Прологот беше доволен за да се навлечам на играта. За мене ова е најдобриот вовед во игра, и не верувам дека некогаш нешто ќе го надмине. Играта перфектно ја раскажува приказната на Џоел и Ели, како се поврзуваат и како се повеќе и повеќе почнуваат да се грижат еден за друг. Од ептен мирни и на некој начин среќни моменти, до ептен тензични борби против инфицирани, се е перфектно доловено. Музиката исто така е предобра и е одлично вклопена во играта. За мене чиста десетка.
Не би навлегувал повеќе во приказната во воведниов пост, можеме за тоа повеќе да дискутираме понатаму. Ме интересира да ги слушнам вашите мислења, посебно за крајот.

Part II

Пет години по случувањата од првата игра, Џоел и Ели живеат во Џексон. Но животот во тој свет никогаш не може да остане "нормален" на подолго време. Во оваа игра главниот лик со кој ќе играме е Ели. Сега има 19 години и е многу поснаодлива и може сама да се справува со сите опасности кои се секојдневие во тој свет. Многу ме интересира каква приказна ќе раскажат во вторава. Во сите интервјуа кои ги гледав тврдат дека не ја прават само поради успехот на првата, туку навистина имаат приказна која сметаат дека вреди да се раскаже. Очекувам во добар дел фокусот да е на приватните врски со други луѓе кои ги развива Ели, тоа и го видовме во најавите, со бакнежот со девојката (да, Ели е геј) во Џексон. Од се што покажаа до сега мене ми делува ептен импресивно играта, а знаејќи дека се работи за Ноти Дог, сигурен сум дека нема да разочараат.
Е сега, мора да се спомне и за се што се случи периодов. Повторно одложување поради корона ситуацијата, и ликнување на делови од приказната кои предизвикаа големи реакции. Како и да е, се ближи конечно датумот на излагање (19ти јуни) и ќе може да престанат сите муабети и конечно да ја изиграме. Веќе ја играат луѓе за ривјуа кои ќе излезат на 12ти и според малкуте информации кои ги кажаа до сега, ликовите не расипуваат баш кога ќе се погледне целата игра. А играта според најавите е масивна.
Какви се вашите очекувања? Јас веќе направив пре-ордер и едвај ја чекам. Планирам да ја изиграм уште еднаш првата за да ми го пополни времето.

НАПОМЕНА: Строго забрането е споделување на ликовите. Воопшто не е кул да му ја расипете играта на некој друг кој толку долго ја чекал. Стрпете се уште 18 дена, па ќе може да збориме за тоа дали и колку импакт ќе имаат на играта.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Дај некој хак да ги играм на ПЦ, или позајмете ми конзола. Господ здравје да ви даде.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Дај некој хак да ги играм на ПЦ, или позајмете ми конзола. Господ здравје да ви даде.
Ако немате конзола, ова е една од игрите за кои вреди да се купи.
:toe:

Тешко дека ќе можеш некогаш да ја играш на ПЦ. За позајмување, нека се смири коронава па дојди, играј :D
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Глупости е, не ми се допаѓа, боље филм ќе гледам.
Најхајп срање на кое и тек како му е поминато времето, а двојкава ја усраа тотално.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Додека не излезе некогаш за PC, како што е редот, тешко дека ќе видам што е толку хајпот со овој серијал. :P
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Глупости е, не ми се допаѓа, боље филм ќе гледам.
Најхајп срање на кое и тек како му е поминато времето, а двојкава ја усраа тотално.
Ја имаш играно двојката?
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.016
Поени од реакции
6.670
Абе ми се сере од луѓе што ќе кажат само срање е, глупости е... Човекот отворил тема за дебата, кај што си кажува што му чини и очекува фидбек од луѓе што ја и играле, па и јас кога ја видов темава, одма отворив да ги прочитам негативните критики оти мене ми е топ 10 игри ако не и топ 5, и баш ме интересираше мислењето на луѓето што не им се допаднала и зошто не им се допаднала, и ти иде ваков некој кај што ќе каже само срање е.
 
Член од
5 декември 2014
Мислења
379
Поени од реакции
384

https://www.metacritic.com/game/playstation-4/the-last-of-us-part-ii/critic-reviews?sort-by=unscored
Денес беа пуштени првите импресии, во целина се страотно позитивни, самото тоа што волку рано ги ослободија кодовите(што не е пракса) кажуе колку се вообразено убедени дека постигнале хај-арт... секако и да ги потиштат хејт-монгерите.
Воглавно ставот е дека го дигнале барот таму кај што се најјаки, ганплеј,импакт на убиства,мокап-анимации,клоуз синематик-комбат,пишување/раскажување,стелт,менаџмент со ресурси.
Првите индикации за приордери викаат дека ги надминале и рекордните нарачки за Спајдрмен.
Све досеа наговестува дека скроз ќе ја завршат сони генерацијава со бенг, преку играва, по истиот тертип ко и со кецот, можда и поради релевантноста на сторилајнот со светските актуелни дешавки и околности да остане во дискурсот подолго.
day1 пурчејз изи за мене

еве и ggtvmk, со нивни импресии за тие шо се думаат уште и за другиве шо нарачаа поише хајп билдап.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Додека не излезе некогаш за PC, како што е редот, тешко дека ќе видам што е толку хајпот со овој серијал. :P
Не Е МоЖнО нА Пц НеКоГаШ дА иЗлЕзЕ
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
355
Дај некој хак да ги играм на ПЦ, или позајмете ми конзола. Господ здравје да ви даде.
:toe:

Тешко дека ќе можеш некогаш да ја играш на ПЦ. За позајмување, нека се смири коронава па дојди, играј :D
За ПЦ веќе ја има подолго време... ;)

Играта е океј, значи солидна дефинитивно една од подобрите но еве пар кои работи на мене не ми се допаднаа во играта;
Ептен се фура прогресивна западњачка пропаганда што баш и не им прија на тамошните сограѓани американците а камо ли на некои како нас што се малку повеќе на исток, во однос на сваќања, убедувања, воспитувања... ме сваќате што сакам да кажам.
Има гадни сцени во играта со зомбињата но најодбивен момент ми беше во ДЛЦ-то односно романсата помеѓу две девојќиња, значи целото искуство со играта ми го наруши, не велам дека непостојат девојки под 18 што се бакнале но да го прикажеш и глорификуваш тоа на медиум не ми се допаѓа.
Друг момент е кога возрасен човек и се нафрла на девојчето на Ели, знам дека и тоа се има десено во реалниот свет ама пак, такво нешто според мене не е за во медиум, сите знаеме дека не треба така но ете за да се створи шок кај личноста што игра се ставени такви работи во играта.
А и крајот не е баш нај нај, пак по секоја цена се тера нешто досега невидено ко демек ним прво им текнало, ко девелоперите да правеле анкета помеѓу себе еј чекај да видиме што е нај неочекувано тоа ќе го ставиме во играта.

За двојката исто некако ми се руши филмот последните неколку години со пар глупи изјави особено на Нил Дракман, а и последниот лик односно информациите што протекоа со гејмплејот баш и не им идат во прилог особено заради она што го споменав погоре.
 
Вау, каква преслаба критика, бар нападни ја таму кај што и се недостатоците на кецот, првенствено у гејмплеј(слаб AI companion,слаби пазли,пре-коридорна во секции), ти практично ги акцентираше дел од нештата за што ја напраија втора најнаградувана игра у историја.
Ако се плашиш да почуствуваш дека ти се предизвикани стојалиштата, ондак не е за тебе играта, друг пут за наредни, глеј позади опаковката на етикетата што содржи...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom