Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Dearest,

Сабота е - време за работа, баталувам стандардниот неделен џаболеб и страстно се внесувам во метењево на беливе дворовје. Во меѓувреме вклучувам и бесна вакуум-машина да ора по рамниве теписи, а со боздоганот патем ја истресувам и правта од белите милјеа. Ред пиво, ред сомун, како гориво за енергија или што би рекле вие фенси-шменсерите - нутриент. И сето тоа ради придонес кон правилниот проток на чи-то и отварање на шестата чакра.

Утре пласирам тука и корпус „деликатеси“ од мојот надалеку прочуен домаќинлук.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.010
Постојав на тераса едно 15тина минути, почнат полициски час, сеуште е ден....мртва тишина, празно, врапци само слушам.....малце језивко невообичаено чуство, ноќе се јаде некако.
Тишината ми е пријатна на планина, дива плажа на море итн..не во град. Си пуштив музика, направив кафенце и да се опуштам малце.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
954
Поени од реакции
1.563
И серпико се врати само ја не можам да се вратам на темата за коронавирус
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691

Attachments

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Добро аман ова новинариве, се испосликавте и испоснимавте за време на полициски час, ви пројде меракот, ајде сега правац дома. Ден нема пројдено да не се појават дали со галерија од 500 слики или видео, ок е, во цел свет е истото, гледаме, имаме тераси.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.346
Поени од реакции
38.527
Ракоплескаат по тераси, свират музики, изиграваат кловнови демек во тешки моменти сме ај ќе се подржуваме со позитивни ствари ... гадно изгледа бидејки знаеш дека не е искрено. Цела фама е за да се стави на интернет. Атеншн хорови.

Па и ебеш му матер на луѓе кои незнаат да бидат сами со себе 5-6 недели или 2 месеци. До толку полудевте па зборувале со предмети, се карале со семејството ... :facepalm: :facepalm: :facepalm:

Пред да се деси срањето со вирусот запознав еден човек шо работи на северниот пол во тие истражувачките центри горе. Ми кажуваше како ја минат цела зимна сезона со 2 максимум 3ца луѓе горе на 500-600 км оддалеченост од било каква цивилизација, по 7-8 месеци. Еден од нај зен смирени луѓе шо сум ги запознал до сеа. Комбинација помеѓу Боб Марли и будистички свештеник на Тибет. :cuc:
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Драгана се враќам после 26 часовно дежурство читам по порталиве колнат пљукет по колегиве од инфективно не ја згрижиле пациентката шо почина. Пола работно време го поминав таму пошо инфективно ни е преоптоварено и да ти кажам едно нешто точно немат во ова шо го пишит нити пак изјавата од зетот на починатата е така. Пациентката не е вратена на 24ти туку и е направен тест за корона и е УПАТЕНА во Скопје. На 26ти се враќат со тешки компликации и со позитивен тест и и е укажано дека општа болница немат апаратура и средства да одржит во живот пациент со фукнционално пола белодробно крило со висок притисок и со срце кое претрпило два инфаркта. Немат ни начин ни можност то да се изведит кај нас а не можеше ни да се префрлит на интензивна пошо таму веќе имат двајца пациенти. Прекинете да ги пљукате докториве барем овие шо се 24/7 со вас и се трудет колку шо может да ве спасет. Двајца се инфектолози дежурет 24ки секој втор ебан ден и сеа ги теретет дека ради нивна грешка жената умрела? Во ред. Секоја чест и на цел персонал шо по брза постапка обезбеди какви такви услови за да се згрижат другите двајца позитивни. Журка је тек почела, само Господ нека не чуват на сите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom