Толку беше. Имаа недела дена некоја лажна контрола над ситуацијата. Недисциплината игра исто така голема улога, али кога видоа уште пред некое време дека таа самоизолација не се почитува и дека се даваат лажни информации за тоа од каде доаѓаат, а тоа го имавме уште во првите случаи, требаше секој нареден што ќе стигне во земјава да иде во државен карантин, заедно се предходно стигнатите. Ова сега што се прави е многу закаснета мерка. Требаше и ние ко Србија, тупни ги у шатори на граница 15 дена, на леб, вода и паштета. На толку препораки да не се патува, на толку апели да не се враќаат ако имаат постојано живеалиште, знаејќи дека моменталоно и 3 месечната дозвола за престој е суспендирана, они решија да се варат и да не почитуваат ништо, па да го рашират вирусот на кој стигнат. Па уште господата лути, многу ги држеле на граница, не им се свиѓале условите. Све што е со бугарски пасош треба да си ги плати сите трошоци во државен карантин, а ако се позитивни на корона, да им биде понудено да одберат дали ќе се лекуваат во Бугарија и да ги истовари полиција н граница или ќе се лекуваат тука ама лекувањето да си го платат приватно, не на државна сметка.
Иначе, каква катастрофа ќе биде ако ја усвојат меркава за минималец на цела администрација. Знам дека на најголем дел од нас таа администрација ни е болна тема, пренатрупана, партиски ботови што ништо не работат, ама во ваква сериозна криза, кога цените на секој производ идат нагоре, ти да ставиш 2-300000 луѓе, од кои најголем дел се сиромашни, на минимални 14500 месечно, е погубно. Па само за сметки одат по 6000-8000 денари месечно, а каде е храна, средства за хигиена и слично. Во нормална ситуација со 30000 едвај се прогурува месец, а не во ваква ситуација кога се е поскапо. Лесно му е на Зоки, Мицко и остала багра министри, пратеници, директорчиња, ради некоја лажна солидарност да ги намалат нивните плати, а сите имаат приватни бизниси со кои го осакатија народов, го доведоа на просјачки стап во задњиве 30 години. Ќе го помагале приватниот сектор. Кој прватен сектор бе, вашите фирми, приватизирани за џабе, во кои народот работи за минималец? И во ваква криза гледаат да ја покрадат државата. Сакаш мерки, ќе зимаш од олигарсите ко Минчо, Орце, Чифлиганец, Вице, Мукаетов и слични кој на маката на овој народ направија милијарди.