Извини ама врска ти немаат споредбиве. Прво и основно ДРЖАВАТА ГИ ОРГАНИЗИРА летовите. А кога некој се нафатил да биде организатор мора да сноси одговорност, така? Второ, сериозно оправдуваш седење по двајца во соба во ситуацијава? Се ставаш во ситуација на некој од тие таму? Еве сеа те враќаат од Шведска и ти викаат седи со Стојна од која се враќа од Италија во иста соба и притоа спијте на брачен кревет и делете исто WC. Ќе прифатиш? Ќе им кажеш тогаш: ај бе па вие какви услови има во Стив и Гоце пичкин дим е ова за мене? Не, категорично ќе одбиваш и ќе пробаш да издејствуваш добивање на еднокреветна соба. Па не е целта и тие што не се заразени а доаѓаат од надвор да се испозаразат. Патем, никој не спори за условите во Гоце и Стив, сум се уверил во тоа, ама споредбата е глупа. Ко да кажеш сеа ај бе колку луѓе умираат од рак во светот па сеа ние за оние од корона ќе жалиме.
Трето, поврзано со првото и плус веќе кажано на темава, кога организираш вакви ствари обезбеди барем основни услови, тука пред се мислам на вода и барем еден мочан сендвич. Кога можат по митинзи да даваат нека обезбедат и за овде, нема да им падне круната.
Четврто, нормално е на ОРГАНИЗИРАН ЛЕТ ОД ДРЖАВАТА да чекаш скоро 12 часа на аеродром? Види, имам и јас доста против одреден тип на луѓе од дијаспората, ама да не се заебаваме, луѓе се и тие, не монструми па да им прават вакви работи. Конкретно за летот од Загреб, ако добро разбрав со истиот авион прво ги донеле тие од Малта, па после овие од Загреб, уствари затоа и каснел толку летот. Ова на организиран лет од страна на државата ти личи?
Тоа се тие замерки на граѓаните, не нешто трето. Гледаш дека за услугата во хотелот, храната, односот, ни А не кажуваат, напротив даваат чиста 10ка за тоа. Многу се нервирам кога ќе прочитам забелешки од типот: еее абе ја на одмор кога бев у ќумез спиев овие види за што се бунат. Ало ти на одмор кога си бил немало пандемија и опасен вирус, башка ако на тебе ти било лошо тогаш не значи дека треба на цел свет да му биде лошо до крајот на нивните животи само затоа што ти некад си видел лошо во животот.