Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
12 декември 2007
Мислења
4.827
Поени од реакции
10.196
Мојата сојузна држава во Германија прва одлучи денес да се отворат рестораните од наредната недела и хотелите месецов, со 50% капацитет и задолжителни резервации. Владата исто е под се поголем притисок да ја рестартира економијата, така да ќе следат и останатите сојузни држави кај и да е. Бранов најверојатно помина, време е да се враќаат работите во нормала и да се надеваме дека ќе остане ситуацијата под контрола и дека на есен нема да има полош бран.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Срам човече, на пола мкд кај нас треба интернетот да и се исклучи.

Не ме чуди што Финска е горе на врвот, сите се со образование, образовниот систем им е многу јак, не им се сведува на наметнати авторитети и се врши во земјата еден вид на селекција - ќе успееш во животот колку што самиот ќе си вложиш. Ако сакаш да двојкариш во основно и средно и после да лупаш зелени дека 5Г е штетно, државата нема да те спречи во тоа ама и никој друг нема да те сфаќа за сериозно.

Може некој да пастира како стои Финска со бројки на тема корона случаи?
Добри се. “Златна” средина.

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.097
Поени од реакции
11.506
Зошто бараш повеќе тестирања? Кога помалку тестирања=намалување бројот на заразени= побрзо отварање на угостителски објекти и се друго да се врати во нормала нели тоа го сакаш и за тоа цело време замараш овде. Ко за некој што без проблеми ќе го прележе грипот многу си активен на темата. А за тестираеата значи малку се тестираат дека нема многу луѓе што се пријавувват со симптоми што е супер. А не дека сакат да скријат бројки барем јас така сфатив.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Масовно тестираат или барем со исто темпо и во Германија и Швајцарија и ред други па сепак од следната недела се враќаат во „нормален живот„ со скоро се отворено. Зголеменото или масовното тестирање ќе доведе до јасна слика за бројни фактори кои влијаат во ширењето на вирусот, колку е распространет (prevalesence) и према реалната слика да се направи конкретна стратегија за враќањето во нормала. Без ова инфо немаш добри информации како вирее вирусот во твоите граници. Тогаш одиш на слепо „ќе затвориме школи ама ќе одржиме избори)

Абе еден Џибути со милион население и 1100 заболени и 6 жртви има скоро дупло повеќе тестирања по глава на жител од Македонија
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.792
Поени од реакции
12.274
Штета не можев да најдам за сите држави, а во ОЕЦД не се овие што ги споменувате
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Најдобро е со контролирани мали бранови да се оди до пред зима. Ако нашиве стварно го планираат тоа, т.е. намерно сега ќе намалат тестирање, за да почна луѓево да се заразуваат и да се створат мали кластери, кои после повторно ќе се сузбијат и така до пред зима едно 2-3 пати, тогаш тоа му е одлична стратегија.

Ако оставиме за до зима тогаш можи да биди катастрофа, заедно грип и корона лудница ќе биди, тоа нема да биди бран, цунами ќе биди.

Туку не ги гледам на темава ова заговорнициве на отворање на економијава, маски неносење дрн, дрн, откако Драган Вучиќ почина.

@A__ веќе неколку пати ме заебаваш со ова сарказмов твој :)
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.879
Поени од реакции
4.409
Не го разбрав министеров сега за отварањава од следна недела? Од образовниве институции само градинките ќе се отвараат или сите образовни институции? Ако важи за сите многу глупа идеја,калакурница ќе биде по автобуси пак.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.792
Поени од реакции
12.274
Ние не збориме тука за вкупен број на истестирани, туку зашто бројот на тестирање опаѓа.
не знам зашто опаѓа. Прашуваа за масовно тестирање па дадов табела за 30-40 држави и каде би биле ние со тестовите во моментов на 1000 жители.
А ако е фатален како што кажуваат за 5-6 групи жители, можеби треба нив масовно да ги тестираат.
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
Не го разбрав министеров сега за отварањава од следна недела? Од образовниве институции само градинките ќе се отвараат или сите образовни институции? Ако важи за сите многу глупа идеја,калакурница ќе биде по автобуси пак.
Учениците нема да се враќаат во училиште до крај на учебна година.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.792
Поени од реакции
12.274
Најдобро е со контролирани мали бранови да се оди до пред зима. Ако нашиве стварно го планираат тоа, т.е. намерно сега ќе намалат тестирање, за да почна луѓево да се заразуваат и да се створат мали кластери, кои после повторно ќе се сузбијат и така до пред зима едно 2-3 пати, тогаш тоа му е одлична стратегија.

Ако оставиме за до зима тогаш можи да биди катастрофа, заедно грип и корона лудница ќе биди, тоа нема да биди бран, цунами ќе биди.
Туку не ги гледам на темава ова заговорнициве на отворање на економијава, маски неносење дрн, дрн, откако Драган Вучиќ почина.
ако веќе инсистираат на некое од заболувањата наведени на страната на МЗ плус висок притисок, а во врска со тоа што почина Вучиќ и веста дека имал хронично заболување, треба да се инсистира на изолација на лицата со такви заболувања и акцент на нивно тестирање и следење на состојбата, посебно во време на вонредна состојба.
Вака трагични вести каде се вметнува некоја претходна состојба со -починал ама имал дијабет- се нонсенс (можеби нечие оправдание) без да се преземат мерки за нивно следење. Само маски се џабе за тие лица. Овие лица без терапија и/или вакцина не смеат да се заразуваат.
Мислам на овие лица
Се утврдуваат следните категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:
Хронични респираторни заболувања;
Тешки кардиоваскуларни заболувања;
Дијабет – ТИП1;
Малигни заболувања; и
Имуно-компромитирачки состојби.
 
Абе џабе на некој луѓе не можиш да му кажиш се откажав веќе, не само на форумот, туку и мој блиски.

Така да ако некој не сака да носи маска, ако му се шета не сака да седи во изолција, негов живот си има ум, можеби ги прифаќа предизвиците, не сака да биди во затвор.

Оти треба 1.200.000 во Македонија да се заразат од Коронава.
120.000 треба да се поболат.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Два месеци подоцна ова квази новинариве се уште зрачат во етерот со сервилност и глупоќа.
Ај на почетокот малку што се знаеше за вирусот, мерките, тестирања и се останато, практично немаше врз што да се прави споредба за нивната ефикасност бидејќи цел свет пливаше во исти гомна. Сега има некаков основ за споредби, материјал за прашања еден куп, комотно да го напикаат в шише овој министеров. И овие претаат в место, не можат едно прашање да запомнат и после се чудиме зошто сме биле на дното по медиумска писменост.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.879
Поени од реакции
4.409
Учениците нема да се враќаат во училиште до крај на учебна година.
На факултетиве мислев.Исто и другиве образовни приватни институции :D
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.577
Два месеци подоцна ова квази новинариве се уште зрачат во етерот со сервилност и глупоќа.
Ај на почетокот малку што се знаеше за вирусот, мерките, тестирања и се останато, практично немаше врз што да се прави споредба за нивната ефикасност бидејќи цел свет пливаше во исти гомна. Сега има некаков основ за споредби, материјал за прашања еден куп, комотно да го напикаат в шише овој министеров. И овие претаат в место, не можат едно прашање да запомнат и после се чудиме зошто сме биле на дното по медиумска писменост.
Еве на што е сведено новинарството кај нас. Да му се згади на човек.

Член од
23 август 2010
Мислења
39.511
Поени од реакции
114.617
@Ne_sum_ja @Stefan-kobe
Гледам двајцата имате искоментирано (барем во последниве страни) за бројката на тестирани. Исто и мене ми падна тоа во очи ама не мислите дека тоа е причина за се' помалку пријавени со симптоми и дека причина за намалениот број на тестови е што неам случај ко Цаца, Контраденко и брачниот пар од Дебар кои што ебаа матер и испозаразија голем број луѓе (поради тоа имаше и голем број тестови)?

Чисто како размислување, што не мора да значи дека е точно.
Спомнал и Сајбер, ама да дополнам и јас. Сигурно има нешто во тоа што го спомна ти, ама од друга страна имаше дешавки во Куманово ако не се лажам, мислам не како брачниот пар од Дебар или Кондратенко ама пак нешо така беше.

Види, за очекување е да се намали бројот на заразените, сепак имаме вонредна состојба, рестриктивни мерки, забрани за движење во текот на викендите, тие што доаѓаат од странство се во карантин 14 дена, ама брат пред 3-4 дена 700 и кусур тестови дневно се правеа, денес 113... Некако ептен нагло смалување е ова, плус нели ги стегнаа мерките околу тестирањето, веќе не се тестираат тие со симптоми, него тие со влошена состојба.
Башка месец и кусур Филипче и компанија најавуваа пик на крајот на април и почетокот на мај, за сега да испаднат контрадикторни до коска.

Пази, дај Боже вака да продужи и што помалце заболени и тестирани да има, а што повеќе оздравени, ама може проблем да настане ако има некој потенцијално заразен што не сакаат да го тестираат бидејќи има благи симптоми или воопшто ги нема. За изборите убеден сум дека се една главните причини за "олабавувањето" на мерките што ги спомнав погоре, зашо во ситуација каде има голем број на заболени не може да се организираат било какви настани, особено не избори.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967

Голема е веројатноста да сте во право и двајцата (и оние кои делат ваш став) затоа што денес налетавме на вакви коментари од фунцкионери на до вчера владеачката партија.

1588607367479.png

Постов не сакам да биде сметан како политички нит па да поттикнам политичка дискусија која секако треба да биде санцкионирана од модераторот него само бараме причина за намалување на направените тестови. @AlternativeF реагирај ако не се согласуваш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom