Не знам стварно што очекувате кога и самото олабавување е copy-paste мерка пар екселанс. Ја погледнаа Германија која од 1ви мај негде почна да олабавува, и после 2-3 недели се sync-наа со останатите од регионов кон олабавување на мерките. Copy - paste од а до ш.
Видовме со каква оригиналност во справување располагаме со нашите ендемски мерки ала "повеќе од 4ца на маса у ресторан само ако се од исто семејство" и такви слични смејурии. Ендемска мерка - избори среде здравствена криза. Келнери во функција на службени униформирани лица и тн. Тоа е доволно за да се види колкава е способноста на нашето "лидерство".
Друга работа, смешно ми е како ги ругаме Албанците (сепак, СО ПРАВО), преку понашање како ние да сме ариевци ubermenschen со највисока дисциплина, морал и етика. Мислам, океј, дефинитивно се за критика, ама многу сте bias-ed у коментарите, бидејќи ни нашата етничка заедница не е за пофалба.
Многу малку фалеше да и нас не снајде истото со собиранките во Бигорски и Струга. Мнооооооогу малце.
Од 1ви мај почна сезона на лов на срндак... па дали видов едно 10 слики од собири на 10+ алфа мажјаци како се пијанчат на маси со "плен". Наши, македонски ариевци со највисоко ниво на морал, етика и здравствена свест. Тоа "ариевско" однесување на темава ми е смешно.
Единствената разлика кај нас е што колку толку почитуваме власт и не сме до тој степен религиозно заслепени како нив. Таа етничка заедница има сеопшт проблем со авторитет и хиерархија. Ни ДУИ, ни Тачи, ни Рама, никој не може да воведе ред кај нив. Нит во хипотетска Шкипери Етнике нема да се понашаат како дисциплинирани граѓани, не знам што ве чуди.
Плус, заборавате дека македонка, ДОКТОРКА - ДИРЕКТОР НА КЛИНИКА ги заобиколи сите прописи, правила и принципи и лабаво си отиде на медицински семинар каде што изложи 100ици колеги кои се прва одбранбена линија против вирусот. За наша среќа благи беа последиците.
Едноставно треба време новите генерации и технологијата да си го направат своето и со тек на време, се надевам дека ќе се sync-нат двете заедници. Сега за сега сме во предност во културолошки развој, ама не сме баш светлосни години како што овде во континуитет се прикажува.
Друга работа е што кај нас медиумите се 99% од времето фокусирани на вирусот и колку-толку се крена свеста последниве 2 месеци. Не знам како е во албанскиот блок во тој поглед, но не верувам дека се толку опседнати како нас.
Религиозната закрепостеност и радикалност кај нив е сосема друга тема и нема да навлегувам.
Тоа што партиите калкулираат за избори ми е морбидно веќе... нехумано и деградирачки.