Политички збиднувања поврзани со коронавирус COVID 19!

Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-prenameni-pari-za-isplata-na-plati-na-istrazitelite-od-sjo/

Економијата у колапс, ама пари се најдоа за неисплатени плати и надоместоци од неколку месеци за џаболебарите кои буквално откако се распушти СЈО така си седеа без никакви работни обврски, со плати далеку над просекот, каде обичен чистач земаше над 30.000.

Башка тоа, па и у време кога наводно забранија државни вработувања, на крлеживе им се гарантира и работно место да бидат распоредени во некое обвинителство.

Тоа се тие уредби што ни требаа во време на пандемија, баш вакви
Немам доволно пцовки во вокабуларот за да се изразам.Гомнарииве во ваква криза се надевам нема да бидат заборавени кај напатениот народ.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.454
Поени од реакции
5.176
Веќе еднаш реков одличен тајминг и избор на наслов за тема -актуелен денес но и за еден подолг период.

Настаните како на филмска лента, ред лага, ред полувистина па повторно лаги се се така во круг, не барајте вистина таа настрада прва.
Кога се пишува нешто а е многу пред неговото време останува незабележано, тоа ми е најмило, не би сакал да бидам гласник на грди вести.
Околу рецесијата се надевам нема контра аргументи, односни сите се сложуваме, е сега да прашам дали истата ќе не однесе во депресија?
Ако нема одговори-размислувања нема зима самиот ќе си одговорам, и онака истата би се случувала за едно 8-12 месеци.

На почетокот, там некаде во почетните постови имаше и видување за тоа дека еден од благодетите кои ќе ни ги донесе корона вирусот (SARS Cov2) ќе биде тнр. чипирање (односно вметнување на чип, за почеток на доброволна база а подоцна ќе биде и законски задолжително). Ваквите видувања веднага беа нападнати од страна на трол-армиските ботови со следна аргументација:::, дека тоа е невозможно дека еден таков чип би требало да е во рамките нанотехнологија која нели не етака високо развиена (од каде им се ним информации колку е развиена е интересно прашање), значи такво нешто не може да има, дека е глупост онаа што некои говорат дека преку вакцини на луѓето ќе им биде внесен таков микро-чип (иако никој никаде не рекол дека чипирањето ќе се врши преку вакцини) туку дека луѓето самите ќе бараат да бидат чипирани (нашите овци има веќе 10 години ги чипираме)(како потврда на горното, заинтересираните можат да го најдат во веста со примерот на една жена од Австралија, внимавјте Австралија не Австрија знам дека вам Северџаните ви е тоа исто ама не е, значи таа жена побара да и се имплантира уште еден чип, чипот најчесто се става на раката помеѓу палецот и показалецот, затоа што била многу задоволна од истиот, .... претходно таа жена била неколку пати нападната па и ограбена и сега откако била чипирана имало обиди за напад но заради тоа што имала чип во себе благовремено интервенирале службите за контрола на криминалот и државен рекет познати под име “агенции за обезбедување“ таа се спасила од насилниците и ....)

Зошто толку вовед? Па ете заради оваа:

Министерот за информатичко општество и адинистрација Дамјан Манчевски прецизира дека апликацијата за следење на луѓето кои имале контакти со заболени лица ќе биде активирана следната недела. Таа во исто време ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои доброволно ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.

Откако граѓанинот ќе ја симне апликацијата ќе му биде доделен број кој нема врска со бројот на неговиот мобилен телефон или со матичниот број. Преку тој број ќе се следат контактите што ги имал со други лица кои имаат симнато апликација на своите мобилни телефони на кои им се приближил на помалку од два метра. За да функционира апликацијата цело време ќе треба да биде вклучен блутут. По 14 дена податоците автоматски ќе се бришат од уредот и воопшто нема да бидат преземени во друг уред, а единствено ќе се преземаат во серверот на инфектолозите доколку имателот на апликацијата се заболи од Ковид-19 за полесно да се следат контактите што ги имал со другите лица.


Потврда дека се работи за разноразни теоретичари на заговори и сл.
сите гледаме дека се работи за една обична апликација а не за чип, значи не лажеле, сите треба да се подготвиме на време и да ја симнеме оваа апликација која на сите нам ќе ни го спаси животот!!!
Ај нека е на здравје бричењето.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.311
Поени од реакции
7.663
https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-prenameni-pari-za-isplata-na-plati-na-istrazitelite-od-sjo/

Економијата у колапс, ама пари се најдоа за неисплатени плати и надоместоци од неколку месеци за џаболебарите кои буквално откако се распушти СЈО така си седеа без никакви работни обврски, со плати далеку над просекот, каде обичен чистач земаше над 30.000.

Башка тоа, па и у време кога наводно забранија државни вработувања, на крлеживе им се гарантира и работно место да бидат распоредени во некое обвинителство.

Тоа се тие уредби што ни требаа во време на пандемија, баш вакви
Јбг капитализам... ај за брзо време политичарите ќе ја преземат моќта во свои раце и ќе видат тоа приватниците. До сега немаа никаква моќ и можност да направат добро за сите. Мораа само за нив и за капиталистите. :D

Плус си потврди дека во минатото вршеле експерименти за ХИВ/СИДА на проституки во Африка.
Па ти на такви веруваш цел живот, сега нешто наоѓаш замерка. Не е убо сега на стари години да губиш доверба.
Чичко ти Бил, продаде удели и акции што имаше по фирми, сега гради фабрики за вакцини и сите ќе сме спасени.
Некои ќе се разболуваат и понатака, некои и ќе умираат, ама тоа поради други работи ќе се.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.196
Поени од реакции
16.337
https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-prenameni-pari-za-isplata-na-plati-na-istrazitelite-od-sjo/

Економијата у колапс, ама пари се најдоа за неисплатени плати и надоместоци од неколку месеци за џаболебарите кои буквално откако се распушти СЈО така си седеа без никакви работни обврски, со плати далеку над просекот, каде обичен чистач земаше над 30.000.

Башка тоа, па и у време кога наводно забранија државни вработувања, на крлеживе им се гарантира и работно место да бидат распоредени во некое обвинителство.

Тоа се тие уредби што ни требаа во време на пандемија, баш вакви
тие сите требаше на минималец и во карантин на неодредено време, како Катица...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Па ти на такви веруваш цел живот, сега нешто наоѓаш замерка. Не е убо сега на стари години да губиш доверба.
Чичко ти Бил, продаде удели и акции што имаше по фирми, сега гради фабрики за вакцини и сите ќе сме спасени.
Некои ќе се разболуваат и понатака, некои и ќе умираат, ама тоа поради други работи ќе се.
Остај го Бил, на човек со 100 милјарди во акции и неколку милјарди во кеш, само човек со некаква патологија може да верува дека сега ќе прави пари од вакцини.
Човекот со години зборува дека треба да се спремаме за пандемија, за што искрено и не треба да си Нострадамус за да го предвидиш тоа.

Инаку јас пишав дека во моментов излегува најдоброто и најлошото од луѓето, а за мене тоа е интересно да се набљудува.

Исто така како многу интересни за обсервација се и типовите кои веруваат во теории на заговор :D
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.311
Поени од реакции
7.663
Околу рецесијата се надевам нема контра аргументи, односни сите се сложуваме, е сега да прашам дали истата ќе не однесе во депресија?
Ако нема одговори-размислувања нема зима самиот ќе си одговорам, и онака истата би се случувала за едно 8-12
Зафатени се за одговори и аргументи, ама за смеење и кловнови имаат време. Мислев дека нешто од нешто знаат, па ќе споделат и јас да научам, арно ама излезе тутурутки да ти биле. Освен 2-3 реда хихи-хаха нема друго да добиеш.

Ги прашав каде се парите што идат во здраство што толку е руинирано, тие плачат зашто приватните болници не помагале и високи цени наплаќале.

100 милјарди во акции и неколку милјарди во кеш, само човек со некаква патологија може да верува дека сега ќе прави пари од вакцини.
Човекот со години зборува дека треба да се спремаме за пандемија, за што искрено и не треба да си Нострадамус за да го предвидиш тоа.
Ма сигурно бесплатно ќе ги произведува, дистрибуира. Познат филонтроп е он. Поефикасно е вакцина на африканците, него ли водоводна мрежа и чиста вода.

Кој знае зашто преку 30 CEO на најголемите светски фирми, кога најдобри бројки имаа во книгите, си дадоа отказ и продале се што имале од акции, удели и обврзници. Да не ги заборавиме и политичарите дека добар дел и од нив шитнале пред фебруари. Сигурно сите ќе донираат и ќе им помогнат на луѓето.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.524
Поени од реакции
27.343
вакво едно видео на youtube со некое звучно име (forbiden video something), ќе најдеш материјал колку сакаш за ова.... одма вирално ќе оди... штета што google а и другиве забранија монетизација на вакви глупости околу коронава...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Ма сигурно бесплатно ќе ги произведува, дистрибуира. Познат филонтроп е он. Поефикасно е вакцина на африканците, него ли водоводна мрежа и чиста вода.

Кој знае зашто преку 30 CEO на најголемите светски фирми, кога најдобри бројки имаа во книгите, си дадоа отказ и продале се што имале од акции, удели и обврзници. Да не ги заборавиме и политичарите дека добар дел и од нив шитнале пред фебруари. Сигурно сите ќе донираат и ќе им помогнат на луѓето.
Одличен одговор, I like it a lot. :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.311
Поени од реакции
7.663
Одличен одговор, I like it a lot. :)
Јас ти кажав, само продолжи со тамифлуто и секој мој пост ќе го засакаш. :love:
Туку ти кога ќе почнеш да одговараш, веќе би требало нешто од нешто да си научил... Јас прашање по прашање нешто поднаучувам :D
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.524
Поени од реакции
27.343
Ма сигурно бесплатно ќе ги произведува, дистрибуира. Познат филонтроп е он. Поефикасно е вакцина на африканците, него ли водоводна мрежа и чиста вода.

Кој знае зашто преку 30 CEO на најголемите светски фирми, кога најдобри бројки имаа во книгите, си дадоа отказ и продале се што имале од акции, удели и обврзници. Да не ги заборавиме и политичарите дека добар дел и од нив шитнале пред фебруари. Сигурно сите ќе донираат и ќе им помогнат на луѓето.
добро бе бафра тие луѓе не би биле богати ако го расфрлаат своето, богатство и не го множат... Доста луѓе ги уновчиле акциите што ги имале, ама доста и не го напраиле тоа, не го претставувај тоа како масовна појава... сите си имаат некаква претстава како да се справат со ситуацијата... некој ќе заработи некој ќе изгуби.... најчесто тие што се горе ќе бидат уште погоре...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.311
Поени од реакции
7.663
добро бе бафра тие луѓе не би биле богати ако го расфрлаат своето, богатство и не го множат... Доста луѓе ги уновчиле акциите што ги имале, ама доста и не го напраиле тоа, не го претставувај тоа како масовна појава... сите си имаат некаква претстава како да се справат со ситуацијата... некој ќе заработи некој ќе изгуби.... најчесто тие што се горе ќе бидат уште погоре...
Така е, не викам не, вообичаена пракса е директорите на најмоќните светски фирми да си даваат оставки, кога фирмите им бележат најдобри резултати во последни 10години (y) .
Исто и за политичари, не дека претходно знаеле дека вака ќе ја сјебаат светската економија.

И сега ќе го расфрлаат богатството или дебело ќе наплатат од државните буџети за вакцини.... Зашто по тебе излегува дека нема да донираат...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Јас ти кажав, само продолжи со тамифлуто и секој мој пост ќе го засакаш. :love:
Туку ти кога ќе почнеш да одговараш, веќе би требало нешто од нешто да си научил... Јас прашање по прашање нешто поднаучувам :D
Реално Бафра ти ништо не научуваш, затоа што иако си интелектуална каста, сепак, поривот да се спротиставиш на секое рационално објаснување е појако од тебе.

Не мора да одиш подалеку еве види кој најмногу покрај тебе се кара со сите, тука е човекот во оваа тема :)

Затоа и ти реков I like it a lot, затоа што не очекував ништо подолу од тебе, од муабет во кој што контрираш со суштинска спротивност. Бил кој што не продава акции и реално е тема на разговор, и политичари кои ти секогаш ги мразиш, кои реално ја злоупотребуваат ситуација во САД, нешто како Тито Беличанец кај нас.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.311
Поени од реакции
7.663
Не мора да одиш подалеку еве види кој најмногу покрај тебе се кара со сите,
Како тоа јас се карам со сите... Јас со никој се немам скарано, само прашувам и очекувам да добијам одговор. На пример од тебе добив еден пост со бројки и самиот сфати дека се посра со објаснувањето. Друго ништо немаш објаснато, зашто како ...
Сличните на тебе исто само хихи- хаха, едно аргументче да напишевте ќе си кажев, добро е нешто знаеле.
Се што најавија тие аналитичари што ги споделувам тука, се се остварува, а вашитњ хихи хаха, веќе почнуваат полека во лелекања да преминуваат. Не е убо така, стиснете зуби, има лубриканти и се ќе иде ко подмачкано.

Бил кој што не продава акции и реално е тема на разговор, и политичари кои ти секогаш ги мразиш, кои реално ја злоупотребуваат ситуација во САД, нешто како Тито Беличанец кај нас.
Види, ако ти немаш поима дали продале или не, не значи дека јас противречам. Можно е ти да си испуштил таква информација (иако стигна дури и на македонски сајтови) па затоа и носиш смешни заклучоци, за кои после одреден период плачеш.
Исто како што врска немавте за Репо кризата и зашто е потребен овој страв.

Тито Беличанец си плати казни за тоа инсајдерско тргување. Цели 1000 (илјада) евра. Човекот кој ќари при приватизација и издигнување на олигарсите, пак си ќари при гаснење. А затоа ете поштено казнет е, со 1.000 еур.

Ајде без плачење, тебе и интелектуалната каста на форумов ќе ви се исполни желбата, приватници што помалку да има. Само 1% и другот се во ист кош.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Како тоа јас се карам со сите... Јас со никој се немам скарано, само прашувам и очекувам да добијам одговор. На пример од тебе добив еден пост со бројки и самиот сфати дека се посра со објаснувањето. Друго ништо немаш објаснато, зашто како ...
Сличните на тебе исто само хихи- хаха, едно аргументче да напишевте ќе си кажев, добро е нешто знаеле.
Се што најавија тие аналитичари што ги споделувам тука, се се остварува, а вашитњ хихи хаха, веќе почнуваат полека во лелекања да преминуваат. Не е убо така, стиснете зуби, има лубриканти и се ќе иде ко подмачкано.



Види, ако ти немаш поима дали продале или не, не значи дека јас противречам. Можно е ти да си испуштил таква информација (иако стигна дури и на македонски сајтови) па затоа и носиш смешни заклучоци, за кои после одреден период плачеш.
Исто како што врска немавте за Репо кризата и зашто е потребен овој страв.

Тито Беличанец си плати казни за тоа инсајдерско тргување. Цели 1000 (илјада) евра. Човекот кој ќари при приватизација и издигнување на олигарсите, пак си ќари при гаснење. А затоа ете поштено казнет е, со 1.000 еур.

Ајде без плачење, тебе и интелектуалната каста на форумов ќе ви се исполни желбата, приватници што помалку да има. Само 1% и другот се во ист кош.
Оти мислиш дека не знам дека политичарите продаваа акции исто како и Безос, исто како и банкарите, но Бил не е во таа група, а тој е тема на муабет.

Инаку престанав со тебе да се докажувам после муабетите за глобалното затоплување, затоа што џабе си трошам време, ти си таков човек, така размислуваш.

А и имам еден многу близок човек во мое опкружување со такви ставови и реално искаран е со сите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom