Коронавирус (COVID-19)

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.134
Прочитај @gigovit што ме има цитирано. Од прееска сум со прашалници и во дилема дали воопшто да реплицирам.
За такви со хипотези ко неговите, би казнувал со 5000 евра при ојивно објавување на интернет.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.245
Поени од реакции
84.284
Хипотетички

Корона вирус, познат од порано, од пред пола век, предизвикува настинка, ретко компликации, би ги опишале како ептен слаби симптоми на грип, скоро постојано циркулираат низ целата популација и се скоро нормална флора сезонски на горните респираторни органи и при пад на имунитет предизвикуваат заболување.
Не е истиот вирус, станува збор за група на вируси, позната одамна. Овој е само дел од таа група и е нов. Корона ги викаат затоа што изгледаат ко круни, чии шилци им служат за закачување.

Хипотетички некој реши да направи војна без војна, па ја уклучи пропагандната машинерија. Војната вклучува жртви, страв за животот, изолираност на населението, пад на производство, недостаток на храна, сиромаштија, и конечно потрага по херои кои ќе го спасат светот по било која цена.
Не. Сите овие карактеристики ги има војната, но ако нешто ги има овие карактеристики не значи дека е војна. За да биде војна треба да има борба, физички судир помеѓу луѓе или нивни организации, на тактичко, оперативно и/или стратегиско ниво. Овие карактеристики се само нус појави на борбата. Инаку, жртви, страв за животот, изолираност на населението, пад на производство, недостаток на храна, сиромаштија, и конечно потрага по херои, има и кај природни катастрофи и други настани.


Хипотетички Швајцарски РОШЕ 2009 година оствари приход од 3.5 билиони франци од Тамифлу, кој и ден денес е под знак прашање дали лечи и колку лечи.
Ерго, да не им веруваме на вакцините за корона што ги спремаат? Гарант има нешто сумњиво.

Пропагандната машинерија на светско ниво (телевизија,интернет) денес е под рацете на
5-6 луѓе (најдобар пример што ти е глобализација), заедно со фармацеутската индустрија, почнаа со ширење на огромна паника околу овој вирус, со слики, видеа, изјави со сомнителна содржина, прво Кина со демек градење на болници за милиони пациенти, адаптации на све и свашта у болници, абе апокалипса доаѓа, прогласување на пандемија, заговарање на познатото мото од СЗО, тест,тест,тест, со цел за оправдување на одлуката за пандемија, да се создаде што поголема маса на болни со тестови што никој не може да докаже што фаќаат, колку факаат и како фаќаат. Имате секакви можни оправдувања досега непознати, но сега општо прифатени околу тестовите, како лажно негативни, лажно позитивни, само и само за да има ем забуна кај пациентите, ем да има оправдување кај стручната фела како е можно денес позитивен, утре негативен, па пак позитивен и така пинг-понг кинески.
Оваа вреќа со нафрлени информации служи само да зафаќа место во постот и нема никаква кохезија.

Хипотетички понатаму, прогласување на граѓаните за криви што ова се дешава, граќаните се криви и никој друг пошто не почитуваат мерките, па сега ќе мора да се носат и казни за да се дисциплинираат, полицијата сега е главен фактор во таа дисциплина, удри по народот, скрши му ја кичмата да види со кој си има работа, врти по цел ден со 50 коли во град, истата полиција која порано ја немаше никаде меќу народот и стоеше скриена у некои грмушки за да пише казни за возење. Донеси закони за пријавување и напрај го народот сам себе си најголем непријател, шири ја омразата.
Да така е. Сосема правилно. Тие што се курчат, треба да бидат казнети.

Хипотетички, измислување и пласирање на секакви можни симптоми со цел да не бидат уплашени само старите и хроничните, мора да биде вклучена и младата популација во црното сценарио. Изјави по медиуми на потресени дека му починал некој близок (нормално дека ќе биде потресен, сигурно нема да се смее), изјави од преболени колку тежок бил вирусот и колку тешко оздравеле, никаде не можеш да сретнеш изјави од милиони веќе кои преболеле без никакви симптоми (тоа не е интересно за читање, гледање).
Тоа ти што гледаш или ти се чини дека гледаш по медиуми, нема никакво влијание на оние кои се борат за живот во моментов.

Хипотетички, пишување во евиденцијата на сите починати позитивни на тој некој си тест, без никакви знаци на тоа,тоа,и тоа, постмортално тестирање кое не може да се спои со здрав мозок, пациенти од онкологија, пациенти од брза помош (починала жената на пат од струга до охрид), краен стадиум на дијабет и секакви можни други ситуации како одеднаш престанок на постоење на грип и други слични вирусни и бактериски инфекции. Германски КОХ институтот веќе престана од 16 март со следење на грипот и
нема никакви податоци после тоа. Одеднаш ситуација грип 0 - корона се друго.
Уште една бесцелно наполнета вреќa со информации без никаква опиплива цел, само овој пат полна и со доста неточни информации.


Пишувај пофокусирано и кохерентно. Објасни што сакаш да кажеш. Биди поконкретен.
 
Последно уредено:
Член од
6 август 2011
Мислења
2.067
Поени од реакции
2.344
Грција :toe::eek:
Кој сака да се самоубие да оди на одмор таму ...

Grcia.jpg
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
S

ski

Гостин
Која помош,од која држава и колку би траело тоа?
Тебе како безобразно себичен хипохондрик(ко грото тука) знам дека ти е незначителен бројот на изгубени работни места,најверојатно си финансиски стабилен(или мислиш дека си).
Ако трае ова колку што вие сакате,ќе те прашам тогаш...

Туку,што е со срцево болните,луѓето кои неможат на лекар да појдат за да се испитаат дали можеби развиваат канцер?
Вие хипохондриците барем треба да сте посебно исплашени од ова,или не?

Секојдневно излагаат на социјалните мрежи примери каде луѓе умираат од мозочни/срцеви удари поради хаосов.
Чукни ја тоа лејката малку,и ти и овие другиве пациенти што гракате за усраниве мерки и целокупниов хаос.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Дилемата што е приоритет спасување на животи или економија има две гледишта како би требало да се менаџира.Белорусија има свој начин на справување кој може за некој е оправдан и останатиот свет има друг начин на справување.
Не може да го игнорираме фактот што без мерки за контрола на ширењето на пандемијата ке има огромен број на жртви и факт е дека ни еден здравствен систем нема да може да се справи со неконтролирано шиење на вирусот.
Го разбирам твојот став и имаш валидни поенти но тоа не е правилен начин за справување со ситуацијава.
Тие срцево болни,дијабетичари и со намален имунитет баш поради нив се овие мерките за нивна заштита.
 
Последно уредено од модератор:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.551
Поени од реакции
87.767
Кога ги читам некои членови тука, си велам добро е што Коронава (и покрај тоа што лесно се пренесува) нема толкава голема смртност меѓу населението... да беше некоја пострашна пандемија налик бубонската чума или шпанскиот грип ќе имаше мајчето да ни се расплаче...
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.107
Поени од реакции
11.572
Крузерите кои се враќаат во Август бележат 200% пораст на букинзи споредено со лани

А вие се плашите за на плажа летово :D
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Кога ги читам некои членови тука, си велам добро е што Коронава (и покрај тоа што лесно се пренесува) нема толкава голема смртност меѓу населението... да беше некоја пострашна пандемија налик бубонската чума или шпанскиот грип ќе имаше мајчето да ни се расплаче...
Мислам дека според опасноста на нештото го прилагодуваш однесувањето кон неа. Или грешам?
 
M

Macedon1um

Гостин

Алсат открива нови индикации за периодот на смртта на членовите на семејството Манојлов од Велес, кои откако беа пронајдени починати, тестот кај мајката беше позитивен на Ковид-19. Констатациите дадени од судска медицина велат дека Ванчо и Катерина Манојлови починале кон средината на март, може да бидат демантирани од сметките за електрична енергија. Во декември, семејството Манојлов имало сметка за струја од 3.300 денари, која според доказите обезбедени од Алсат, се покажало дека е платена на 17 јануари 2020 година. Во јануари, семејството потрошило електрична енергија во висина од 4.000 денари, но истрагата на Алсат покажува дека оваа сметка не била платена. За месец февруари, март и април немало потрошено електрична енергија туку на адреса на семејството Манојлови била стигната само сметка за такса која се плаќа кога нема потрошувачка на струја. Неплаќањето на сметката за јануари и другите три сметки кои се доказ дека не се трошела струја ги отвораат сомнежите дека членовите на ова семејство починале кон крајот на јануари, односно Катерина Манојлова починала кон крајот од јануари, додека нејзиниот син неколку дена подоцна.

Сепак изгледа дека корона имало многу порано од што официјално кај нас се предпоставува, освен ако нешто утнале со тестирањето
 
Последно уредено:

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Треба да ги пазиме оние болни, стари и со намален имунитет, ама исто така треба да ги пазиме и “здравите“...за 6 месеца од сега сите ќе спаѓаме во таа група со намален имунитет, доколку нели се вменат оние строги мерки што повеќето од вас гледам ги сакаат.
Работа - дома, или само дома за тие што изгубија работа, да не можеш до парк да отидеш или да практикуваш било каква спортска(физичка) активност, да не можеш да ставиш 3 здрави и квалитетни оброка дневно на маса поради недостиг на финансии, и останатите глупости да не ги набројувам... ако на есен стварно има втор бран, смртноста дефинитивно ќе биде поголема, и покрај сите мерки, строги или не.
Мора да има баланс, и здравјето и благосостојбата на сите да се гледа, не само на оние “загрозените“.
 
M

Macedon1um

Гостин
Треба да ги пазиме оние болни, стари и со намален имунитет, ама исто така треба да ги пазиме и “здравите“...за 6 месеца од сега сите ќе спаѓаме во таа група со намален имунитет, доколку нели се вменат оние строги мерки што повеќето од вас гледам ги сакаат.
Работа - дома, или само дома за тие што изгубија работа, да не можеш до парк да отидеш или да практикуваш било каква спортска(физичка) активност, да не можеш да ставиш 3 здрави и квалитетни оброка дневно на маса поради недостиг на финансии, и останатите глупости да не ги набројувам... ако на есен стварно има втор бран, смртноста дефинитивно ќе биде поголема, и покрај сите мерки, строги или не.
Мора да има баланс, и здравјето и благосостојбата на сите да се гледа, не само на оние “загрозените“.
Ај за финансиите да разберам ама како тоа не можеш да практикуваш физичка активност кога имаш доволно време од 5 сабајле до 19:00 навечер ?

Или само да се пише нешто е работава..
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Ај за финансиите да разберам ама како тоа не можеш да практикуваш физичка активност кога имаш доволно време од 5 сабајле до 19:00 навечер ?

Или само да се пише нешто е работава..
Доколку се вметнат строги мерки ти вика и движењето да е само дома-работа-дома :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom