Проблемот со глаголот
БУТКА е уште помал. Односно, не постои проблем. Зборот е наш, но не е распространет насекаде. Во скопскиот говор е повеќе застапен. Го има истото значење со глаголот ТУРКА. ТУРКА има определено предимство само поради тоа што се користи во повеќе места од Македонија. Позастапен е отколку -
БУТКА. Но тоа никако не значи дека БУТКА треба да го истуркаме некаде како непожелен збор. Па дури и таму каде што глаголот БУТКА малку или воопшто не се користи, го има глаголот - БУТУРИСА. Коренот е тука. Значи зборот (глагол) БУТКА воопшто не треба да биде проблематичен. Одбележан е во Речникот. И именката БУТКАНИЦА не е за обесправување. Рековме, ТУРКА (турканица) има предност поради поголемата застапеност.