Иначе, каква катастрофа ќе биде ако ја усвојат меркава за минималец на цела администрација. Знам дека на најголем дел од нас таа администрација ни е болна тема, пренатрупана, партиски ботови што ништо не работат, ама во ваква сериозна криза, кога цените на секој производ идат нагоре, ти да ставиш 2-300000 луѓе, од кои најголем дел се сиромашни, на минимални 14500 месечно, е погубно. Па само за сметки одат по 6000-8000 денари месечно, а каде е храна, средства за хигиена и слично. Во нормална ситуација со 30000 едвај се прогурува месец, а не во ваква ситуација кога се е поскапо. Лесно му е на Зоки, Мицко и остала багра министри, пратеници, директорчиња, ради некоја лажна солидарност да ги намалат нивните плати, а сите имаат приватни бизниси со кои го осакатија народов, го доведоа на просјачки стап во задњиве 30 години. Ќе го помагале приватниот сектор. Кој прватен сектор бе, вашите фирми, приватизирани за џабе, во кои народот работи за минималец? И во ваква криза гледаат да ја покрадат државата. Сакаш мерки, ќе зимаш од олигарсите ко Минчо, Орце, Чифлиганец, Вице, Мукаетов и слични кој на маката на овој народ направија милијарди.