За Хрватска не знам, ама другиве ќе ги намалуваат мерките затоа што беа меѓу првите кои воведоа мерки и пред се, тие мерки се почитуваат.
И по насловите кои се појавија, сите мислат дека овие држави ќе ги тргнат сега. Не, Автстрија најави дека од 1 мај ќе отвораат помали дуќани и бизниси и дека од 15 мај ако се е во ред ќе се отвораат и другите места. Ние не сме ни стигнати со мерките онаму каде што Австрија беше на почетокот на март.
Кај нас НЕ СЕ ПОЧИТУВАА нашите мерки. Затоа дојдовме и до степен на 24часовен полициски час. Да ги почитувавме мерките од сам старт, немаше да има потреба.
И не се тука проблем фабриките, проблем се тетките и чичковците кои одат по гости, се маткарат секаде и не ни мислат да носат маски оти ќе им се расипе трајната шминка.
Кај нас у просек имаш по 100 луѓе дневн кои го прекршуваат полицискиот час. Значи луѓе кои свесно прават деликт. Што мислиш, колкукратно е поголем бројот на луѓе што не ги почитуваат мерките вон полициски час? Јас мислам дека едно 20х повеќе од овие што кршат полициски час.
Ете затоа е сега потребата за цел ден полициски час иако тоа директно ќе предизвика дополнителни гужви до крајот на оваа недела.
Зошто луѓето се егоистични дебили кои не почитуваат ништо.