Нема да ширам... Game of Thrones.
Прво, еднаш ја водевме дискусијата, разгледајте ја
темава, има интересни постови и дуели. Тогаш победи LOST иако GOT имаше само неколку сезони. Тогаш гласав за LOST и за мене е исто серија што ми промени живот, можеби најблизу до тоа што го стори SFU. Може да завршиме тука и нели да гласам за LOST. Но премногу дежаву ми е моментот со краевите на двете серии, впрочем и за краевите на сите ултра популарни серии. Ако отвориме LOST темата и се вратиме декада назад ќe видите анкета за како крајот ја уништил цела серија, ќе прочитате постови кои плукаат по се што пишале изминатите 6 години за истата, ќе прочитате 2-3ца кои го бранат се тоа за кое стоеше LOST помеѓу океан џубриња. Јас таму го дадов мојот глас. Исто и во претходната тема. Затоа мислам дека треба да го сторам истото сега и за GOT додека уште трае френзито хејтање, катастрофа сезони и што ли не напишавте. GOT e институција, рамо до рамо со LOST, и можеби LOST води оти беше во едно друго убаво време, оти не фаќа носталгично, оти имавме еден куп епизоди од тоа... но, GOT исто беше феномен, воз врз кој се качи од тетка ми Натка до на
@џимеј комшијата Ашим, најверојатно. GOT со сите сезони беше е и уште е нешто ретко повторливо и морам овој пат да бидам тука за неа.
Извини
@Io Sono Interista aма животот ќе нема смисла ако ние не сме контра.