Една од причините е што не можеш ни да дојдеш до доктор. На броевите и на болнциите кога ѕвонеш се чекаше по 2 часа, сега сигурно по пола ден. И ти викаат ако помалку од 6 дена имаш тт или кашлаш, нема што да разговараат. Ако имаш подолго од тоа, исто.

Седи дома! Пиј вода, одмарај и земај лекови природни да си олесниш.
Ако не можеш да дишеш подолго од 3 дена тогаш да се јавеш на инфективна или да идеш, можеш и со јавен превоз.

Па ќе те тестираат ( ако имаш среќа, читам многу и од таму вратени без тест ).
Ако помодруваш од што не можеш да дишеш да ѕвонеш на 122 директно, па може ќе добиеш Брза Помош, може и не и нема ни да се водеш како умрен од корона.
Ова е пракса од 11.03 наваму. Исклучок има во Упсала ( град близу до Стокхолм ), очигледно уште не се фул со места.
Не е до тестовите. Немаат кадар! Немаат капцитет! Немаат ништо во здравството. Освен што ни земаат 33% данок секој месец од плата и ти викаат повеќе вода, одмор, никако стрес и здрава храна/пешачење, немаат ништо!
На старите веќе им даваат морфиум, за респиратор може да сонуваат.