Коронавирус (COVID-19)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Да погодам, дечково што умрел, не умрел ради корона, него умрел ради што бил дебел така? :)
Плуќата не колабира зарди дебелина ... обично срцето откажува, така што - изгледа одговорт е сепак умрел ради корона
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Да погодам, дечково што умрел, не умрел ради корона, него умрел ради што бил дебел така? :)
Не. Вака е: Дечкото умрел. Бил дебел. Имал корона.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.300
Поени од реакции
21.412
Бројките во Шведска сеуште се под просекот споредени со земјите околу нив, дури и подобри споредени со население и број на жртви.
Да, ама прашање е колку тестови има направено досега споредено со останатите земји. Не може да споредуваме некоја држава што прави 30,000 тестови дневно, со некоја што прави по стотина.

Така да, тие бројки не мора да значат ништо. Бројките зависат од бројот на направени тестови. Помалку направени тестови, помалку заболени. Ние досега вкупно имаме околу 1800 тестови направено и не може ни приближно да се споредуваме со некоја друга држава која прави по 30,000 тестови дневно.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.216
Парите не се најголем проблем во ситуацијава, ама генерално со пари ќе почнат проблемите. Дури не е кај нас ни проблем тоа што сме изолирани и во карантин целосно. Доколку не заврши ова во разумно време (крај на мај), најголем проблем кај нас ќе е храната... Пошто цело ова лудило е на светско ниво, претпоставувам дека во наредниот период, секоја држава ќе ги стави прехрамбените капацитети за сопствени потреби, уште повеќе што веќе се најавува и втор и трет бран на вирусов.. Со еден збор, тие држави што увезуваат храна, во кои за жал спаѓаме и ние, иако имаме прехрамбени капацитети ќе бидат најпогодени од таа ситуација. ОН веќе предупреди, ја има веста и на Македонски јазик... Пошто сите околни држави и светски и регионални сили ќе бидат свртени кон решавање на внатрешните проблеми (САД и Западна Европа нема тек така лесно да се опорават, со толку разгалено население), еднотавно ние ќе бидеме оставени на милост и немилост на внатрешните капацитети што ги имаме како држава за да се справиме со ситуацијата.... Дали тоа алудира на Mad Max сценарио и тотален хаос или државава ќе може да се справи со можен крах на монетарниот а со тоа и безбедносниот систем поради општ недостаток на храна останува да видиме...
Ја неам такво мислење. Ние не проозведуваме храна зашто не сме конурентни ценовно, а не дека не знаеме.Поточно имаме малку продуктивно земјоделие. Моите работат со земјоделие, меѓутоа друга бранша (не е прехрана). Доколку нема патлиџани пример на пазарот, ќе рипне цената и ќе им се исплати тоа да се работи. Не е дека ќе снема, туку ќе рипне цената. Е додуша веројатно ќе снема продукти што ги увезуваме, ама нема потреба да се стравува дека ќе гладуваме.
Проблемот е што економијата има многу гранки кој моментално трпат, и ако владата не ги откочи мерките подолг период луѓето ќе немаат пари за основна размена на прехрабрени прпдукти. Вклучително и целата администрација. Звучи апокалиптично меѓутоа не е ова изјава од кооперација, туку од луѓето на чело на државата. Иако верувам дека сепак ќе се задолжат и ќе го јадеме стапот сантим по сантим наредните 10 години.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Да, ама прашање е колку тестови има направено досега споредено со останатите земји. Не може да споредуваме некоја држава што прави 30,000 тестови дневно, со некоја што прави по стотина.

Така да, тие бројки не мора да значат ништо. Бројките зависат од бројот на направени тестови. Помалку направени тестови, помалку заболени. Ние досега вкупно имаме околу 1800 тестови направено и не може ни приближно да се споредуваме со некоја друга држава која прави по 30,000 тестови дневно.
Точно. Меѓутоа можеме да гледаме според бројот на починати. Тој е поверодостоен за тоа каква е ситуацијата. (мада и тој е подложен на локални фактори: старосна граница, здравствен систем...)
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.216
Точно. Меѓутоа можеме да гледаме според бројот на починати. Тој е поверодостоен за тоа каква е ситуацијата. (мада и тој е подложен на локални фактори: старосна граница, здравствен систем...)
Веројатно и уште е рано за да се носат заклучоци, меѓутоа за 1 месец би имале пореална слика.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.051
Поени од реакции
11.181
Да, ама прашање е колку тестови има направено досега споредено со останатите земји. Не може да споредуваме некоја држава што прави 30,000 тестови дневно, со некоја што прави по стотина.

Така да, тие бројки не мора да значат ништо. Бројките зависат од бројот на направени тестови. Помалку направени тестови, помалку заболени. Ние досега вкупно имаме околу 1800 тестови направено и не може ни приближно да се споредуваме со некоја друга држава која прави по 30,000 тестови дневно.
Ирелевантен е бројот на инфицирани во моментов, баш дека нема униформно тестирање во сите земји. Бројот на жртви е многу побитен. Таа бројка е пониска или иста споредена со соседството.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Да, ама прашање е колку тестови има направено досега споредено со останатите земји. Не може да споредуваме некоја држава што прави 30,000 тестови дневно, со некоја што прави по стотина.

Така да, тие бројки не мора да значат ништо. Бројките зависат од бројот на направени тестови. Помалку направени тестови, помалку заболени. Ние досега вкупно имаме околу 1800 тестови направено и не може ни приближно да се споредуваме со некоја друга држава која прави по 30,000 тестови дневно.
Има нешто на википедија, нас не нема, ама не е ни важно.

Незнам ако има некоја страна каде што ги има статистика да постира да видеме, ама страна каде што ги има сите, неќам да вртам за секоја земја посебно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.396
Поени од реакции
113.878
Ќе ти одговорам со цитат од друга тема на @бутЕ , се надевам нема да му смета.



Секогаш има две страни приказната. Немаш појма колку голем број од пациентите не сакаат да седат во болница, одбиваат да бидат хоспитализирани, си тераат инает „ќе ми пројде дома побрзо“, итн. Е сега, може има и дел што не го знаеме, не знаеме како се поставила директорката, што кажала, како изреагирала она конкретно, дали можела да обезбеди возило да ја препрати, а не го направила тоа, итн. Што точно се случило и како се случило допрва ќе се разбере.
Ако го прочита мојот пост напишав дека се слагам со тоа да се јавиме на матичните лекари и да им ги објасниме симптомите. Проблемот е што скоро сите што немале контакт со лице од ризичните подрачја или не доаѓаат од таму се оставаат на домашно лекување со антибиотици или лекови кажани преку телефон. Која е гаранцијата дека немаат корона? Која е гаранцијата дека ако имаат корона нема да умрат? Затоа велам дека не е фер распределбата, а не дека ги окривив стрикно матичните доктори, иако нели и од нив има несовесни. Затоа и кажав оти испаѓа дека дојденците од надвор имаат предност (немам ништо против нив иначе) пред луѓето што живеат овде.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.216

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ако го прочита мојот пост напишав дека се слагам со тоа да се јавиме на матичните лекари и да им ги објасниме симптомите. Проблемот е што скоро сите што немале контакт со лице од ризичните подрачја или не доаѓаат од таму се оставаат на домашно лекување со антибиотици или лекови кажани преку телефон. Која е гаранцијата дека немаат корона? Која е гаранцијата дека ако имаат корона нема да умрат? Затоа велам дека не е фер распределбата, а не дека ги окривив стрикно матичните доктори, иако нели и од нив има несовесни. Затоа и кажав оти испаѓа дека дојденците од надвор имаат предност (немам ништо против нив иначе) пред луѓето што живеат овде.
Мојот коментар беше само за кривичната за директорката. Не спорам за матичните, не спорам ни за тестовите. Имаат добиено алгоритам за упатување на тестирање и истиот го користат сите. Дојденциве ги тестираат одма на влегување во карантин или ги чекаат и нив да појават симптоми?
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.610
Поени од реакции
7.737
Ќе ти одговорам со цитат од друга тема на @бутЕ , се надевам нема да му смета.



Секогаш има две страни приказната. Немаш појма колку голем број од пациентите не сакаат да седат во болница, одбиваат да бидат хоспитализирани, си тераат инает „ќе ми пројде дома побрзо“, итн. Е сега, може има и дел што не го знаеме, не знаеме како се поставила директорката, што кажала, како изреагирала она конкретно, дали можела да обезбеди возило да ја препрати, а не го направила тоа, итн. Што точно се случило и како се случило допрва ќе се разбере.
Еве што се случувало со друга пациентка! А тој "дежурниот" нека каже дека НЕ САКАЛЕ воопшто да ја хоспитализираат пациентката.

"Дежурниот инфектолог без преглед на пациентката, постави индикација за транспорт во Клиника за Инфективни болести -Скопје поради неодржан сомнеж дека пациентката доага од подрачје сомнително за коронавирус (Лабуништа)
Три часовна голгота на тимот за Итна Медицинска Помош-Лабуништа на Одделот за Инфективни болести –Охрид
За време на преглед направен од страна на докторката на ИМП кај пациентка со веке констатирана билатерална пнеумонија и лечена до тој момент ,се постави индикација за транспорт поради влошување на состојбата ,отежнато дишење и потреба од кислородна подршка.
Транспортот започна во 27.03.2020/19:30ч,согласно Протоколот за пружање на прва медицинска помош, пациентката беше транспортирана до Интерно Одделение во склоп на Општа болница –Струга каде беше соодветно примена и е извршен интернистички преглед .
Согласно протоколот за справување со епидемија, беше побарано мислење од страна на инфектолог како и понатамошен третман.
За време на таканаречениот прием во Одделот за Инфективни болести –Охрид 27.03.2020/20:26ч,документите беа предадени преку малечко прозорче веднаш до влезната врата која воедно беше и затворена, реферирана е состојбата на пациентката како и податокот дека веке е земен брис (по барање на Спец. Д-р Аладин Демишоски) и дека резултатот е во исчекување.
Дежурниот инфектолог без преглед на пациентката, постави индикација за транспорт во Клиника за Инфективни болести -Скопје поради неодржан сомнеж дека пациентката доага од подрачје сомнително за коронавирус (Лабуништа).
Извештајот го чекавме повеке од 1 час,покрај кој беше пишан и упат до Клиника за Инфективни болести-Скопје(секој транспорт надвор од територијата на Струга-Охрид е надвор од нашата надлежност).

По барање на докторката на ИМП-Лабуништа да се внимава на зборовите кои се изговараат за време на оваа примопредаја на документи, дојде до реакции од страна на помошниот персонал и одговорната докторка од одделот за Инфективни болести- Охрид со исмевање на нашиот тим и местото од кое доагаме, на кое што фамилијата на пациентката одговори со бурни реакции поради упатената навреда.

Пациентката која за време на оваа 3 часовна голгота беше во комбе со цел да ја заштитиме од изложеност на ниските температури, не беше воопшто прегледана од страна на инфектологот,која покажа тотално игнорантен однос, не се направи апсолутно никаков прием, не беше измерена никаква температура,нити тензија.

Добивме само упат до Скопските клиники.Тимот на нашата служба се обиде да се договори, на пациентката да и се даде кислород барем ноќта додека се добијат резултатите од брисот ,поради фактот што нашите резерви беа истрошени за време на транспортот, на што не добивме одговор освен затворање на прозорчето пред нос.

Повторно во обид да се постигне договор,наводно беше консултирана Директорката на Одделот за Инфективни болести –Охрид од страна на дежурниот инфектолог која одби транспорт на пациентката.


После 3 поминати часа пред вратите на Одделот за Инфективни болести –Охрид , ИМП-Лабуништа во склоп на Здравствен дом Вевчани со цел да пациентката добие соодветен и брз третман, во договор со Директорот на Здравствен дом-Вевчани Јован Стојковски, одлучивме да пациентката се транспортира до Клиника за Инфективни болести-Скопје со наше возило ,наша опрема и терапија.

Се јавивме во нашата матична служба, направивме промена со посоодветно возило , опремено, како и промена на празните боци со кислород со нови и поголеми, со цел пациентката во тек на три часовниот транспортот да е на кислородна подршка.

Приемот во Скопје (28.03.2020/02:45ч) беше професионален со комплетен преглед , на наше изненадување после долгата нок, направен од страна на Спец. Д-р Марија Димзова. За време на овој транспорт подрачје од околу 20.000 граѓани беше оставено без тим за Итна Медицинска Помош, бидекји службите одговорни за вакви транспорти не одговорија на повикот.

Се извинуваме на граѓаните на с.Лабуништа,Подгорци,Боровец,Јабланица,Маруништа поради неможност да добиете преглед од страна на нашиот тим."
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.510
Поени од реакции
18.771
Па со оглед на тоа што се си работи нормално во Шведска бројот на заразени е сосема ок.
Е сега во Шведска ионака не се береа еден на еден по кафичи и ресторани, уствари зимно време скоро и не излегуваат од дома, Стокхолм не сум била ама таму изгледа поинаку е за разлика од другите региони.
Често пати кога возев со точакот на кај 5 часот се осеќаше исто како полициски час да има, пиле не пее по улици, ова за Трелеборг кажувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom