Спомнал и Сајбер, ама да дополнам и јас. Сигурно има нешто во тоа што го спомна ти, ама од друга страна имаше дешавки во Куманово ако не се лажам, мислам не како брачниот пар од Дебар или Кондратенко ама пак нешо така беше.
Види, за очекување е да се намали бројот на заразените, сепак имаме вонредна состојба, рестриктивни мерки, забрани за движење во текот на викендите, тие што доаѓаат од странство се во карантин 14 дена, ама брат пред 3-4 дена 700 и кусур тестови дневно се правеа, денес 113... Некако ептен нагло смалување е ова, плус нели ги стегнаа мерките околу тестирањето, веќе не се тестираат тие со симптоми, него тие со влошена состојба.
Башка месец и кусур Филипче и компанија најавуваа пик на крајот на април и почетокот на мај, за сега да испаднат контрадикторни до коска.
Пази, дај Боже вака да продужи и што помалце заболени и тестирани да има, а што повеќе оздравени, ама може проблем да настане ако има некој потенцијално заразен што не сакаат да го тестираат бидејќи има благи симптоми или воопшто ги нема. За изборите убеден сум дека се една главните причини за "олабавувањето" на мерките што ги спомнав погоре, зашо во ситуација каде има голем број на заболени не може да се организираат било какви настани, особено не избори.