Коронавирус (COVID-19)

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
За еден ден околу 10.000 во УСА, за една недела гледајќи по нивниот здравствен систем изгледа ќе ги надмине сите.



Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471

Човекот кој прв ја тестираше комбинацијата хидроксиклороквин – азитромицин, професорот Дидие Раул од Марсеј, за две недели би можел да знае дали ќе биде овенчан со светска слава или ќе биде отфрлен од научната заедница како арогантен и заблуден научник.
Во Кина хлорокинот е веќе прифатен и одобрен во протоколот за лекување на Ковид-19. Идејата потекнува од таму, а французов само допринесе со опцијата за додавање на азитромицин.

Не верувајте во тоа што читате по медиуми, оти воглавно работат да му наштетат на Трамп. Од политички причини, не од медицински. Ги заболе нив таквото за медицина
Автоматски споено мислење:

Збориш за 68,000 починати во период од четири години, а никаде не кажуваш колку вкупно биле заболени во тој временски период. Сигурно станува збор за брoјка од неколку милиони.

Не можам да најдам добри податоци за Италија, па еве ти за Америка


2017-2018 починале 61.000 лице во САД, а биле заболени 45 милиони. Во 2011-2012 починале 12 илјади на 9 милиони и 300 илјади заболени од грип.

Од корона досега имаат починато 18,574 луѓе, а има само 416,546 потврдени случаи. Значи корона со 400 илјади заболени прави еднаква штета како обичниот грип со над 10 милиони заболени.

Па сега ти види дали е ова вирусче брадд хехех овие сакат дане затворат дома експерментират сонас xDD или нешто посериозно.
А како мислите се дошло до бројката од 45 милиони? Да не ги тестирале сите?

Не, тоа е само претпоставка. Се гледа бројот на починати и се множи со 1000.

Значи најважно е да се гледа АПСОЛУТНИОТ МОРТАЛИТЕТ. Колку луѓе умреле од белодробни инфекции. Ако е тој поголем од нормалата, тогаш имаме проблем.

Во Франција направија студија и најдоа дека апсолутниот морталитет не е поинаков од други години во овој период. Да не заборавиме, белодробни инфекции се најчести во зима, значи меѓу декември и март!
Автоматски споено мислење:

И моите се во поодминати години, и јас ги следам мерките како совесен граѓанин иако ми немаат никаква логика. Тоа што не пукаат емоции не значи дека треба да се исклучи мозокот. Поготово не тие што се на власт.
Живеете во некаква илузија дека вирусов ќе се сузбие со седењево дома. Разгледај го профилот на новозаболени и ќе видиш дека повеќето го фатиле на работа,по комшии, на лекар. Освен ако не планираш да воведеш некаква анархија и да седиме со пушки пред куќа овие контакти не можеш да ги прекинеш, и вирусот ќе циркулира долг период. Веројатно и доколку се тестира ко што треба, тој веќе и експоненцијално расте. Неизбежно дека кад тад голем дел од популацијата ќе го фати.

Жално е што ќе умрат луѓе, меѓутоа очекувам дека не сте деца и го знаете природниот тек на нештата. Умираат секој ден и многу помлади, во поголема бројка од други болести. Цел здравствен систем у Италија е колабриран зашто пробува да спаси пациенти со просечна возраст од 80 години. Да не сум у кожа на болните од милион други болести низ светот кој ќе го извлечат подолгиот крај дур светот е во локдаун.
Автоматски споено мислење:


Па убаво би било да се знае колку точно е страшен. Зашто во Германија бројките се како обична инфлуенца, во Италија се 10%. За вирус со 10% смртност би идел и во изолација на планина, ама за 0.2% нејкам да седи цела земја во домашен притвор една година.
Тоа е тоа. Јас сум во здравство и моментално сите други болести се ставени во втор ред. Не дај боже да имаш некоја хронична болест и да ти треба доктор.

Ако ова продолжи подолго, коронавирусот ќе биде најмалиот проблем. Ќе испоумираат луѓе од срце шеќер притисок и слични болести.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2020
Мислења
27
Поени од реакции
14
Еве малку позитивни вести, да не кобиме тука како стари баби:

Истражувачите во Мериленд УСА објавија дека коронавирусот најдобро се пренесува на температури меѓу 5-11оЦ. Со тоа се објаснува зошто вирусот се шири од исток кон запад, а не од север кон југ.

