Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Во земјава денеска се регистрирани нови 89 позитивни случаи на коронавирус.

Според градови:
Скопје – 35
Штип – 27
Куманово – 12
Тетово – 7
Кочани – 4
Прилеп – 1
Гостивар – 1
Струмица – 1
Свети Николе – 1
Со ова вкупниот број позитивни тестови во земјава достигна 2.315.
Како што и претходно објавивме, последново деноноќие починаа 7 пациенти позитивни на Ковид-19.
Скопје – 2
Куманово – 2
Тетово – 2
Струга – 1
Шестмина од нив починале во клиниката „8 Септември“, а еден на Клиниката за инфентивни болести.
Со ова вкупниот број починати во земјава достигна 140 лица.
Министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес-конференција во 15:00 часот за најновите информации со ситуацијата со Ковид-19.
 
Некој да не има најдено статистика па да сподели тука за овие 90 заболени од кои општиини се?

https://plusinfo.mk/virusot-uriva-rekordi-35-novozaboleni-se-od-skop-e-a-27-od-shtip/

Ете, да бидеме реални, не е само ифтарот, туку и капиталистите наши, со текстилните фабрики, зинати за профит.
 
Кои мерки се тие што не беа ефикасни?
Зашто на Македонија прилично добро и одеше се додека не дојде време за ифтарските собиранки, а додуша и општо многу се опуштија луѓето и сега го гледаме резултатот.
Мерките како мерки секаде беа горе долу исти, затоа што тие мерки не му текнаа ни на Филипче ни на Заев ни на никој од нашиве.
Проблемот во државата е шо знаеа со каква стока ќе си имаат работа и не мрднаа со прст, тука конкретно зборувам за МВР.
Како така бе, си шеткарат со рацете на газот цело време, ќе пишат од време на време некоја казна колку да се речи еве казнуваме.
И шо дека парични казни пишат кога повеќето од тие шо се казнувани не се ниту вработени ниту им е гајле за таа казна, викаат ми е гајле, шо ќе ми земат, немам ништо.
Треба пендрак да заигра за жал.
Друга најголема грешка е шо законите не важат за сите исто, сите си имаат по некој пријател инспектор или полицаец, така функционира државата кај нас.
За Чаир е веќе кажано двеста пати, таму полицијата нема стапнато.
 
meanwhile доктор Зајко : Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски, но се шири.
:pos: :pos::pos:
ДИК од денес почнале со работа, наредба до сите општински изборни комисии уште денес да почнат со работа
 
ДИК од денес почнале со работа, наредба до сите општински изборни комисии уште денес да почнат со работа

LoL само така за стока народ :ROFLMAO: си ги работи батката, да им рече у огин да скокнат пред да влезат да гласаат и тоа ќе го направат немај сомнежи
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Ех што радост ке удри она женско петле Форца на форумов,не ги извади конфекциите од уста
Автоматски споено мислење:

^Ме претекнал :pos:
И притаениве шарени револуционери ликуваат...
Абе копачот само!

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Кога пишав дека треба да се затворат и тие, ама не маски шиеле. Еве им ги.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
Не се сите од конфекциите има голем број на Роми и Турци по ифтари што оделе
 
Автоматски споено мислење:

Албанците од администрација ги донесоа ифтарските прекршувања на полициски час и препораки и во власта. Сега нека чмаат по изолации.
 
Автоматски споено мислење:

Албанците од администрација ги донесоа ифтарските прекршувања на полициски час и препораки и во власта. Сега нека чмаат по изолации.

Потпретседател на владеачка партија свесно ги прекршува мерките за групирање и собирање, каков пример е тоа, од кого после да очекуваме почитување правила.
 
Честитки, го имаме првиот релативизатор на темава... Не прати политика, не е определен, ама според него не било толку страшно покољот од владението на СДС што го направи, бидејќи и другите не биле нешто подобри... :facepalm:
Не реков дека не е страшно, дека и другите да беа на власт, и тие ќе постапеа исто, и истото ќе не снајдеше...ама многу се диакутираше за избориве, па сега сета вина се префрла на една страна, божем другиве ангели се..
 
Неефикасните мерки не ги донесе народот туку власта.

Мерките беа ефикасни дур се почитуваа. Некаде на почеток на мај имавме едноцифрени бројки на заразени. После тоа народот се "разгашти" и кај и да е тераме накај 100-ка на ден.
Автоматски споено мислење:

Потпретседател на владеачка партија свесно ги прекршува мерките за групирање и собирање, каков пример е тоа, од кого после да очекуваме почитување правила.

Тоа е маката, памет се нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom