Серијава хејтот си го добива заслужено, пробаа на старт да прикажат дека ќе прават дело со добра приказна, идеално скоцкан план, професорот и Берлин како мастермајндови и на крај и ебаа матер ја отераа во шпанска сапуница се со цел машинеријата Нетфликс да може да цица пари уште неколку сезони. Добра им била замислата на шпанците да ја завршат со една сезона, ама овие им ја сецнале на две од старт, па после и продолженија.
Нетфликс во голема мера не се замара за квалитет, тие како провајдер и продукција одат на кантитет, квалитетот им е второстепен. Да факт е дека направија големи промени во индустријата и за ликови како мене што гледаат сезона-две во едно деноноќие се топ со тоа што објавуваат цела сезона одеднаш и нема чекање епизода по епизода, ама квалитетот на нивните серии е неспоредлив со оној на сериите од HBO (The Wire, The Sopranos, GoT, Six Feet Under, True Detective, Band of Brothers, Veep, Chernobyl, Curb your Enthusiasm, Westworld, Boardwalk Empire..).
Ако сакаа да ја тераат серијава како што ја тераат во 4та сезона, тогаш требаше да има од сам старт таква насока и да се смени жанрот, серијата да си биде чисто за релаксација, оцена околу 7че и за тепање време е арна. Нема ништо лошо да има невозможни моменти акции каде што се пукааат сите, скокање со автомобили, мотори, спасување на затвореници, ама во тој случај се очекувањата поинакви. Сум ги гледал сите продолженија на: John Wick, Transporter дел од Fast and Furious, Shooter и ок се за тепање на време, али во тој случај од сам старт не се замараш и да бараш никаква логика, едноставно чекаш добра акција како да си во фрст персон шутер игра, еден влегува му ги крши кичмите на сите или пак му дава хедшот на 50 души на брза рака и си заминува.
Е сега Money Heist пробуваат да интегрираат од една страна план од мастерманјд кој шансите за да помине се многу блиски до нулата, а истовремено и пукотници, кршење на кичми, пукање со снајпери (Токио само да го додржи тој снајпер на рака и да ги пука снајперитите на другата зграда прецизно да ми се јави, чудото тежи сигурно преку 10кг и има трзај да ви го откорни рамото), спасување на затвореници, па интриги и политички игри и бла бла глупости. Дополнително и тоа што ги прават дебили специјалните единици кои денес се опремени со термални камери, антени со кои може да ве слушаат од надвор што зборувате до детал, гасови со кои може да ги успијат за помалку од минута сите во зградата и да ги извлечкаат како партали, дронови кои ако ве фатат на снимка ве следат како куче по вас. За жал од една страна пробуваат да го прикажат современиот свет, а од друга страна ги прикажуваат специјалците како да се заглавени во 90тите години и планот е штиман максимум за да помине пред 30 години кога немаше ни камери по улици ниту ваква технологија.
Не туку гледа на каде може да прави пари во иднина, ставовите кои во професионален живот ги изјавува некоја славна личност не значи дека се и реалната оцена, едноставно за новите генерации ветрот дува во креирање на вакви тралалајки, добар показател за ова се и останатите трендови: музика, јавни фаци, забавни емисии, идиотските челенџи и тн.