Воедно се очекува дека со зголемувањето на температурите, вирусната епидемија ќе стивне.

Кој сака нека чита https://papers.ssrn.com/sol3/papers.cfm?abstract_id=3550308
Доколку се ширеше југ-север или север-југ ке имаше смисла
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ком 8 сутринта во БГ има 2 нови случаи во БГ, со тоа стават 220 заразени.
Штабот посака министарот на здравеопазването да издаде заповед сите 380 болници во државата,без значение дали са приватни, државни или обштински да бидат готови да примат болни от корона вирус во наредните 3 дни. Во сека болница мора да биде создадена клиника за тоа,како втора стапка ако е потребно ке бидат трансформирани цели болници само за тоа. Трета и последна стапка може да биде jaвни обекти да бидат трансформирани во болници по примера на салите во областните градови, за кое тренира армиjaта со 15 000 кревета.

От днес МВР имат право да следат граганите со каантин през мобилните си апарати.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Jas sum od rizicnnata grupa,SEDI DOMA, ama sprotivno od toa samo za rucek doagav-sedev doma.
Poleka ke mora da se priviknam,oti loso bilo ova pa bideiki ne mozam doma poveke ke odam vo podrum,eve sansa da si go sredam malku i naredam.
So cudovo osetiv nekoj promeni vo grloto nesto miris kako zapalena prazna ploca na sporet,a bez temperatura i kaslanje.
I ova NAPRAVI SAM...kolku da ne me vratat od market ili apteka.Sega koga ke go vidat ova kompaniive ete sansa za najprodavan proizvod,
Слика6567[1].jpg ..... Слика6566[1].jpg
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
27
Поени од реакции
14
Бројката е гарант милиони бидејќи вирусот не го донесоа вчера од Кина туку неговото ширење е од почетокот на оваа година. Самата Меркел изјави дека очекуваат 60-70% од нивните граѓани да се заразат, тоа ти се 40-50 милиони луѓе само во Германија, што мислиш вирусот ќе чека години да ги зарази овие или веќе се заразени?

Нема никаде контрола и невозможно е да се постигне контрола, ниту во Германија ниту во Италија, затоа Шведска и Холандија од старт воопшто не се ни обидуваат, во овој момент има огромен наплив на лоши вести без дополнително прецизирање за претходните болести или аномалии кај починатите и имаш безпотребна и огромна паника. Познавам двајца кои го прележаа вирусов и дознаа дека го имаат откако без тестирани бидејќи биле во контакт со заразен а симптомите им беа омалаксаност и температура и апсолутно ништо друго. Во моментов 99% од заразените се вакви ама за нив нема ништо во ударни вести.

Се кладам пола форум да се тестира денес ќе биде позитивен или имун дека го прележал а не е свесен, покрај толку антибиотици пиење
"прележаа вирусов и дознаа дека го имаат откако без тестирани" Ова секако
придонесува да се намали стравот и паниката
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Двете клучни разлики на Коронава од обичен грип
Прва - има малце поагресивни симптоми што е нормално за нов вирус.
Втора грипот се шири 5 месеци и здравството може да се справи, корона ако не се контрочира може да збувне за 2 недели.
Е сега не е исто да лечиш 300 луѓе за две недели или 5 месеци. Или недај боже без никакви мерки 2-3к наеднаш.
Автоматски споено мислење:

Патем и во Италија истиов број да се заразеа за 5 месеци немаше ни приближно толку мртви да има.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.058
Поени од реакции
11.233
Вирусов спасил повеќе луѓе отколку што убил во Кина поради намаленото загадување

Универзитетот Станфорд тврди дека спасени се 20 пати повеќе луѓе отколку што умреле


Значи не се плашете од грип туку од увозни голф 4 без катализатор и ДПФ филтри
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Во редов што чека за Кам само јас сум со возраст <60
А ти кај идеш <18 :X3:
Автоматски споено мислење:

Вирусов спасил повеќе луѓе отколку што убил во Кина поради намаленото загадување

Универзитетот Станфорд тврди дека спасени се 20 пати повеќе луѓе отколку што умреле


Значи не се плашете од грип туку од увозни голф 4 без катализатор и ДПФ филтри
Кола на годината, изминативе 15 год.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Гледајте го видеото, не се фокусирајте на насловот.

