Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Сте го убиле Vice (2018) освен @redhead ама да не не е оваа шо ја тагнав? нема везе, се избришала
1587205813995.png
1587205422381.png

А ја му клавам 10/10.
Храбри потези внесе режисерот, сарказам врхунски, behind the scenes/eye opening, глума, шминка, „сродството“ со раскажувачот... и in-between credits има многу јака сцена :D
 
Последно уредено:
Escape from Pretoria so даниел Редклиф. филм по вистинска приказна загрупа од бунтовници против аперхејдот во Јужна Африка во 80' години од 20 век. Убаво срочен, со добра глума. Прпеорачувам 7.5/10
Најлош филм со бегство од затвор. 1/10 оцена.
 
Austin Powers 3, опенинг, кога ги гледав првпат филмовите скроз ме збуни а у исто време за момент и разочара кога видов и поверував дека Том Круз ке го глуми Остин. Брилијантно изведено, безвременска комедија. :)
 

Се јави старово...
Имал нула интерес за Dune... и Јодоровски имаше нула интерес за неговиот Dune.
 
Ми фалат мислењата на Вато за џокерот, скоро и да заборавив дека постои филмот откако он не не потсетува тука
 
Од Dune (2020) имам оправдано прилично високи очекувања, мислам дека Вилнев е мајстор на жанрот, Шаламеј делува како солиден избор за улогата на Пол Атридис, за Чани не знам, гледам дека оделе кон рејшл дајверсити и целење кон помладата публика со изборот на популарната Зендеја, Лејди Џесика, мајката на Пол е одличната Ребека Фергусон (која ја знам од The white queen и Mission impossible), Џош Бролин (Танос) игра една од улогите и Џејсон Момоа се појавувал исто така. Баронот Харконен, кој ме вадеше од памет и од кого не можев да заспијам ко дете, во новава екранизација го толкувал Стелан Скарсгард, кому одлично му лежат улоги на негативци и за кого претпоставувам дека со добра протетика ќе биде брилијантен во ролјата. Малку е да се каже дека сум „хајпната“ уште од првиот пат кога чув за проектов.

 
Леле ептен мразам што сценава е постирана over and over као 2deep4u тип на слика.
Па Џокеров не е олку користен за глупости ко филмов

1587672131513.png

Damn, so deep ова кажува дека богатите не се во контакт со ниската класа, daaamn, so crazy, wow this says a lot about our society

Топ, сега сакам во ХБО серијава да биде ориентирана за некоја Корејска фамилија што работи на село 16 саати дневно и ора и копа и се моли секој ден за дожд.

Нормално, еден ден ќе добијат вода и ќе кажат "Јееес! Конечно!!!! Нашите молитви се сослушани!!! Сега имаме се што ни треба! Јееј силен доожд!!"

А веднаш во следната сцена децата од филмот ќе седат надвор од својот дом, ќе јадат пица, ќе користат ви-фи и преку своите мобилни ќе пишат "Damn, изгубивме се, smh, требаше да лажеме и крадеме повеќе за да успееме"

This says a lot about our society.
 
Депре его комплекс.
Последниве денови поради тоа што станува досадно и премногу римејкови и слично, решив да сосема случајно да пребарам на IMDb малце подлабоко по рејтинзите без разлика од која држава и која продукција се.

PK (2014)

34cce.jpg


Значи дечки, ова се вика MASTERPIECE!!! Јас сум просто изненаден, не очекував индиски филм / продукција вакво нешто да извади. "Странец" само што пристигнува во Индија, веднаш му го крадат уредот со кој комуницира со неговиот вселенски брод. Па така, бидејќи е принуден да остане во земјата... започнува да го учи светот во кои живеат луѓето, но истовремено бара начин да го пронајде својот уред. Па тука филмот едноставно се претвара во сосема уникатно истражувања за тоа колку само комплексни философии имаме, колку религијата е безврска и дека се прави само за бизнис...

Луѓе гледајте го филмот, нема да зажалите. Дајте им шанса на "странските" филмови, не ги осудувајте пред време.

Оценка: 10/10

PS, Холивуд гомна да јаде!
Мене искрено овој ми беше мех. Сега скоро гледав ~10 индиски пошо бев на IMDB TOP 250 quest.
И можам да ти кажам дека Like Stars on Earth, Dangal, 3 idiots и Andhandhun се врвот.
Овој беше многу лабав за мој вкус а и многу наивен.
Глумецот ептен ми се свиѓа, глуми у 3 од овие 4 филмови што ти ги набројав ако не се лажам, ама во ПК беше детски глуп некако. Да, разбирам таков беше ликот но...
 
Последно уредено:

Ова ќе е ремек дело. Со нетрпение го чекам.
Го најдов онлајн на некоја српска страна. Партали е филмов. 8 поглавја од животот на едно детенце, сите бизарни до крајности, без автонцензура. Тежок, мачен филм, го носи шмекот на Бела Тар/Тарковски, The White Ribbon и Come and see на Климов. Дефинитивно филм кој останува после гледање со вас. Внимателно сработен, без некои опасни дијалози, визуелно одличен и приказната се развива таман. И актерската екипа гази. Како за чешки филм, режисеров успеал да собери супер ликови.

Го препорачувам.
9/10 од мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom