Кој ја прегрнал шведската стратегија? Ти знаеш воопшто каква е стратегијата на Шведска и кои се мерките таму или само колку да протнеш досетка го напиша постов?
Не знам како да ви објасни човек дека основната цел на мерките и рестрикциите е/беше да не се оптовари здравствениот систем, нешто кое на овој или на оној начин ни успеа. Да немавме ни мерки ни ништо мислам дека тродупло поголеми бројки и ќе ни крахираше здравството.
Од друга страна Шведска што направи? Воведе мерка да нема групирање во групи поголеми од 50 луѓе (
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
), остави се живо отворено и резултатите се катастрофални. Плус да се напомене дека бројките им се далеку поголеми од прикажаните поради ригорозните услови за тестирање, треба да дојдеш до ситуација да бидеш ставен на респиратор за да те тестираат (така иде зборот). Исто вреди да се напомене нивната култура и начин на живеење и кога ќе се спореди со нашата мислам дека нема потреба да го кажуваме исходот, односно тоа се две неспоредливи работи.
Деновиве налетав на 2-3 статии каде епидемиолози од Шведска се каат и жалат што Владата не вовела мерки од самиот почеток и кажуваат дека ја погрешиле стратегијата, ама битно Инглориус Бастард знае повеќе од нив и го одобрува тоа.