Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Да, во Штип што гледав онлајн што имаат е катастрофа, но ги имаат Downshifter, па...
Јас имам Downshifter 7 ги имам преносено и уште се функционални за лајт тренинг или прошетки, имам трчано и одено на Водно и други планини со нив иако не се предивадени за таква активност, многу пати им се чудам како уште се во добра состојба.

1589197864314.png
 
Купив црни Downshifter 9.
Зедови БЕЛИ чорапи Umbro со двојно шиење под стапалото, петите и прстите, некоја верзија на Champion-от @Ilumious што ги имс спомнато на темава.

Црни патики и бела чАрапа - комбинација Доџе ми да вриснем, али ајде.

Денес почнувам да се водам по Couch to 5K планот/апликацијата од Zen Labs.
5 мин загревање, 1 мин трчање - 90s одење (вкупно 20мин овака) и 5 мин cooldown.
Апсолутно нубски, ама... јбг.
 
Подобро нубски како што викаш отколку болките да те стигнат одма, да се повредиш некако и да ти се одмили и трчање и се. Со коронава пауза направив 2 месеци (имам и за учење за сертификат) и тек пред две недели се вратив на трчањето, имам кондиција ама пак само 5ки трчам додека ги навикнам нозете.
 
Истрчав/изодев вчера без напор, очекував помачно да ми е. Но секако беше Week 1, Day 1.
Ваљда не сум толку очаен кондициски, сепак вежбав до февруари. Уште да паднат килата... УШТЕ.

Продолжив со кетото (овој пат посериозно), вметнав и IF (12:00 - 20:00), уште вода да се научам да пијам како порано во солидни количини.
 
Мал пријателски совет, од искуство ... фокусирај се на помалце работи и кога ќе ги совладаш додавај нови.

Тераш Кето плус IF, плус почнуваш да трчаш, а иде топло време ... според мене тешко ќе ги искомбинираш работиве :) ,мислам дека ќе ти влијае трчањето на диетата, само кето да практикуваш без ништо друго е тешко камо ли да го комбинираш со другиве работи.
Ја би фокус на трчањето и јади норамално беџ џанк фуд и ќе си паднат килата сами ... па потоа полека влези у Кето.
Се надевам ќе успееш, во твојата замисла.
 
Кетото/IF ми беа почнати од октомври, симнав 10кг (од 102 на 92) до февруари.

Откако почнав работа од дома и престанаа да работат теретаните - малку забаталив и отидов 96.
 
Здраво, бидејќи вие сте постручни околу трчањево, кажете ми каде да најдам квалитетен стегач/држач за телефон од оние што се ставаат под рамото? Во Скопје во некоја продавница? Нека е и поскапо, само да е квалитетно/удобно бидејќи не се разбирам. Не е за мене, за другарка прашувам :)
 
Во која смисла квалитетен? Да не се одлепува сам, да не се кине или? Бидејќи јас пред 3 години кога почнував со тренинзи, си зедов едно од пазарче, и немав ништо замерки, како го залепував така и го одлепував, не се нишаше нагоре надоле, ниту правеше проблем. Ама сфатив дека постојано сакам да си менувам песни или да видам до кој километар сум, или ако свирне нотификација да видам од кого е пораката, и ми немаше поента со тоа да трчам веќе, го баталив. Сега си трчам со телефон во рака и музиче, или пак слушалки блутут и телефон во рака, последна алтернатива ми е со саат на рака (ама стар модел) и без музиче, без телефон воопшто, ама таа опција ја избегнувам дека си сакам музика. Така да, не знам дали пробала најобичните од пазарче што се, ако не пробала може и тие баш да и се погодени.
 
Последно уредено:

Извини, никад немам користено нешо такво нит па знам, освен на кеј шо сум видел фаци со такво. На квалитетно мислев да е од океј материјал, да не се лизга, да не те стега као да немаш крв на раката, едноставно да е пријатно за носење. Тој што се разбира, знае што има разлика помеѓу добро и лошо, мене не ми мења :D . Извини што сум дудук за вакви работи, ама пошо и се ближи роденден, па као дел од подарокот сакав да биде и тоа :)
 
Сеа поради коронова можеби не е решение ама отвори си на АлиЕкспрес ако имаш некој попознат мобилен или од прилика нека се погоди со димензиите и нарачај си евтино и сосема доволно немаш никаква потреба да земеш некој бренд...
 
Здраво, бидејќи вие сте постручни околу трчањево, кажете ми каде да најдам квалитетен стегач/држач за телефон од оние што се ставаат под рамото? Во Скопје во некоја продавница? Нека е и поскапо, само да е квалитетно/удобно бидејќи не се разбирам. Не е за мене, за другарка прашувам :)
Пазарче или ако сакаш да си пофенси sport vision https://www.sportvision.mk/torbicka-za-mobilen/ (нарачките стигаат 2 дена од нив)
Ја терав пред година дена со купено од пазарче, немаше мука.
Ali express не би ти препорачал зашто ќе чекаш месец дена, а за 300ден ќе најдеш на пазарче.
 
Ги пробав UA Charged Bandit што се постирани на претходната страница, stiff as a board што би се рекло. За мој вкус ова се патики повеќе за кросфит, отколку трчање. На 10 и повеќе километри ќе си имате мака...
 
1589999601684.png

Наводно има трака и прават анализа на газењето, за да препорачаат патиче ... кое може да се проба на траката пред да се купи.
 
@boban984 во сите продавници на Asics во свет ја има траката за анализа :D
 
Ме интересира за вода.
Како ја пиете (ја носите со себе) и колку ја пиете додека трчате? Може инфо и колку дневно пиете.

Инаку, терам веќе C25K втора недела, втор ден...
Денес 3.70km за 32 минути, комбинирано трчање/брзо одење. Темпо некаде околу 8:35/km како средина од целата сесија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom