Стекара bratmi еве јас ќе ти кажам зошто јас се јавив кај мојата матична. Лекар кој не го ни знам, зошто пред 3 години мојата претходна матична отиде у пензија и ни ја „препишаа“ оваа докторка, однесоа документи а јас пошто не одам на лекар и си решавам болести со инает и чаеви ја немав ни запознаено до сеа. Дојдов до нејзин број преку мајка ми и и се јавив. Добар ден, добар ден. Јас сум Пеја989 - „ааууу па ти си мој, само не сме се запознале“. Да да, тој сум, се јавувам пораид препораките на Венко, да се консултираме со матичните. И ме прашува, што е работа и почнувам да и зборам. Имам некоја болка во грло и повремено поткашлување (еднаш на пола саат да кажам). И ми вика, чекај. Дали имаш температура? - Велам, не немам. Добро, дали имаш треска и дали чувствуваш омалаксаност? - Не, немам ни тоа. Епа супер, ај сега, дали во последниве 14 дена си бил надвор од државава? - Одма доби форс, викам, не, освен вонземјани ако не ме транспортирале у спиење hhhhheheheh. Добив едно „ха, океј“. Сега, дали си бил во контакт со веќе дијагностициран коронавирус? - Уште еден форс, колку што знам не, не сум бил. Супер и тоа. Е сеа, земи си спреј за грлото и земи си чај од коприва и кантарион, прави си и немаш мака.
Така да, јас не ги обвинувам искрено матичниве лекари зошто им е дадено прашалник и ваљда им е кажано дека треба да пријават во повисока инстанца само доколку од 5 прашања се штиклираат минимум 4 како ДА. Моја претпоставка е ова.