- Член од
- 12 декември 2007
- Мислења
- 4.858
- Поени од реакции
- 10.333
Гласав веќе ама немав време да пишувам есеј, сега малку поопширно...сепак финале е. Мојата првична листа:
12 - Breaking Bad
10 - Dark
8 - Mad Men
7 - The Bridge (Bron/Broen)
6 - Game of Thrones
5 - Lost
4 - OZ
3 - Better Call Saul
2 - Narcos
1 - Chernobyl
Иако Lost ми е на листата на почетокот од темава со само 5 поени, сепак ги сфаќам тие што и дале 12 поени на серијава и ја сметаат за број 1. Кај Lost приврзаноста кон универзумот креиран во серијата и пред се ликовите во него е веројатно поголема од било која друга серија. Додај на тоа и останати емоционални компоненти ко носталгија, почетоци на интернет кога интернетот беше уствари забавно место а не 3 сајта на рипит...Мене лично Lost ми остави празнина откако ја гледав тогаш, ми остави празнина и кога ја гледав повторно...и повторно. Ретки се сериите со кои се приврзувам до тој степен. Од тој аспект би била топ 3 серија за мене без размислување. Повеќе се задлабочив и инвестирав само во ГоТ поради книгите, само што на крај серијата и книгите беа 2 различни ентитети и сите работи поради кои ги обожавав книгите беа тргнати од серијата и заменети со срање.
Lost и Breaking Bad се 2 сосема различни жанрови, така да споредбата е тешка, но не верувам дека и тие што ја сметаат Lost за најдобра серија, доколку ги имаат изгледано двете, би тврделе дека квалитативно и објективно Lost е подобра серија од Breaking Bad. Breaking Bad е лектира, веројатно серијата најблиску до перфекција. После неколку години направија серија за спореден лик од Breaking Bad и истата е топ10. Breaking Bad во Франција и Германија одеше на Arte, ТВ канал за култура и уметност. Нема змејови и торнада со чад да ствараат неизвесност и тензија, ама тие се сепак тука, само со обични меѓучовечки односи. Најчесто кога репризира човек серии знае што ќе се случи и гледа со помалку концентрација и внимание - Breaking Bad ме залепи за ТВ на rewatch, со истата фасцинација како и на првото гледање. Дали е сечиј cup of tea? Веројатно не, некој што сака да гледа спектакл и ефекти веројатно ќе му биде досадно да гледа бавна трансформација на личности, карактери, семејства. За останатите, сцена ко оваа им е врв и ја ставаат пред лајтсајбер тепачки, пукотници итн.