Веќе еднаш реков одличен тајминг и избор на наслов за тема -актуелен денес но и за еден подолг период.
Настаните како на филмска лента, ред лага, ред полувистина па повторно лаги се се така во круг, не барајте вистина таа настрада прва.
Кога се пишува нешто а е многу пред неговото време останува незабележано, тоа ми е најмило, не би сакал да бидам гласник на грди вести.
Околу рецесијата се надевам нема контра аргументи, односни сите се сложуваме, е сега да прашам дали истата ќе не однесе во депресија?
Ако нема одговори-размислувања нема зима самиот ќе си одговорам, и онака истата би се случувала за едно 8-12 месеци.
На почетокот, там некаде во почетните постови имаше и видување за тоа дека еден од благодетите кои ќе ни ги донесе корона вирусот (SARS Cov2) ќе биде тнр. чипирање (односно вметнување на чип, за почеток на доброволна база а подоцна ќе биде и законски задолжително). Ваквите видувања веднага беа нападнати од страна на трол-армиските ботови со следна аргументација:::, дека тоа е невозможно дека еден таков чип би требало да е во рамките нанотехнологија која нели не етака високо развиена (од каде им се ним информации колку е развиена е интересно прашање), значи такво нешто не може да има, дека е глупост онаа што некои говорат дека преку вакцини на луѓето ќе им биде внесен таков микро-чип (иако никој никаде не рекол дека чипирањето ќе се врши преку вакцини) туку дека луѓето самите ќе бараат да бидат чипирани (нашите овци има веќе 10 години ги чипираме)(како потврда на горното, заинтересираните можат да го најдат во веста со примерот на една жена од Австралија, внимавјте Австралија не Австрија знам дека вам Северџаните ви е тоа исто ама не е, значи таа жена побара да и се имплантира уште еден чип, чипот најчесто се става на раката помеѓу палецот и показалецот, затоа што била многу задоволна од истиот, .... претходно таа жена била неколку пати нападната па и ограбена и сега откако била чипирана имало обиди за напад но заради тоа што имала чип во себе благовремено интервенирале службите за контрола на криминалот и државен рекет познати под име “агенции за обезбедување“ таа се спасила од насилниците и ....)
Зошто толку вовед? Па ете заради оваа:
Министерот за информатичко општество и адинистрација Дамјан Манчевски прецизира дека апликацијата за следење на луѓето кои имале контакти со заболени лица ќе биде активирана следната недела. Таа во исто време ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои доброволно ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.
Откако граѓанинот ќе ја симне апликацијата ќе му биде доделен број кој нема врска со бројот на неговиот мобилен телефон или со матичниот број. Преку тој број ќе се следат контактите што ги имал со други лица кои имаат симнато апликација на своите мобилни телефони на кои им се приближил на помалку од два метра. За да функционира апликацијата цело време ќе треба да биде вклучен блутут. По 14 дена податоците автоматски ќе се бришат од уредот и воопшто нема да бидат преземени во друг уред, а единствено ќе се преземаат во серверот на инфектолозите доколку имателот на апликацијата се заболи од Ковид-19 за полесно да се следат контактите што ги имал со другите лица.
Потврда дека се работи за разноразни теоретичари на заговори и сл.
сите гледаме дека се работи за една обична апликација а не за чип, значи не лажеле, сите треба да се подготвиме на време и да ја симнеме оваа апликација која на сите нам ќе ни го спаси животот!!!
Ај нека е на здравје бричењето.