Коронавирус (COVID-19)

Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Па за севкупен ти зборам де. И не мора да имам диплома, ти кажувам што гледам цел живот, мајка ми и татко ми носат маски и ракавици по 10 саати во денот како ништо, тетка ми па и плус опрема носи затоа што со цитостатици се оправа, досега требаше да се распаднати или рацете да им се со пликови при секој допир на лаптоп или мобилен.

За целосно дезинфицирање со глупостиве што почнаа да ги продаваат се согласувам, ќе ни се ебе мајката од алергии и автоимуни болести. Во домот не смееш да правиш хируршка сала, во домот спиеш, го поминуваш поголемиот дел од времето, таа средина треба да ја токмиш за оптимум.

П.С. Ако нешто значи, маски треба да носат според мене луѓе со хроника/компромитиран имунитет во затворен простор.
Цела поента во видеото беше дека со тоа допринесуваш кон намален имунитет. Не дека тоа е единствената причина за намален имунитет. Така да, споредбата со твоите родители или пак со одредени хирурзи на кои тоа им е работа и кои се здрави, во секојдневие во кое нема светска пандемија и вирус кој лесно се пренесува а истовремено е смртоносен - не знам колку е соодветна. Не спориме во таа насока воопшто.

Нив муабетот им е дека покрај сите мерки што седиш дома и редиш еден куп средства за дезинфекција наоколу цела таа средина околу тебе ја правиш ДО ТОЛКУ не добра по твојот имун систем, а со тоа кога додаваш маски и нараквици во приказната само придонесуваш кон истото - намален имун систем. Никаде не рекоа дека самите маски и нараквици ќе те направат со намален имунитет само од себе си. Мислам дека во тој дел се разбираме.

Од друга страна, во право си за маските во смисла дека треба да ги носат тие што имаат мала имуна реакција кога се во затворен простор со други луѓе (маркети, банки и сл.) пошто тоа ќе го заштити нивното здравје и не претставува голем дел од времето (ете да речиме во маркет ќе се задржи 20 мин), но носење маски на отворено или било каде би било баш контрапродуктивно.

Сума сумарум, испаѓа дека ите како смртоносен вирус го направија баба рога со приказната дека е крај на светот, дека лесно се шири, а во суштина од сето тоа испаѓа дека навистина вирусот е смртоносен, но ниту крај на свет пристигна, ниту пак мерките кои се предложија спречија некое поголемо ширење пошто очигледно сам по себе со едни „обични“ мерки на лична хигиена го спречуваат да се шири понатаму.
Ние стигнавме во 21 век да гледаме на тв дека треба да миеме раце. Мислам стварно.

Во спротива, да се ширеше така лесно, од декември наваму ќе беше покољ насекаде... а очигледно не е така.
Ова важи особено за банана држави како нашите или пак за либерални во односот како Шведска, Холандија и слични...
Сепак на крај на ден, не се шири така лесно како што падават по тв и по нет 24/7 а со седењето дома и со „меркиве“ си ја поебавме секоја буква од тој ИМУН систем кој треба да го имаме.

За економските последици не пишам, си има посебна тема. Мада и за тоа јасно ни е на сите што не чека.

За масовната хистери и психичкото здравје на населението исто така нема да пишам, доволен показател е темава и што има уште луѓе што мислат дека од вирусот сите редум ќе испоцркаме начисто.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
лесно се шири, а во суштина од сето тоа испаѓа дека навистина вирусот е смртоносен, но ниту крај на свет пристигна, ниту пак мерките кои се предложија спречија некое поголемо ширење пошто очигледно сам по себе со едни „обични“ мерки на лична хигиена го спречуваат да се шири понатаму.
Ние стигнавме во 21 век да гледаме на тв дека треба да миеме раце. Мислам стварно.
Како мислиш мерките не придонеле со спречување поголемо ширење? :eek: Масовно се успори ширењето, како инаку ќе објасниш во Дебар како успеа да стивне за толку брзо време? Магија? :)

И да, малце се видеана за миење раце кога а влезеш во ЈСП смрди како да има труп внатре, па по логика ако некој се трпи себеси да смрди, можам да претпоставам ни раце после ВЦ дека не мие. Убаво некој имаше пишано на ФБ сега уште да извадат вирус што ќе те тера заби да миеш и да напреднеме малце. :)
 
M

Macedon1um

Гостин
Така е, пола ден џунгла пола ден милицајски сат, тоа се мерките кои даваат резултат
Џунгла не џунгла знам дека кај доста од случаите кои беа позитивни сите контакти им дадоа наредба за изолација, народот почна да носи маски, секој што се врати од странство седеше 2-3 недели во изолација итн. Да не беа овие мерки и седење дома верувам дека бројкава на заразени сега ќе беше 10-15 пати поголема
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.289
Поени од реакции
5.562
Гледам интрвју на Брајан Роуз со Дејвид Ајк, кое патем Јутуб го избриша исто и ги цензурираа London Real на сите платформи.

Во кое што се тврди дека магично со зголемување на бројот на заразени од корона вирусот бројот на инфицирани од нормален грип и слични болести се намалува во споредба со претходните години и дека така трпаат бројки

Ако некој налета на тој график онлајн пингнете ме тука или праќајте во инбокс сеедно.

Исто изнесе факт дека во САД за секој починат од грип болницата добива 4000 и нешто долари, за починат од корона 13 илјади а за починат од корона на аспиратор 39 илјади долари.

Значи не е муабетот за пари само кај нас.

Исто така налетав на многу видеа од доктори кои тврдат дека им се врши притисок за да наведуваат оти починале пациентите од корона вирус.

Не правам теории на заговор само изнесувам тоа што го најдам онлајн а не е во mainstream media зашто истите одамна ми се некредибилни извори.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.097
Поени од реакции
11.508
Џунгла не џунгла знам дека кај доста од случаите кои беа позитивни сите контакти им дадоа наредба за изолација, народот почна да носи маски, секој што се врати од странство седеше 2-3 недели во изолација итн. Да не беа овие мерки и седење дома верувам дека бројкава на заразени сега ќе беше 10-15 пати поголема
Да ќе беа, среќа го измислија половина ден полициски час па тоа не спаси.

И без затварање на економијата и општеството ќе ги имавме истите бројки од мерките погоре што ги спомна. Мерките кои го затвараат цел народ освен финансиска катастрофа ништо друго не даваат
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.472
Се извинувам ако е постирано видеово предходно.

Немам намера да лепам видеа со теории на заговор ама се трудам да бидам open minded и да изгледам нешто пред да го отфрлам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Па отприлика вака...

пред месец и кусур, пробав да му објаснам на она копилето од струга што паничеше и што ме пцуеше тука јавно ДЕКА доколку не се затворат сите граници насекаде во светот во исто време тогаш НЕМА некое поголемо фајде од некои мерки. Што во голема мера се покажа како вистина пошто вирусот шеташе од држава во држава како што шеташе и народот...
Цаца од скијање, прва кај нас
после онај прилепчанецот од Банско или Копаоник од кај се врати не знам, па некој доктор исто од Штип... така да тоа како мерка се виде како профункционира.

исто, мерка имавме до пред некое време затворање дома 24/7 четири до пет дена со ред - шо не гледам како му помага на имуниот систем. Ете не сум доктор ама не сум ни до толку глуп за да мислам дека така ќе е подобро отколку да се движам некаде во природа.

исто, мерка имавме каде наместо во тоа ск кај што живееш да има ДУПЛО повеќе автобуси луѓето да одат на работа, тие кретените ги укинаа автобусите и имаш во еден автобус 500 души накрцано каде растојанието од еден до друг човек е 0.01 милиметар. многу мудра мерка и одлука бај да веј.

па имаш мерка каде на пензионерите им беше дозволено да се движат во денот само 2 саати, и замисли ти во тие два сааати на што изгледаа банки, аптеки, маркети....

и ред други достигнуча од мерки кои ако продолжам да ги набројувам постот ќе биди 200 страници.

Токму затоа тврдам дека мерките и не постигнаа ништо позначително, напротив повеќе лошо можеа да донесат АКО вирусот се ширеше така лесно, но очигледно и тоа не е баш така.

Тука не мислам дека НЕ требаше да ги има воопшто со цел да се успори вирусот туку начинот на кој беа спроведувани ширум светот, а и кај нас е тотално несоодветен. Случајно или намерно, небитно.



Тоа се учи во 2 одд основно училиште. Не можиш да научиш возрасни луѓе да држат растојание или да не ти кашлаат во фаца. То ти се вика здрав разум, а тоа што го немаме јбг не се учи наеднаш пошто ниедна навика нема да ја искоренат истите преку ноќ - што и се покажа. Џабе трубењето по тв. Имаш луѓе оперирани од мозок.
За затворање на границите не можеш да ги обвиниш нашиве затоа што реално релативно брзо ги затворија и карантинот и самоизолацијата беа воведени една недела пред да ги затворат. Проблемот го направија луѓе кои не ги почитуваа људско искажаните мерки - Кондратенковци што испораширија низ цела Македонија бидејќи имаат фирма што работи со достава, скијачите од Прилеп зошто нели кај ќе не фати корона нас и фризерот од Кочани што шпарал по куќи да шиша гастербајтери, кој ако го имате на ФБ ќе видите како со последниот пост се потсмева со вирусот и работи без заштита.

За останатово како беше спроведувано кај нас се согласувам, автобусите и јавниот превоз нема никаков ред ни поредок. Пишав и кога беше несреќата кај Ласкарци и настана хаос со повредените и ги носеа кај која болница стигнат, немаме никакво спремно портфолио на активности кои треба да ги преземаме хитно при вакви ситуации (болести, епидемии, проблем од хемиска природа, верижен судир, масовен пожар итн.).

Во врска со полицискиот час и на темава е јасно дека како и да го наместеа пак немаше да одговара. Јасно е дека и да беше 1 саат во денот ќе имаше мемиња и плачења и да беше 23 часа во денот ќе имаше мемиња и плачења. Најголемиот проблем што го имаме веќе го пишав, може ќе се согласиш, можеби не, не е тоа што сакаме да шетаме по парк итн., камо среќа цел народ да е активен по паркови и планини, туку пустата навика да се оди по маркети, Камови по 100 пати на денот за кутија цигари, чипс, кока кола наместо да се купува што повеќе и што поретко... :) Се испоизмешаа каде стигнаа и префатија.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.681
Поени од реакции
18.946
Не ти зборам за конкретниов случај.
Имаше многу други примери (од кои јас лично знам еден) во кои член на семејство(татко/мајка) се заразува со ковид,а останатите НЕ.
Децата и другиот родител негативни.
А замисли живеат заедно,спијат заедно,јадат заедно...
Епа јас конкретно за овој случај отворив пост, не ми беше целта да ширам паника.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
За затворање на границите не можеш да ги обвиниш нашиве затоа што реално релативно брзо ги затворија и карантинот и самоизолацијата беа воведени една недела пред да ги затворат. ....
Не обвинувам ниту наши, ниту СЗО, никој. НО, се' што направија беше или задоцнето или крајно килаво.

За истото зборав пред месец и пол. Затвори граници насекаде, па кажи дека развлекуваш крива, дека спречуваш ширење и слично...
А не цела Италија во локдаун, а во србија уште скијаат, во британија и во уса премиерот и претседателот си играат дрнупка, во банско уште се рашетаваат македонци и слично.
Тоа не е ниту мерка ниту пак нормално справување со така сериозна ситуација (пандемија) - како што СЗО ни ја претстави и ни ја претставува. А сосема друг муабет колку смртни случаи и што се' треба да се исполни за да се прогласи нештото за пандемија и СКРОЗ десетта работа што во тоа СЗО треба да има светски експерти виролози, имунолози, епидемичари кои ќе излезат со СЕТ мерки во вакви ситуации и ќе ти речат... границите секаде затворење сега веднаш, носење маски и нараквици, социјално дистанцирање, одржување лична хигиена.
Наместо тоа во месец и пол (ШЕСТ недели) успеаа да го сменат својот став од „карантин, карантин, карантин“ во „ние мислиме дека моделот на Шведска е добар модел за справување со вакви ситуации во иднина“.
Што мене, како човек кој се обидува да мисли со своја глава, ми дава до знаење дека за КУРАЦ НЕ ГИ БИВА ни СЗО ни сетот на мерки кој го спроведуваа и ломотеа по тв.

Во врска со полицискиот час и на темава е јасно дека како и да го наместеа пак немаше да одговара. Јасно е дека и да беше 1 саат во денот ќе имаше мемиња и плачења и да беше 23 часа во денот ќе имаше мемиња и плачења. Најголемиот проблем што го имаме веќе го пишав, може ќе се согласиш, можеби не, не е тоа што сакаме да шетаме по парк итн., камо среќа цел народ да е активен по паркови и планини, туку пустата навика да се оди по маркети, Камови по 100 пати на денот за кутија цигари, чипс, кока кола наместо да се купува што повеќе и што поретко... :) Се испоизмешаа каде стигнаа и префатија.
Веќе напишав, не можиш да ги научиш луѓето на хигиенски мерки и на здрав живот преку ноќ. Свесноста за тоа требаше да ги поттикни нашите главовоџи да смислат подобар начин на спроведување на „мерките“ за да се избегни ширњето на вирусот.

Испаѓа работата, ниту мерки имавме на време, ниту пак тие што ги имавме ги спроведивме како што треба АМА изгледа Господ не сакал и не чувал па не фативме корона. Тоа споделувањето икони на ФБ си го стори своето. Амин.
(не се шири ова срање така лесно како што не лажат на тв, досега ќе испоцркавме да беше тоа случај)

Да не испадни дека се спрдавам со верата или со менталитетот на народот ама не можиш да очекуваш преку ноќ промена на миљето оти така налага сериозноста на ситуацијата туку треба да очекуваш од државните органи да ти овозможат подобро функционирање на државата - макар и во вакви услови.

Од Германците допрва има светот за учење. Пример за спроведување мерки.
Скандинавците, исто.
Тоа се должи на култура и самосвест, а секако и на функционално поставен систем.
Кај нас и едното и другото се мисловна именка.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
@Krstev да не ти го цитирам цел пост, се согласувам дека сме инертни и тоа не ни е проблем само сега кога се појави короната. Ако се вратиш уназад 20-30 години ќе согледаш исто дека и за многу ситуации реагираме кога веќе ќе дојде нож до коска наместо да бидеме проактивни.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.306
Поени од реакции
16.467
еве денес прв пат една гускетина од едно маркетче, што стои на врати и прска на раце, ми кажува абе господине ти не смееш да се движиш сега...до 11.. а бе какво 11 до 12 е и кажувам, а да земеш да не ги пушташ овие помали од 18 и тоа 80% доваѓаат без маски ...
Е тоа е тоа, потенцијалните ширачи на вируси, младите, најчесто одат БЕЗ МАСКИ, а старите кој се наводно ризични да се заразат од младите воглавном носат маски... а маските служат за да заштитиш друг од твоите вируси..
А има и друго, бев у станица за технички преглед, го гледам зевзекот на шалтер, а и 80% така се, маската само устата ја покрива, дури кога зборува ја смакнува... а да не кажувам за пушачите, маската им е воглавном смкната...
Е тоа етоа, а не полициски час за старците... па дома ќе им донесат вирус...
И пак да напомнам, Здравството ни е во зимски сон веќе 2-3 месеци... дали не се спремни, дали нема пари, не знам што е... а приватниве работат, ама зошто барем крвните анализи да не ги направи пациентот кај матичниот, па кај специјалистот на приватно да оди само еднаш ??? Чекаа 2 месеци, сега им текна докторите да ги прегледувале... Ало, се најавува ВТОР бран на Ковид 19 уште во Август !!!... во Ноември 3 Бран !!!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.388
Не сме само ние проблем тука, дури и да се затворевме скроз и целиот овој период да немавме ни еден случај, до кога? Не сме на остров и сме мала земја, кад тад мора да отвориш граници и некој ќе се зарази. Вирусот можеше да се спречи доколку Кинезите си ја фатија сериозно работата, сега со милион случаи да пробуваш да го спуштиш на 0 е нонсенс.
 
M

Macedon1um

Гостин
Да ќе беа, среќа го измислија половина ден полициски час па тоа не спаси.

И без затварање на економијата и општеството ќе ги имавме истите бројки од мерките погоре што ги спомна. Мерките кои го затвараат цел народ освен финансиска катастрофа ништо друго не даваат
Чешка и Шведска двете со ист број на население а различен пристап на мерките, после одредено време кај Чесите вртоглавно паѓа кривата додека кај Шведска некако израмнето па дури и угоре оди. Бројот на починати од корона во Шведска скоро 3000 додека кај Чесите 260 (11 пати помалку) и викаш исто ќе беше а ?

1.png

И тоа правиме муабет за Швеѓани кои и по природа се не толку социјални, живеат доста одвоено, имаат многу повисока култура да почитуваат правила и без строги правила и закони, додај тука и дека живеат поквалитетно од просечен Македонец и само замисли си што ќе станеше кај нас без строги мерки.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Чешка и Шведска двете со ист број на население а различен пристап на мерките, после одредено време кај Чесите вртоглавно паѓа кривата додека кај Шведска некако израмнето па дури и угоре оди. Бројот на починати од корона во Шведска скоро 3000 додека кај Чесите 260 (11 пати помалку) и викаш исто ќе беше а ?

Прегледај го приврзокот 249972

И тоа правиме муабет за Швеѓани кои и по природа се не толку социјални, живеат доста одвоено, имаат многу повисока култура да почитуваат правила и без строги правила и закони, додај тука и дека живеат поквалитетно од просечен Македонец и само замисли си што ќе станеше кај нас без строги мерки.
Абе постирај график од Еквадор или Бразил, тоа ќе беше и кај нас.

Иначе до сите што се просветливте од разни доктори хипстери и скриени видеа на интернет, еве го Несторовиќ, идолот ваш од пред 2 месеци. Слушајте го сега и кажете дали не се чувствувате глупаво?


Еленче бе појде во Милано за 8-ми март ?
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
Директно од Лондон, 80% од работите функционираат нормално, луѓето одат на работа едвај се и приметува дека постои епидемија, да не се медиумите и фудбалот немаше ни да се примети.
Информации од две братучетки што живеат таму, значи нема полициски часови, нема карантини, нема маски и ракавици... стварно во големи проблеми се.
Direktno od London, bratucedkite ili te lazat ili ne se u London. Skoro se e zatvoreno. U centralen London e stama, ulicite pusti, povekjeto rabotat od doma ili uopste ne rabotat. Eve ja od 1vi april ne sum na rabota, i 70% od lugjeto(okolu 700vraboteni) od mojata firma ne se na rabota. Mnogu firmi i prodavnici se skroz ili delumno zatvoreni. Nema standarden policiski cas ali smeeme da ispadneme samo do prodavnica, do rabota i ednas za vezbanje( trcanje, pesacenje i slicno). Butici ne rabotat uopste, mc donalds i ostali bea zatvoreni sea nekoi otvaraat ali samo za dostava. Berberi i frizeri se e zatvoreno. Maski i narakvici ne baraat da se nosi ali nekoi lugje preferiraat da nosat. Nema da olesnat merki se dodeka broevite nema da se namalat. Sega vekje imame preku 30k mrtvi i preku 200k zarazeni. Pocnaa da testiraat povekje iako malku kasno. Dnevno pristigaat okolu 15k lugje so avioni od sekade i ova mislam e najgolemiot problem zosto brojkite postojano rastat ali v3kje zborat za da gi stavat u karantin pri doagjanje.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom