Нешто што ми се виде интересно од интервјуто на Даниловски
,,Како и да е, до кога ќе тераме вака? Додека расте бројот на случаи. Нашите прогнози, според кои до крајот на мај би требало да ги имаме последните случаи, (а нагласувам дека тие се совпаѓаат и со прогнозите на експертите од Сингапур), (очигледно) не би требало да се земат „здраво за готово“.
Тие претпоставуваат исти услови (на однесување, на мерките и др), да постојат и во периодот за кој се прави прогноза. Бидејќи тоа во реалниот живот не е секогаш така, можни се помали или поголеми отстапувања.
Од моментот кога ќе се регистрира последниот случај, според епидемиолошките принципи, мора да помине период од две максимални инкубации (во случајот со КОВИД-19 тоа се 28 дена), за прогласената епидемија да може да се укине! Никако порано!
Во меѓувреме, логично е дека рестриктивните мерки би можело да се релаксираат, но само пропорционално со опаѓањето на бројот на случаите и ако не се случуваат инциденти (неочекуван пораст на бројот на случаи).
Апсолутно би било недозволиво, неодговорно и ризично по здравјето на луѓето, во периодот на стивнување на епидемијата, (макар и при укинат полициски час), да се организираат било какви масовни настани. Се виде кон што води тоа… "
Знам дека сите, наоѓајќи се на крајот на силите, психички, физички, финансиски, со нетрпение очекувавме почеток на разлабавување на рестриктивните мерки. Јас дури и јавно изразив надеж, пред ден-два, дека кон средината на мај можеби и полицискиот час ќе се укине… А истовремено, ги имав пред себе...
doktori.com.mk