Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Слушај, ти ја направи глупата споредба. Се согласувам, има премногу варијабли за да можеме јас или ти да направиме релевантна екстраполација. Затоа има луѓе кои се бават со оваа проблематика, на професионално ниво и сложни се дека вирусот полесно се пренесува и дека смртноста е ред големина поголема од онаа на грипот.

Споредбата не е „глупа„ има за цел да покаже дека една бројка како информација апсолутно ништо не значи ама во овој момент 99% од луѓето „се палат„ на таблоидни наслови.

-Леле, 24к жртви во Италија (а појма нема дека за 4 години во Италија од сезонски грип умреле преку 80к луѓе)

Короната сега е трендинг и сите луѓе се заинтересирани за неа. Најнов наслов денес: 180k жртви од корона низ светот!

Вау, ќе си помислиш. А тоа што, за исто време од кога почна корона, умрени се 3 МИЛИОНИ луѓе од глад (претежно деца, низ светот 9 милиони секоја година умираат од глад) а 200к старци од корона...

Нели е малку дрско да му ја секираме толку за корона?
 
Кога ја правеле монтажава во некој вмровски штаб, можеле да ја тргнат плавата граница лево и да го порамнат текстот.

Бајдвеј среќа и постои Дарко Тикваров.

едит: постоеше


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
А дали тие професионални луѓе, досега, објавиле статистички податоци за заразените во РСМ? Освен географски, каде се старосни, полови, колку од починатите биле со скоро уништен имун систем, нешто релевантно ова-она...
Сега секој да умре од било што одма објавуваат од корона умрел...

Последниве два месеци никој нема умрено ниту од рак, ниту од тумор, ниту од леукемија, ни од срцев ни од мозочен удар, ни од откажување на бубрезите...

Старчишта (вапери) си умираат од природна смрт на возраст од 87-92 години и за нив ќе речат од корона умреле...

Сега и во тешка сообраќајка да загине човек пак ќе речат од корона умре...
 
Сега секој да умре од било што одма објавуваат од корона умрел...

Последниве два месеци никој нема умрено ниту од рак, ниту од тумор, ниту од леукемија, ни од срцев ни од мозочен удар, ни од откажување на бубрезите...

Старчишта (вапери) си умираат од природна смрт на возраст од 87-92 години и за нив ќе речат од корона умреле...

Сега и во тешка сообраќајка да загине човек пак ќе речат од корона умре...
Ти од кај знајш кој од шо умрел, попис да не прајш во погребалното ?
 
“Се спремаат земјите, како и ние што се подготвуваме, на еден нов пик на есен, кога освен пациенти од Ковид 19 ќе има и дополнителен број пациенти од сезонскиот грип. Оваа приказна нема да заврши, ќе трае и веројатно ќе заврши со вакцината која ќе дојде во 2021-та година. Ќе влезе во навика да се носи маска а со тоа и контролата ќе биде полесна” – вели Филипче.
 
Последниве два месеци никој нема умрено ниту од рак, ниту од тумор, ниту од леукемија, ни од срцев ни од мозочен удар, ни од откажување на бубрезите...
Како го заклучи ова?
Не јавуваат на вести за секој што ќе умре од било што, треба да ти се блиски или познати за да чуеш ... Само за корона јавуваат, па така ти личи претпоставувам
 
Долг пост јер вишок време и неколку неделен пост од темава...

Македонија како слепо црево во Европа, во многу сегменти прави copy-paste од запад или поблиски ЕУ-насочени држави (од бизнис идеи па се до целосни преписки на закони). Меркиве не беа исклучок.

И доколку имаше некакви промени надвор од ископираното, тоа беа некои МИКРО модификации ала оние 30 минути дозвола за кучиња. Тука е огромниот проблем кој се појави со меркиве... истите не се специфични за нашето поднебје, за нашите навики и реалност. Како европска директива кога се усогласува со македонско законодавство, ама тотално исто. Обично парче хартија, тоалетна е еехеееј, има вредност некаква сега.

Стигнаа да напраат фама од некоја што пишала "министре оплоди ме"... а никој не примети колку пати министерот кажа "Ќе биде разгледан предлогот барањето и слично" за да истото се заборави за навек. Без оглед за какво барање станува збор и степенот на дебилизам на истото.

Се гледа дека Коста и таа НВО раја им држеле некој "Damage Control" PR вебинар на овие од Владава, од километар. Мене ми е смешно затоа што е толку провидно и како и све во нашава држава - површно.

Плус, поради надоаѓачките избори, многу се калкулира(ше) за јавното мнение и имиџот на власта уште при сам старт, и додека не соберат доволно sample-ови од мислењето на народот не донесуваат мерки, затоа и можеби задоцнетиот карантин. Сакаа да бидат сигурни дека народот генерално е согласен на такво нешто, пошто недај боже да имаат лош ПР, ќе му се врати анксиозноста на Коста. Има одредена политичка сензибилност во Македонија која ја прави целава оваа ситуација уште поспецифична од што е.

Мерките (во најширока смисла на збор, не као забрани за искачања и слично) се донесоа премногу набрзина и недоволно и нетемелно се анализираа состојбите карактеристични за МКД, затоа и толку мрчатори, ако се исфилтрираат оние кои им е досадно и го хејтаат од што немаат попаметна работа или ради политички афилијации.

Друг проблем со ова е неспособноста на било кое ниво од власта да мисли малку подалеку, подолгорочно и посеопфатно во поглед на последиците и новонастанатата ситуација. Но и овој аспект е во корелација со општото когнитивно/бихевиорално/социјално ниво на развиеност на народот овде.

Економските мерки се уште еден спектар од ова и пошто има друга тема, нема да замарам овде, само ќе кажам дека и тоа е површно, ископирано, политички и популистички искалкулирано и тн.

Не развија никаква државна стратегија за социјално, когнитивно, психолошко, па и суптилно економско справување со кризава, луѓето буквално се оставени сами на себе, имаат премногу време, конзумираат она што им се сервира... ако се додаде на ова економската криза која надоаѓа, ќе биде пепел. Гледање подалеку од брегот - слабо некако.

Државно-спонзорирани програми за преквалификација, доквалификација, онлајн курсеви, флексибилни сертификати и тн и тн и тн во малку поразвиените држави функционираат на големо. Кај нас се лансираат нетестирани апликации и редица други површни алатки за справување со кризава тек пред 1 недела се пуштија, ама битно про-форма се пуштени. Администрацијата ни е скроз ригидна, онака буквално е сон да се замисли како флексибилно се справува со се ова.

Нема никаква систематизираност во целава оваа работа, нема длабочина, нема никакви темелни механизми кои досега 5 пати требаа да бидат имплементирани. Распад систем... сите активности се на hold... администрација братче лабаво, 4/20 им е секој ден, на колективен одмор... DREAM JOB ако тоа е воопшто job а не фармање гласови. Пензионерите ТВРДОКОРНИ ко рима на ЛД пистол П, нема што да ги коментирам.

Квалитетот на медиумите во Република Македонија, кое знаев дека е Руанда level, уште толку ме разочара. Да нема еден асален медиум, да нема ништо ама онака асално све е или кликбејт, со политичка или себе-промовирачка умисла, права катастрофа. Статииве копи-пасте. Не знам кој ѓавол ме тераше еднаш да вклучам контактна емисија... МИ СЕ ПЛАЧЕ ПО ВРЕМЕТО КОГА 24/7 ЗБОРЕА ЗА ПОЛИТИКА. Го слушав претседателот на Стопанската Комора (на тв 24 / телма?), па каааааааааде бе со такви дибеци? Мислам, се гледа човекот дека е некомпетентен во секоја смисла на зборот, од однесување, знаење и речник. Од такви ли да очекувам дологорчност и одржливост?

Постарото население е по-склоно на земање информации здраво за готово и тешко менуваат мислење. Ќе прочитаат некој малоумен лик што напишал на нет и тоа ќе им остане трајно, цел живот со предрасуди ќе си останат. Предрасуди и просперитет едноставно не идат заедно.