Уште во пееток кога одеше интервјуто во живо го спомнав тука, после некој го беше и постирал целото видео и знаеш што е најинтересно, никој не го регистрираше човекот што збореше туку се продолжи со апокалиптични муабети на форумот, значи може да се утврди факт дека народот не само во оваа вукојебина туку во целата европа е дегенизиран до максимум, не слуша што зборат стручните лица туку се палат на медиуми што ке кажат со бомбастични наслови.

Исто така симптоматично ми беше и во Србија, каде што исто така докажан доктор се шалеше на сметка на вирусот, за да после три дена како што објасни и професорот на видеото под притисок на јавноста вртат плоча со председникот за 180 степени, што ми кажува дека одлуката е донесена под притисок на јавноста или пак биле влечени за уши од некои лобисти.

Иначе една интересна работа што ми се деси, 25 фебруар бев во кафана со едни ликови кои што пред да дојдат во кафана биле во контакт со лице кое што било заразено и е во карантин, информацијата ја добив во недела, враќам филм и после тој 25 фебруар јас се разболувам имам некоја температура и тоа е тоа за два дена ми проаѓа, исто така девојками после мене исти симптоми температура со чаеви и лимон се излечивме, човекот што беше со мене во кафана ми ја пренесе информацијата ми кажа дека истиот бил преладен со се жена и две деца мали, кои што се вратиле во нормала.
Дома живеам со 2 луѓе од по 62 години, истите немаа ништо другите 3 што беа со нас во кафана исто ништо не им се случи.
Е сега не велам дека е корона, туку муабет ми е дека уште пред да се дигне паника имаше некој вирус, можеби е грип, можеби е само обична прелада незнам, но исто така запознав и други луѓе што во период на фебруар имале настинки, меѓу кои и една трудница која што била со потешка прелада но и прошло и дома никој не закачил од неа.
Муабетото ми е дека премногу паника се дигна без потреба, а истото го имааше и во фебруар бар 20 луѓе сум запознал со прелада и се се одвиваше нормално без карантини, ванредни состојби и што ја знам.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Уште во пееток кога одеше интервјуто во живо го спомнав тука, после некој го беше и постирал целото видео и знаеш што е најинтересно, никој не го регистрираше човекот што збореше туку се продолжи со апокалиптични муабети на форумот, значи може да се утврди факт дека народот не само во оваа вукојебина туку во целата европа е дегенизиран до максимум, не слуша што зборат стручните лица туку се палат на медиуми што ке кажат со бомбастични наслови.
Реално, дали можеме сите сè да изгледаме? Дали сите линкови и видеа објавени тука сите мораме веднаш да ги отвориме, да ги изгледаме, исчитаме, и веднаш да дискутираме по повод видеото? Мене ми е тоа неизводливо, посебно кога се работи за видеа од 15 минути па нагоре ...

п.с. А за грип и настинки нормално дека ги има, колку членови овде кажаа дека имаат такви симптоми, а не е корона ... Или, сите прележавме корона од дома а не сме свесни за тоа? :D
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Реално, дали можеме сите сè да изгледаме? Дали сите линкови и видеа објавени тука сите мораме веднаш да ги отвориме, да ги изгледаме, исчитаме, и веднаш да дискутираме по повод видеото? Мене ми е тоа неизводливо, посебно кога се работи за видеа од 15 минути па нагоре ...

п.с. А за грип и настинки нормално дека ги има, колку членови овде кажаа дека имаат такви симптоми, а не е корона ... Или, сите прележавме корона од дома а не сме свесни за тоа? :D
Па тоа ми е и муабет, треба да гледате видеа од луѓе кои се занимаваат со проблемаатиката и се докажани во таа област, а не да читате наслови умре од корона 21 годишен фудбалер и толку, а истиот фудбалер имал и леукемија, исто така наслов умре познат Италијански архитект од корона, а доле по километарски текст се што изградил една полуреченица дека имал 92 години...
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Па тоа ми е и муабет, треба да гледате видеа од луѓе кои се занимаваат со проблемаатиката и се докажани во таа област, а не да читате наслови умре од корона 21 годишен фудбалер и толку, а истиот фудбалер имал и леукемија, исто така наслов умре познат Италијански архитект од корона, а доле по километарски текст се што изградил една полуреченица дека имал 92 години...
Па јас лично гледам видеа и читам статии, сама си ги наоѓам тие што ме интересираат, од експерти исто така на пример, муабетот ми беше дека не успевам да ги изгледам сите видеа што некој овде ги постира
 

Kajgana Shop

На врв Bottom