- Член од
- 12 март 2015
- Мислења
- 1.569
- Поени од реакции
- 3.215
Цела поента во видеото беше дека со тоа допринесуваш кон намален имунитет. Не дека тоа е единствената причина за намален имунитет. Така да, споредбата со твоите родители или пак со одредени хирурзи на кои тоа им е работа и кои се здрави, во секојдневие во кое нема светска пандемија и вирус кој лесно се пренесува а истовремено е смртоносен - не знам колку е соодветна. Не спориме во таа насока воопшто.Па за севкупен ти зборам де. И не мора да имам диплома, ти кажувам што гледам цел живот, мајка ми и татко ми носат маски и ракавици по 10 саати во денот како ништо, тетка ми па и плус опрема носи затоа што со цитостатици се оправа, досега требаше да се распаднати или рацете да им се со пликови при секој допир на лаптоп или мобилен.
За целосно дезинфицирање со глупостиве што почнаа да ги продаваат се согласувам, ќе ни се ебе мајката од алергии и автоимуни болести. Во домот не смееш да правиш хируршка сала, во домот спиеш, го поминуваш поголемиот дел од времето, таа средина треба да ја токмиш за оптимум.
П.С. Ако нешто значи, маски треба да носат според мене луѓе со хроника/компромитиран имунитет во затворен простор.
Нив муабетот им е дека покрај сите мерки што седиш дома и редиш еден куп средства за дезинфекција наоколу цела таа средина околу тебе ја правиш ДО ТОЛКУ не добра по твојот имун систем, а со тоа кога додаваш маски и нараквици во приказната само придонесуваш кон истото - намален имун систем. Никаде не рекоа дека самите маски и нараквици ќе те направат со намален имунитет само од себе си. Мислам дека во тој дел се разбираме.
Од друга страна, во право си за маските во смисла дека треба да ги носат тие што имаат мала имуна реакција кога се во затворен простор со други луѓе (маркети, банки и сл.) пошто тоа ќе го заштити нивното здравје и не претставува голем дел од времето (ете да речиме во маркет ќе се задржи 20 мин), но носење маски на отворено или било каде би било баш контрапродуктивно.
Сума сумарум, испаѓа дека ите како смртоносен вирус го направија баба рога со приказната дека е крај на светот, дека лесно се шири, а во суштина од сето тоа испаѓа дека навистина вирусот е смртоносен, но ниту крај на свет пристигна, ниту пак мерките кои се предложија спречија некое поголемо ширење пошто очигледно сам по себе со едни „обични“ мерки на лична хигиена го спречуваат да се шири понатаму.
Ние стигнавме во 21 век да гледаме на тв дека треба да миеме раце. Мислам стварно.
Во спротива, да се ширеше така лесно, од декември наваму ќе беше покољ насекаде... а очигледно не е така.
Ова важи особено за банана држави како нашите или пак за либерални во односот како Шведска, Холандија и слични...
Сепак на крај на ден, не се шири така лесно како што падават по тв и по нет 24/7 а со седењето дома и со „меркиве“ си ја поебавме секоја буква од тој ИМУН систем кој треба да го имаме.
За економските последици не пишам, си има посебна тема. Мада и за тоа јасно ни е на сите што не чека.
За масовната хистери и психичкото здравје на населението исто така нема да пишам, доволен показател е темава и што има уште луѓе што мислат дека од вирусот сите редум ќе испоцркаме начисто.