Коронавирус (COVID-19)

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Не е на аеродром, на граничен премин е со Бугарија.

Не може да ја чека такси на граница зашто не дошла организирано, секои 5 минути може да дојде некој, а автобус нема да тргне со 5 патници исто како и авионот од Америка. Друго, не може кој сака да вози, туку има избран оператор кој има X возила кои возат дневно, Македонија има X епидемиолози кои можат да бидат на граница (ја не знам како е, ама сигурно неаме вишок да покриваат секој град + границите) 24/7, и хигиената е лоша ама добар дел сами си ја прават, иако за ова се слагам делумно, нечива мајка треба да чисти по тие што не фрлаат во канта а притоа не знам колку се заштитени, иако ова е минус.
Фалат финеси, пример вода во автобусите, нешто грицки, и малце подобра организираност, да биде 50% капацитет на автобусите, ама дека очекуваат такси да ги чека и да не се возат 6 саати низ Македонија, сори, тоа е.
Само да кажам,дека Бугариja прави изклучок за грагани на Македониja,заштото грагани на трети држави надвор от ЕУ не се допуштат за влез. Има договореност мегу надворешните министрества на двете држави, македонски државjaни да можат да преминуват бргу до Македониja, а при потреба бугарски преку Македониja. Македонската амбасадата во Софиja работи под сериозен притисок,мора да им се заблагодарите на сите тези луге што барат начини да вратат ваши државjaни дома.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.220
Поени од реакции
108.037
А како требаше? Посебен авион за сите? Сите во посебен автобус? Седењето во заеднички автобус е најмал проблем ако си поминал 24 часа по аеродроми и авиони. Како да заборавате дека и државата менаџира со ограничени ресурси. Има ограничени хотели на располагање ( сепак хотелите сами се пријавуваат на јавниот повик ), има ограничени автобуси со ограничени возачи. Тргнале од Загреб во 3 попладне, стигнале во Охрид во 3 навечер, 12 часа немале вода. Не, вода имале ама не сакале да купат во авионот. Па после зошо немало во автобусот. Јас сум за тоа да има во автобусот и таму да си ја купат.
Зошо биле сместени по двајца во хотелска соба? Може требаше да се по еден во соба во Кузман или Стив. Таму е вонредна состојба со години па никој не се жали, сепак таму не седат високообразовани личности од бизнис елитата кои баш и не можеа да го откажат бизнис патувањето во услови на пандемија.
Извини ама врска ти немаат споредбиве. Прво и основно ДРЖАВАТА ГИ ОРГАНИЗИРА летовите. А кога некој се нафатил да биде организатор мора да сноси одговорност, така? Второ, сериозно оправдуваш седење по двајца во соба во ситуацијава? Се ставаш во ситуација на некој од тие таму? Еве сеа те враќаат од Шведска и ти викаат седи со Стојна од која се враќа од Италија во иста соба и притоа спијте на брачен кревет и делете исто WC. Ќе прифатиш? Ќе им кажеш тогаш: ај бе па вие какви услови има во Стив и Гоце пичкин дим е ова за мене? Не, категорично ќе одбиваш и ќе пробаш да издејствуваш добивање на еднокреветна соба. Па не е целта и тие што не се заразени а доаѓаат од надвор да се испозаразат. Патем, никој не спори за условите во Гоце и Стив, сум се уверил во тоа, ама споредбата е глупа. Ко да кажеш сеа ај бе колку луѓе умираат од рак во светот па сеа ние за оние од корона ќе жалиме.

Трето, поврзано со првото и плус веќе кажано на темава, кога организираш вакви ствари обезбеди барем основни услови, тука пред се мислам на вода и барем еден мочан сендвич. Кога можат по митинзи да даваат нека обезбедат и за овде, нема да им падне круната.

Четврто, нормално е на ОРГАНИЗИРАН ЛЕТ ОД ДРЖАВАТА да чекаш скоро 12 часа на аеродром? Види, имам и јас доста против одреден тип на луѓе од дијаспората, ама да не се заебаваме, луѓе се и тие, не монструми па да им прават вакви работи. Конкретно за летот од Загреб, ако добро разбрав со истиот авион прво ги донеле тие од Малта, па после овие од Загреб, уствари затоа и каснел толку летот. Ова на организиран лет од страна на државата ти личи?

Тоа се тие замерки на граѓаните, не нешто трето. Гледаш дека за услугата во хотелот, храната, односот, ни А не кажуваат, напротив даваат чиста 10ка за тоа. Многу се нервирам кога ќе прочитам забелешки од типот: еее абе ја на одмор кога бев у ќумез спиев овие види за што се бунат. Ало ти на одмор кога си бил немало пандемија и опасен вирус, башка ако на тебе ти било лошо тогаш не значи дека треба на цел свет да му биде лошо до крајот на нивните животи само затоа што ти некад си видел лошо во животот.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.078
Поени од реакции
11.462
41 година, непушач, тотално здрав претходно. Пред 4 дена примен на инфективна со партал бели дробови.
Не ми е јасно како е можно ова, има линкови со стогодишни баби оздравеле од вирусот, овој заминал здрав-прав за неколку дена? Има ли некое медицинско објаснување?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.386
Поени од реакции
79.260
Ова е како некој да праша, аман, толку ли луѓе умираат при ресуситација со дефибрилатор? :D
Го измисли ова цинцилатор енд стаф (како што ја си измислувам во темана за чудни македонски зборови).
Гарант не постои. Признај си.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.220
Поени од реакции
108.037
Не ми е јасно како е можно ова, има линкови со стогодишни баби оздравеле од вирусот, овој заминал здрав-прав за неколку дена? Има ли некое медицинско објаснување?
Има стадиуми короната, веројатно бил во последниот, со крварење во белите дробови. Ќе каже Филипче после подетално.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.321
Поени од реакции
17.764
Ова со автобусиве ме потсети на една случка од пред некое време на автобуска на Југодрво. Повеќе луѓе бевме и во еден момент слушам една девојка со околу 20тина години, збори на телефон и липа и се треска од земја.
- Ама зошто не ми остави пари за такси? Со што го заслужив јас ова???? Никогаш се немам возено во автобус!!! Што е со бројкиве? Кај ќе ме однесат бројкиве? Зошто ми го правиш ова? Кај треба јас сега да одам?
Јас се чудам како на 20+ години не знае кој автобус ја носи до дома, си дозволи цела автобуска да дознае дека ќе се возела со обични смртници во автобус. Брука жива.

Тоа е проблемот. Што има луѓе што се приморани секојдневно да се возат во големи гужви во ЈСП (шофер беше заразен, под знак прашалник е колку се заразиле) натиснати како сардини (на почетокот дури ги редуцираа автобусите) и да менуваат по 4 на ден, одејќи и враќајќи се од работа. Што после тоа си одат дома и ги загрозуваат блиските! Затоа што тоа е реален проблем. А не тоа што некој очекувал 1,5 метар растојание во автобус и да се смести сам у апартман со поглед на море. Пред тоа си ставал анкети на инстаграм, дали да се врати од Америка и мислел дека Трамп таму ќе ги чешла ојле и дојле.
Додека вакви луѓе квачат по интернет, а не се освестиле да се вратат порано, многу пострашни работи се случуваат.

Тоа што дотичната чекала у кола кај мајка ѝ пред да се смести во хотел (се сретнала со сите од авионот и автобусот нели полн бил...) мислите мајка ѝ после средбата отишла во самоизолација? Трипати.
Ама тоа не е важно нели...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.258
Поени од реакции
36.037
Не ми е јасно како е можно ова, има линкови со стогодишни баби оздравеле од вирусот, овој заминал здрав-прав за неколку дена? Има ли некое медицинско објаснување?
нема објаснување. И тоа е заебаното со вирусов.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
От днес имаме една уште добра новина. Един стар медикамент против краста - Ивермектин исто дава многу сериозни индикации,дека може да убие вирусот за неколко дена. Тоа веке тестирано во лабаратории и започнуват тестови на луге.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Не ми е јасно како е можно ова, има линкови со стогодишни баби оздравеле од вирусот, овој заминал здрав-прав за неколку дена? Има ли некое медицинско објаснување?
Имулошкиот одговор и реакција на организамот, викаат во Шведска.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Па пред 3 месеци им ги зголемија платите. Секој ден пекаат мали плати, а сестра со средно зема не помалку од 25.000. Слободно нека посочи некој ваква плата со средно образование.
А за тебе има врска образование на тој/таа што секој ден си го ризикува животот и здравјето на децата дома? И нормално ти е да споредуваш плати со некој што квакнат дома пишува excell табела за приход/расход?
Платата им беше зголемена дека беа утепани од господ, тука зборуваме за нешто друго.
И не, не работам во здравствениот сектор ниту било кој мој до второ колено.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.128
Поени од реакции
15.959
Добро и вие малце претерувате со коментарите, демек хотел А категорија да не сакала дрн дрн јариња, епа ај ако не во депонија нека ги стават да чекаат, и тоа во ек на пандемија. Како и да ја вртиме тоа е пропуст на властите и несовесност на граѓаните, значи две во едно. Не заебавајте споредувате маратони кога сте трчале кај сте биле сместени и ред други работи со затворен аеродром во ситуација кога е прогласена светска пандемија. Убаво имаше пишано Кано, неорганизираност е ова, па постави 2-3ца внатре во аеродромот нека контролираат ситуација, обезбеди барем вода за сите и секако НА ВРЕМЕ организирај го превозот до одредените хотели/касарни. Не разбирам зошто чекаат луѓето со саати, и така затворени се аеродромите и границите, сообраќајот е разретчен, лесно може тоа да се координира, али ние не би биле Фиром доколку не усереме нешто.

Мислам дека треба да прекинеме да се задоволуваме со најниското, ај бе па што сака оваа маме и ебам, а глеаш слики од хорор пред тебе, расфрлани отпадоци насекаде и слично. Еве и Шефот даде баш добар пример со влакното во плескавицата, не бе браќа не дозволувајте такво нешто да ви се случи, борете се за подобро. Ми стига прошли месец сметка за вода 3800 и девојка ми вика ај бе плати ја што се замараш со држава ли ќе садиш краставици... Молам? Ќе ја платам кога ќе ми објаснат зошто е толкава сметката. Ама они знаеш паушал маушал...,абе кур ме здоболе и за паушали и за се, нека си објаснат црно на бело и ќе си платам не е фрка. И ред други ситуации да не забегувам натака.

Инаку околу образованието пишав веќе, скроз непотребен коментар и се глеа од авион дека девојкава е разгалена и шмизла.
Стефан, јас кога имам проблем со држава не замарам луѓе на фб. Се жалам онаму кајшто треба, си ги барам правата кајшто треба.
Ко ти со Евн, со Водовод се замаравме три месеци зашто имаа напишано астрономска сума, а никој со месеци немаше дојдено да провери во стан колку е потрошено. Никој не ни врати на мејлот. Не им плаќав се додека не почнаа во наредните сметки да ја намалуваат сумата, па им платив кога се избалансира.
Јас ти гарантирам дека какви и да се условите, никој нема да замара ако не е од оние кој за сите проблеми во животот обавестува на следбениците и пријателите што му се дешава. Ете, нека не трчаат одма ко морони по телефонот, прашај полиција околу тебе за вода, храна, прашај кој им е планот, разбери се ко возрасен човек, пробај да ја сфатиш ситуацијата околу тебе, не трчај ко разлигавено дете да ѕвониш на мајка ти и татко ти да ти ги решат проблемите и со кола да те чекаат, па нареден чекор пишуваш постови на фб за да ја замараш јавноста која и онака сме сите тригернати од можда поголеми глупости кои излегле од вирусов неголи дотичната што нејќела да дели соба со цимерка во карантин.

Пробаа да ги средуваат работите со потпишани изјави, видоа дека немаат луѓето осет во нив, па почнаа со карантин. Немам проблем јас со никаква дијаспора, апсолутно кој сака нека си се враќа, само нека си се држи до 14 дена изолација.
А пак овие по фестивали, беркли и остали, што ги дознавме на фб, тоа е веќе неодговорност од нивна страна, терање ќејфови во вреда на вонредна и покажување прст за сите кои седиме дома со недели и сме откажале секакви планови, така што, ќе лажам ако кажам дека ми е гајле за кај седат.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.932
Поени од реакции
12.431
Извини ама врска ти немаат споредбиве. Прво и основно ДРЖАВАТА ГИ ОРГАНИЗИРА летовите. А кога некој се нафатил да биде организатор мора да сноси одговорност, така? Второ, сериозно оправдуваш седење по двајца во соба во ситуацијава? Се ставаш во ситуација на некој од тие таму? Еве сеа те враќаат од Шведска и ти викаат седи со Стојна од која се враќа од Италија во иста соба и притоа спијте на брачен кревет и делете исто WC. Ќе прифатиш? Ќе им кажеш тогаш: ај бе па вие какви услови има во Стив и Гоце пичкин дим е ова за мене? Не, категорично ќе одбиваш и ќе пробаш да издејствуваш добивање на еднокреветна соба. Па не е целта и тие што не се заразени а доаѓаат од надвор да се испозаразат. Патем, никој не спори за условите во Гоце и Стив, сум се уверил во тоа, ама споредбата е глупа. Ко да кажеш сеа ај бе колку луѓе умираат од рак во светот па сеа ние за оние од корона ќе жалиме.

Трето, поврзано со првото и плус веќе кажано на темава, кога организираш вакви ствари обезбеди барем основни услови, тука пред се мислам на вода и барем еден мочан сендвич. Кога можат по митинзи да даваат нека обезбедат и за овде, нема да им падне круната.

Четврто, нормално е на ОРГАНИЗИРАН ЛЕТ ОД ДРЖАВАТА да чекаш скоро 12 часа на аеродром? Види, имам и јас доста против одреден тип на луѓе од дијаспората, ама да не се заебаваме, луѓе се и тие, не монструми па да им прават вакви работи. Конкретно за летот од Загреб, ако добро разбрав со истиот авион прво ги донеле тие од Малта, па после овие од Загреб, уствари затоа и каснел толку летот. Ова на организиран лет од страна на државата ти личи?

Тоа се тие замерки на граѓаните, не нешто трето. Гледаш дека за услугата во хотелот, храната, односот, ни А не кажуваат, напротив даваат чиста 10ка за тоа. Многу се нервирам кога ќе прочитам забелешки од типот: еее абе ја на одмор кога бев у ќумез спиев овие види за што се бунат. Ало ти на одмор кога си бил немало пандемија и опасен вирус, башка ако на тебе ти било лошо тогаш не значи дека треба на цел свет да му биде лошо до крајот на нивните животи само затоа што ти некад си видел лошо во животот.
Стеф тие се ресурсите. Немаме национален авиопревозник, Виз се единствени кои се јавија на огласот. И како ќе кажат тие така ќе играме. Ако кажат одиме од Малта до Загреб па Скопје ќе го одбиеш ова и ќе бараш посебни летови? Стави се еве ти како организатор. Па да тргнам со агенција на пат од Скопје до Атина ќе се потрудам да си обезбедам сама вода, нема да чекам агенцијата да ми обезбеди. Некако како да не го сфаќате поимот на ограничени ресурси. И Виз се сигурно ограничени со персонал, тоа е тоа. Џабе имаат флота авиони, некој треба да се нафати да ги вози во овие услови.
Ако ги ставаат сами по соба за некој ќе нема место. Пак ќе кажам, тие се хотелите, толку се.
Мене па овој муабет ти шо го вртиш ми е многу глуп искрено. Нешо налик на угостителите кои сега бараат надомест од државата а во изминатите години се скапаа крадење, што со неиздавање фискални, што со непријавување вработени.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
А за тебе има врска образование на тој/таа што секој ден си го ризикува животот и здравјето на децата дома? И нормално ти е да споредуваш плати со некој што квакнат дома пишува excell табела за приход/расход?
Платата им беше зголемена дека беа утепани од господ, тука зборуваме за нешто друго.
И не, не работам во здравствениот сектор ниту било кој мој до второ колено.
Како тоа биле утепани од Господ кога отсекогаш заработуваат повеќе од било кој сектор спрема своето образование? Посочи ти кој со средно зема повеќе пари од сестра?
Доколку некој заради актуелнава ситуација работи прекувремено секако дека треба да му платат, но зголемување на плати не доаѓа во предвид кога само основицата им е минимум 20.000 во селските амбуланти, додека во клиниките дури и поголема, а земаат додатоци и за сменско работење, 1000 денари за ноќна смена и имаат бенефициран стаж.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom