Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира за вода.
Како ја пиете (ја носите со себе) и колку ја пиете додека трчате? Може инфо и колку дневно пиете.

Инаку, терам веќе C25K втора недела, втор ден...
Денес 3.70km за 32 минути, комбинирано трчање/брзо одење. Темпо некаде околу 8:35/km како средина од целата сесија.
Индивидуално е ама кај мене е вака - пијам пред да почнам, потоа ако сум на кеј и е топло, среде лето збориме, застанувам на сите можни чешмички и пијам. Ако сум на трака во теретана, температурата е понормална и пијам ептен малце среде трчање и остатокот откако ќе завршам.
 
Благодарам, и јас не пијам измеѓу сега за сега дека ми се кратки сесиите, љокам после завршување.
 
Премалку трчаш сеа за да се замараш со вода. Пиј колку што мислиш и како гледаш дека ти одговара.
 
Кај се наоѓа новава од Asics?
 
Ме интересира за вода.
Како ја пиете (ја носите со себе) и колку ја пиете додека трчате? Може инфо и колку дневно пиете.

Инаку, терам веќе C25K втора недела, втор ден...
Денес 3.70km за 32 минути, комбинирано трчање/брзо одење. Темпо некаде околу 8:35/km како средина од целата сесија.
Како што ти кажаа и другите индивидуално е. Јас пример најчесто пијам по завршување на тренинг ми смета додека трчам. На полумаратонот земам 2-3 пати вода на станиците и секогаш е по голтка две. По завршување надополнувам. Ама затоа па внесувам поголемо ниво на овошје и декстроза
 
Другарче продава Fenix 5, стар 8-9 месеци ... користен исклучиво за трчање на кеј, под гаранција 2 години. цена 350еур.
Ако има заинтересиран, пишете ми да ви дадам контакт
 
Патики за брзо одење( лајт трчање) 10+ км речиси секој ден,препрака? Ако може да се Најки, некако ми одговараат со останатата опрема, буџетот не е битен.
 
Патики за брзо одење( лајт трчање) 10+ км речиси секој ден,препрака? Ако може да се Најки, некако ми одговараат со останатата опрема, буџетот не е битен.
Види тука нешто да не ти се допадне, овие ме отепаа на Viber од праќање на понуда со попустите.



Не ми се шета многу по дуќани инаку треба да земам 2 пара и јас, еден за трчање и еден за секојдневно, не знам дали има некоја акција и избор во аутлетите.
 
Стигнав на прв ден од 4-та недела по C25K програмата.
Денес имав
- 5 мин. одење
- 3 мин. трчање
- 3 мин. одење
- 5 мин. трчање
- 2.5 мин. одење
- 3 мин. трчање
- 1.5 мин. одење
- 5 мин. трчање
- 5 мин. cooldown

Ме фати 4.5 km за 33 минути, со просечно темпо од 7.31/km.
Задоволен сум со програмава многу за сега.
 
Почекај накај 6 недела мислам тешка стануваше ќе те видам тогаш :D
 
Стигнав на прв ден од 4-та недела по C25K програмата.
Денес имав
- 5 мин. одење
- 3 мин. трчање
- 3 мин. одење
- 5 мин. трчање
- 2.5 мин. одење
- 3 мин. трчање
- 1.5 мин. одење
- 5 мин. трчање
- 5 мин. cooldown

Ме фати 4.5 km за 33 минути, со просечно темпо од 7.31/km.
Задоволен сум со програмава многу за сега.
Го стопираш ли саатот/апликацијата кога пешачиш? Ако не, ок ти е темпото ко за почеток , 5ка за 30 мора да можеш според моја процена
 
Не, си врти Strava од почеток до крај оти уште од почетокот ме интересираше средна вредност од трчање и одење...
 
Просечно темпо на одење е одприлика 10минути на километар, што значи времето што го трчаш е со солидно темпо.
Пробај 6 минути по километар би требало да можеш да врзеш доста километри без да застанеш
 
Не пробувај ништо, терај по програмата. Да можеш да истрчаш и сега повеќе и побрзо ама може да ти влијае на психа кога ќе видиш дека по програмата си поспор одколку што стварно можеш
Ќе стане потешка програмата и ќе видиш и подобро време од тебе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom