Money heist / La casa de papel

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
Серијава, према мене, требаше да заврши после втора сезона, сега ми личи како да прат milking на добра серија. Трета ми потфрли ама четврта сезона надохнади баш зошто трета потфрли. Сепак мислам дека требаше да завршат со оваа целина сега.

На почеток изролав очи кога сите со пиштолите почнаа да се закануваат, со ептен теленовела стил на пресврти и воздишки.
tumblr_ot9otj2h0l1tzl6efo2_400.gifv

Иако околу Гандија приказната е зарѓана - како тоа знаеја дека е black ops, т.е. професорот знаеше, Палермо знаеше и пак ... го оставија да си се чува сам себе, со Палермо како бејбиситер ... иако тој дел ми беше многу глуп, огромен пропуст, делот со Гандија ми беше највозбудлив. Мислам дека цело бркање со него ми ја облежа сезоната. Неверојатен лик, предобро изглумен. Дефинитивно му личи улогата и му припаѓа.

Токио не знај кај тера. Никогаш не ми била омилена. Ни Палермо. Ама тука можи да е само ривалството за Берлин. Према мене најспособен таму за лидер беше Наироби ама ... ептен ми е жал кога ќе ми текни. Еден од ликовите кои заслужува подобро.
 
Многу рипате на еден коментар, кој не ни беше негативен. Кој како си го сфаќа уствари, очигледно не знаете да прифатите друго мислење различно од вашето, а камоли да дискутирате.
Чим сум ја изгледала серијата, ќе пишам што мислам за нејзе. Ако сакам. Ти, можеш да мавнеш игнор, имаш опција, искористи ја.
Дискусија не значи, серијава е левел Касандра и секој што смета дека е квалитетна е глупак. Ако ти тоа го сметаш за дискусија, самобанирај се, те молам.
Се познава :) Да влезеше ќе видеше дека темите на подфорумов служат за дискусија и не се фан клуб. Посебно темата за ГоТ, повеќе пцовки паднаа отколку во сите останати подфоруми заедно. Дел од дискусијата е и критика, без разлика дали истата тебе ти се допаѓа или не. Има членови што ја изгледале сезонава и истата не им се допаднала, ај да ги банираме ако не пишат пофалби во своите импресии од истата.
Друже у реду е да не ти се свиѓа нешто, ама да правиш кретен некој на кого му се допаднала и последнава сезона не е у реду.
Абе јас те прашувам кои се најдобри 5 според тебе за да изгледам некоја ако сум пропуштил, не е муабетот да ми враќаш со филозофирање.

La Casa De Papel е добра серија, али ако ја ставаш во топ 5 серии искрено ме интересира што друго си гледал и кои се останатите во тие 5 најдобри на сите времиња од твоја гледна точка, поентата е сите да научиме по нешто.
Немам топ 5 листа зашто многу повеќе гледам филмови, ама знам дека ББ и ГоТ сигурно не би ми биле во топ 30, а не топ 5.
 
Дискусија не значи, серијава е левел Касандра и секој што смета дека е квалитетна е глупак. Ако ти тоа го сметаш за дискусија, самобанирај се, те молам.

Касандра беше пишана од некој друг член, јас само донекаде го потврдив тоа зашто забегаа со телевиса моментите.
Сеедно, не биди Спенџарска. Само дома можеш да им побараш да не ти шират негативна енергија зашто ти така сметаш, а не на форум. Самобанирање не постои, али ко што пишав, постои опцијата игнор.
 
Дискусија не значи, серијава е левел Касандра и секој што смета дека е квалитетна е глупак. Ако ти тоа го сметаш за дискусија, самобанирај се, те молам.

Друже у реду е да не ти се свиѓа нешто, ама да правиш кретен некој на кого му се допаднала и последнава сезона не е у реду.

Немам топ 5 листа зашто многу повеќе гледам филмови, ама знам дека ББ и ГоТ сигурно не би ми биле во топ 30, а не топ 5.
Ми изгледа дека Млади Бунтовници, Росалинда и Касандра ти се во топ 3.
 
Се појавија ного фанови и за 5 дена ги изгледаа сите епизоди...јас си ја гледам од сам старт за досегашните случувања нема да кажам ништо повеќе освен што цело време си викам WOW не го очекував ова...мислам оти у следанта сезона или некој ќе го спаси професорот Марсеј најверојатно или Сиера ќе се пораѓа пред професорот и ќе мора тој да ја спаси
Е уште то чудо да го видиме професорот бабица да изиграва и нека се самозапалат режисерите:pos:
Додуша 8 месец е улата ништо чудно на толку емоции и тензии водењакот да и пукни и да гледаме чешити .

Се сеќавате кога Професорот на Ракел и ја објаснуваше цела процедура во камп приколката, како шах партија и на крај "jaque mate" епа "jaque mate" му напраја на крајот.
5 -та сезона мислам дека цел фокус на неа ќе биди. Да му свирни одма в чело куршум не верувам, да го предај на полицијата, јок, ќе има драми во хангарот, какви тортури на Рио му напрај, кој знае овој шо го чека.
Или ќе игра на друга карта и ќе го искористи како џокер за да си ги испери сите гомна кои ги направи.

Некои работи во 4 сезона се ми викаат дека Сиера го знае профето од порано, бивша на Берлин мејби, ќе биди интересно такво сценарио да има.
 
@MAJA 345 Зошто бе ве буни тоа со Манила, никаде во флешбекот не кажаа дека ја зедоја сигурно уште во првиот грабеж туку само покажаа дека се сретнаа со неа на постојка. Не гледате и дека Богота и Марсеј се појавуваат на свадбата на Берлин па ги немаше во првата кражба.
Ај да ви пообјаснам подобро.
Кога се сретнаа во Фиренца Профе со Берлин, Берлин и Палермо инсистираа за грабежот со златото, а Профе не сакаше затоа што сметаше дека е ризичен, сцената кога Берлин се лапа со Палермо му вика дека го отфрла од игра и дека ќе го спроведат планот со парите, планот на Професорот.
Значи овие Манила, Богота и Марсеј беа планирани за грабежот со златото, бидејќи испадна тој план да пропадни, отпаѓаат од игра Палермо, Богота, Марсеј и Манила.

Манила ја покажаа кога беа веќе собрани во куќата и го планираа првиот грабеж. Кој не се откажа, а не гледам зашто би била во куќата тогаш ако не ја планирале за првиот грабеж, може профето ја користел ко советник.
Јас ич не сум збунета, ни за тајмлајнов, нити за откажаниот грабеж, само го џвакам тоа што ми го сервираат тие. А тие сервираа дека Манила е веќе вторпат користена ко заложник.
 
Можи ја изоставиле :) Ваљда ќе кажат во наредната, многу работи останаа неразјаснети.
Исто и со Наироби ќе ја исперат глупоста која ја направија да и се смејат во лице на Лисбоа за оплодувањето, ќе испадни дека претходно тие меѓу нив девојките го правеа муабетот а овој последен дозна, така ми делуваа на журката.
 
Може, ете била само на поминување тогаш. Али сепак е чудно за профето дека се согласил тогаш за тој чекор, тој истиот им кажуваше да не мрдаат никаде, а камоли пак аутсајдер да го знае планот. Гледале да пополнат дупки во приказната, мислам дека им текнало за Манила тек во оваа сезона, плус да го вметнат и Агустин, за да дојде сцената после со Најроби и со тројцата што умреа онака. Што беше една од подобрите сцени.
Ова со Најроби и инспекторката ми беше најсмешен момент. Нема што да перат таму, таа си го праша, овој кажа да, се повеселија тие, ние се посмеавме, па сеедно.
 
Јас кога ја видов сликата Токио со гаќите на глава кога ја избација уште не почната серијата си викав шо ли циркус тука ќе има, и стварно циркус испадна :)
Капаче на цела лудорија кога Наироби испушти душа мислам тогаш дека беше, професорот кога му рече на Марсеј, за малце ќе имав не едно дете туку можеби две со две членки од бандата:brlav:
 
Скриена цел на профето - харем. :D
 
Ми изгледа дека Млади Бунтовници, Росалинда и Касандра ти се во топ 3.
Хаха срцка он, ниедна од овие не сум гледал, ама пошто ти си ги гледал и ги споменуваш во секоја објава гарант ти се омилени. :coffee:
 
Хаха срцка он, ниедна од овие не сум гледал, ама пошто ти си ги гледал и ги споменуваш во секоја објава гарант ти се омилени. :coffee:
:love: изгледај ги, таман ќе може да си формираш топ 5
 
немам интернет за толку епизоди. Ги имаш на DVD да ми ги позајмиш? :sick:
Кога го трошиш на глупи серии нема да имаш, следен месец симни ги овие да те види госпо ;)
 
Олабајте малку :)
Јас не знам истите членови тука од првата сезона викате дека серијата е глупа па еве сте пак тука 4 сезона по ред,мене нешто ако ми е глупо и безвезе го гаснам и не пуштам поќе, еден куп серии до пола ги имам оставено ниту коментирам ниту ме интересира :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom