Долг пост јер вишок време и неколку неделен пост од темава...
Македонија како слепо црево во Европа, во многу сегменти прави copy-paste од запад или поблиски ЕУ-насочени држави (од бизнис идеи па се до целосни преписки на закони). Меркиве не беа исклучок.
И доколку имаше некакви промени надвор од ископираното, тоа беа некои МИКРО модификации ала оние 30 минути дозвола за кучиња. Тука е огромниот проблем кој се појави со меркиве... истите не се специфични за нашето поднебје, за нашите навики и реалност. Како европска директива кога се усогласува со македонско законодавство, ама тотално исто. Обично парче хартија, тоалетна е еехеееј, има вредност некаква сега.
Стигнаа да напраат фама од некоја што пишала "министре оплоди ме"... а никој не примети колку пати министерот кажа "Ќе биде разгледан предлогот барањето и слично" за да истото се заборави за навек. Без оглед за какво барање станува збор и степенот на дебилизам на истото.
Се гледа дека Коста и таа НВО раја им држеле некој "Damage Control" PR вебинар на овие од Владава, од километар. Мене ми е смешно затоа што е толку провидно и како и све во нашава држава - површно.
Плус, поради надоаѓачките избори, многу се калкулира(ше) за јавното мнение и имиџот на власта уште при сам старт, и додека не соберат доволно sample-ови од мислењето на народот не донесуваат мерки, затоа и можеби задоцнетиот карантин. Сакаа да бидат сигурни дека народот генерално е согласен на такво нешто, пошто недај боже да имаат лош ПР, ќе му се врати анксиозноста на Коста. Има одредена политичка сензибилност во Македонија која ја прави целава оваа ситуација уште поспецифична од што е.
Мерките (во најширока смисла на збор, не као забрани за искачања и слично) се донесоа премногу набрзина и недоволно и нетемелно се анализираа состојбите карактеристични за МКД, затоа и толку мрчатори, ако се исфилтрираат оние кои им е досадно и го хејтаат од што немаат попаметна работа или ради политички афилијации.
Друг проблем со ова е неспособноста на било кое ниво од власта да мисли малку подалеку, подолгорочно и посеопфатно во поглед на последиците и новонастанатата ситуација. Но и овој аспект е во корелација со општото когнитивно/бихевиорално/социјално ниво на развиеност на народот овде.
Економските мерки се уште еден спектар од ова и пошто има друга тема, нема да замарам овде, само ќе кажам дека и тоа е површно, ископирано, политички и популистички искалкулирано и тн.
Не развија никаква државна стратегија за социјално, когнитивно, психолошко, па и суптилно економско справување со кризава, луѓето буквално се оставени сами на себе, имаат премногу време, конзумираат она што им се сервира... ако се додаде на ова економската криза која надоаѓа, ќе биде пепел. Гледање подалеку од брегот - слабо некако.
Државно-спонзорирани програми за преквалификација, доквалификација, онлајн курсеви, флексибилни сертификати и тн и тн и тн во малку поразвиените држави функционираат на големо. Кај нас се лансираат нетестирани апликации и редица други површни алатки за справување со кризава тек пред 1 недела се пуштија, ама битно про-форма се пуштени. Администрацијата ни е скроз ригидна, онака буквално е сон да се замисли како флексибилно се справува со се ова.
Нема никаква систематизираност во целава оваа работа, нема длабочина, нема никакви темелни механизми кои досега 5 пати требаа да бидат имплементирани. Распад систем... сите активности се на hold... администрација братче лабаво, 4/20 им е секој ден, на колективен одмор... DREAM JOB ако тоа е воопшто job а не фармање гласови. Пензионерите ТВРДОКОРНИ ко рима на ЛД пистол П, нема што да ги коментирам.
Квалитетот на медиумите во Република Македонија, кое знаев дека е Руанда level, уште толку ме разочара. Да нема еден асален медиум, да нема ништо ама онака асално све е или кликбејт, со политичка или себе-промовирачка умисла, права катастрофа. Статииве копи-пасте. Не знам кој ѓавол ме тераше еднаш да вклучам контактна емисија... МИ СЕ ПЛАЧЕ ПО ВРЕМЕТО КОГА 24/7 ЗБОРЕА ЗА ПОЛИТИКА. Го слушав претседателот на Стопанската Комора (на тв 24 / телма?), па каааааааааде бе со такви дибеци? Мислам, се гледа човекот дека е некомпетентен во секоја смисла на зборот, од однесување, знаење и речник. Од такви ли да очекувам дологорчност и одржливост?
Постарото население е по-склоно на земање информации здраво за готово и тешко менуваат мислење. Ќе прочитаат некој малоумен лик што напишал на нет и тоа ќе им остане трајно, цел живот со предрасуди ќе си останат. Предрасуди и просперитет едноставно не идат заедно.
Културниве институции братче објавија видеа/претстави/изведби на нет, демек wow... во 2020, време на милијарда стриминг ПЛАТФОРМИШТА... и нормално "театар/опера/балет" рајата се покажа дека се интелектуално изградени и ги почасти со share, чисто ко да кажат "ej, ја сум љубител на театарската уметност, I am better than you". Мислам се тоа е океј не дека хејтам, ама мораше корона да се деси за да сфатам дека сме влегле во 2010 на поле на културата и уметноста и интернет.
Фонд за иновации, мислам до кога ќе се лажеме... дај боље министерство за поморство нека напраат, барем езера имаме.
Све се гледа опортунистички, краткорочно, набрзина... Ништо длабоко, темелно и одржливо. Се што сме се откорнале од хејт, верувајте на многу посуптилен и пософистициран начин ќе ни се врати 10х појако. 30 години масовно крадење и купување социјален мир, во наредниот период тоа ќе биде уште толку експлоатирано на сметка на било каков државен просперитет. Ќе си продолжиме со хибернацијата, непросперитетот и сеопшта стагнација уште толку повеќе од претходно, пошто очигледно дека е најлесно и наједноставно едно вака раслоено општество да функционира на таков начин. Секад по пократкиот пат се брза.
Но, се чини најтрагично и најранливо за нас како држава покрај нели здравството и економијата е
поларизираноста на општеството која е уште понагласена заради кризава (можело и повеќе, да). Покрај нели, илјадниците кежуал поделби во мк на кои сме навикнати, се јавија многу нови радикални поделби, еве најконкретна која во моментов ми текнува е домицилно население - емигранти која претходно ја немаше, барем не до овој степен. Ги има уште мал милион ново никнати поделби... И да, за истите НИШТО не се превзема. И баш тој identity politics проблем кој хара по западниве земји кај нас е многу истакнат, дури би рекол ретко кој е свесен за постоење на истиот, а декади се во прашање додека да се преземе нешто на таа тема. Тек допрва таа радикална поделеност ќе ни се одрази.
The devil is in the details, колективната свест и колективниот ум ни се на многу ниско ниво и баш мислам дека тие суптилни детали од кризава за кои постои многу мало сознание во МК, на крај ќе не докрајчат као Џон Сена кога скока од ќош на ринг у WWE.
Све што се прави е про-форма, ништо длабоко. 5 души носат некакви копировки од мерки, препораки, начини на функционирање, а вие како сакате правете и се е оставено уствари на вас. И народот, навистина како сака си прави.
Тешко е да се остане трезвен и нормален периодов. Уште повеќе кога тука нормалното е субјективно ненормално и vice versa.
Гадното тек доаѓа другари...