Културниве институции братче објавија видеа/претстави/изведби на нет, демек wow... во 2020, време на милијарда стриминг ПЛАТФОРМИШТА... и нормално "театар/опера/балет" рајата се покажа дека се интелектуално изградени и ги почасти со share, чисто ко да кажат "ej, ја сум љубител на театарската уметност, I am better than you". Мислам се тоа е океј не дека хејтам, ама мораше корона да се деси за да сфатам дека сме влегле во 2010 на поле на културата и уметноста и интернет. :)

Фонд за иновации, мислам до кога ќе се лажеме... дај боље министерство за поморство нека напраат, барем езера имаме.

Све се гледа опортунистички, краткорочно, набрзина... Ништо длабоко, темелно и одржливо. Се што сме се откорнале од хејт, верувајте на многу посуптилен и пософистициран начин ќе ни се врати 10х појако. 30 години масовно крадење и купување социјален мир, во наредниот период тоа ќе биде уште толку експлоатирано на сметка на било каков државен просперитет. Ќе си продолжиме со хибернацијата, непросперитетот и сеопшта стагнација уште толку повеќе од претходно, пошто очигледно дека е најлесно и наједноставно едно вака раслоено општество да функционира на таков начин. Секад по пократкиот пат се брза.

Но, се чини најтрагично и најранливо за нас како држава покрај нели здравството и економијата е поларизираноста на општеството која е уште понагласена заради кризава (можело и повеќе, да). Покрај нели, илјадниците кежуал поделби во мк на кои сме навикнати, се јавија многу нови радикални поделби, еве најконкретна која во моментов ми текнува е домицилно население - емигранти која претходно ја немаше, барем не до овој степен. Ги има уште мал милион ново никнати поделби... И да, за истите НИШТО не се превзема. И баш тој identity politics проблем кој хара по западниве земји кај нас е многу истакнат, дури би рекол ретко кој е свесен за постоење на истиот, а декади се во прашање додека да се преземе нешто на таа тема. Тек допрва таа радикална поделеност ќе ни се одрази.

The devil is in the details, колективната свест и колективниот ум ни се на многу ниско ниво и баш мислам дека тие суптилни детали од кризава за кои постои многу мало сознание во МК, на крај ќе не докрајчат као Џон Сена кога скока од ќош на ринг у WWE.

Све што се прави е про-форма, ништо длабоко. 5 души носат некакви копировки од мерки, препораки, начини на функционирање, а вие како сакате правете и се е оставено уствари на вас. И народот, навистина како сака си прави.

Тешко е да се остане трезвен и нормален периодов. Уште повеќе кога тука нормалното е субјективно ненормално и vice versa.

Гадното тек доаѓа другари... :)
 
Последно уредено:
Споредбата не е „глупа„ има за цел да покаже дека една бројка како информација апсолутно ништо не значи ама во овој момент 99% од луѓето „се палат„ на таблоидни наслови.

-Леле, 24к жртви во Италија (а појма нема дека за 4 години во Италија од сезонски грип умреле преку 80к луѓе)

Короната сега е трендинг и сите луѓе се заинтересирани за неа. Најнов наслов денес: 180k жртви од корона низ светот!

Вау, ќе си помислиш. А тоа што, за исто време од кога почна корона, умрени се 3 МИЛИОНИ луѓе од глад (претежно деца, низ светот 9 милиони секоја година умираат од глад) а 200к старци од корона...

Нели е малку дрско да му ја секираме толку за корона?

Слушај, споредбата ти беше тапа. Не се мачи да се вадиш. Коа пробуваш некоја статистика да водиш, 17 000 во период од 2 месеци и 24 000 во период од 12 месеци да тврдиш дека е исто, нема смисла. Не е логично доколку пробуваш да формираш тренд. Не е логично ни ако сметаш дека нема доволно валидни податоци. Во вториот сличан, нема потреба ни да пробаш да го буткаш тој аргумент пошто знаеш дека е фаличен. Едино коа имаш некои скриени мотиви и аргументот го водиш под лоша воља. Шо најверојатно е и случај. Некако ми стои дека К. те заболе и за "умрени [...] 3 МИЛИОНИ луѓе од глад (претежно деца, низ светот 9 милиони секоја година умираат од глад) " ни за " ...200к старци од корона..".
 
Слушај, споредбата ти беше тапа. Не се мачи да се вадиш. Коа пробуваш некоја статистика да водиш, 17 000 во период од 2 месеци и 24 000 во период од 12 месеци да тврдиш дека е исто, нема смисла. Не е логично доколку пробуваш да формираш тренд. Не е логично ни ако сметаш дека нема доволно валидни податоци. Во вториот сличан, нема потреба ни да пробаш да го буткаш тој аргумент пошто знаеш дека е фаличен. Едино коа имаш некои скриени мотиви и аргументот го водиш под лоша воља. Шо најверојатно е и случај. Некако ми стои дека К. те заболе и за "умрени [...] 3 МИЛИОНИ луѓе од глад (претежно деца, низ светот 9 милиони секоја година умираат од глад) " ни за " ...200к старци од корона..".

Да во право си :facepalm:
 
Mnogu ednostavno, 10 do 35x znaci poletalen od grip. Od 1350 dusi Imas okolu 400 luge vo kriticna starosna grupa a od niv ti umiraat 77 luge. Predhodnite godini na brojka od 400 luge vo kriticnata starosna grupa od 400 umirale od 3-7 luge od grip. I ne mesaj babi I zabi, dali kako direktna posledica od korona virusot ili od virusot, isti k....drugo pakovanje. Vo dvata slucaji kriva e koronava. By the way Slovenija e zemja kade covek ne umira a da ne se evidentira konkretniot tok I pravata kauza za smrt( ova e debata koja znae da trae I ne bi navleguval).
Koja e ti celta vo posledniov pasus, kon sto aludiras? Hronicna bolest koja stiti od infektivna bolest ? :) Sfakas neli?
Математиката не ти е јака страна. Најпросто што може да се опише пута 35, е на еден умрен од грип треба да има 35 од корона. и тука не треба повеќе дискусија. Ако го подржуваш тоа, твој проблем. Претходни хронични болести што не го осети сарказмот ќе да ти одговорам со друг сарказам, сигурно нема да пуштат на олимпијада у спринт да се трка некој со една нога против Болт. Нормално дека хендикеп си е хендикеп, така и со хроничните болести.
Тоа што короната е опишана како САРС (тежок акутен респираторен синдром) не е ни битно, битно е да е позитивен на тест, другото мање више не важи, имал, немал такви симптоми, кој разбира од виша математика, нема сега диференцијали да решаваме.
А да, за Словенија беше твојата дискусија
gripslo.png
Уште не започната сезоната 29 мртви, 12 февруари, хоспитализирани веќе колку ланската цела сезона
gripslo1.png
2018 за репер
Зимските месеци им умираат просек по 2000,март најмногу, 40% од сите умрени се во зимските месеци, еве нема да инсинуирам ништо, сам извлечи заклучок

И еве статистика за грипот по години само колку се хоспитализираат во Европа
grip1.png
Црвената за оваа година е прекината, може само да претпоставиме колкава би била, најмала кривата 2016-2017, најголема 2017-2018, достига над 1000 неделно, а не паѓа под 600 од 50 недела до 12 недела следната година.Колкава е смртноста веќе беше дискутирано и не би се навраќал на тоа.
 
Последно уредено:
Ти од кај знајш кој од шо умрел, попис да не прајш во погребалното ?
Умрел некој затоа што му дошол денот. Бидејќи пред то имал некоја тешка и неизлечива болест. Иначе пред да се појавит „наводно“ коронава никој не умираше а?

Сигурно жената што ја пронајдоја на 6 јануар во Велес со тотално распаднато тело од Корона умрела. Првиот случај на заболен од Корона во светов беше на 14 Јануари а ова починала на 6 јануари...

И најголемото дно од Венко Филипче пред две недели беше ако се откриело дека таа умрела од Корона на 6 Јануар, тогаш Короната ќе свртела нова страница во историјата...

Демек првиот случај на заболен и умрен од корона бил во Македонија...

Ох Бог да чува!!!
 
Буци остај тоа, кажи што бидна со фабриките во Македонија, отворија ли?

Почнаа да отпуштаат официјално работници ова странскиве инвестиции автомобилска индустрија.

Затворија не отвоеија.
 
Почнаа да отпуштаат официјално работници ова странскиве инвестиции автомобилска индустрија.

Затворија не отвоеија.
Е да бе, прво викаш ќе отвораат, во затвор те држеле, па сега еве затвораат. Никако не ти се погаѓа :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom