Да бидеме реални, сите тие маратонци, планинари, верници, шетачи, домаќини што пазарат, ако не сите, 80% од нив во нормални услови уште од синоќа ќе беа заминати за Грција, Бугарија, поимотните и малку подалеку.Не дека нешто премногу се слагам со меркиве али одеднаш станавме нација на планинари, вежбачи, маратонци, поборници за здрав живот, верници итн итн, а реалноста вика дека грото од тие што се бунат ги боли цеф за празникот, чекаат да дојде сабота вечер и да рокнат дискач шема, овие планинариве и вежбачите кладилница/кафана шема и така се во круг. Лицемерие до бескрај, само поради тоа што не се навикнати да седат повеќе време дома и да не грицкаат лажиче додека безмилосно зјапаат во телефонот.
Но пак ќе потврдам од тоа што го видов на лице место утрово, МПЦ и верниците ги почитуваат мерките, доаѓаат во мал број, не се групираат во црковниот двор повеќе од 3-4 луѓе, влегуваат по 2-3 внатре, нема никаква гужва, за разлика од маркети, пиљари и посебно месари, таму е катаклизма.
Последно уредено: